Меден месец

Член од
28 април 2011
Мислења
270
Поени од реакции
95
Планирам на август месец да одам на меден месец, се двоумам дали во Турција или Грција,нешто сугестии кои се најдобрите места за меден месец,како се движат цените.
 

leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.641
Поени од реакции
38.562
Зависи колку буџет имаш. Од прилика сподели за двајца колку мислиш да потрошиш па да те советуваме нешто.
 
Член од
28 април 2011
Мислења
270
Поени од реакции
95
Од прилика 1200 евра имам на располагање
 

leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.641
Поени од реакции
38.562
Од прилика 1200 евра имам на располагање
Турција и Грција со жена ти сигурно ќе отидете годините што доаѓаат. Тоа е класичен одмор полн пансион, море и лежење.

Можеш за парите да си организираш 7 дена во Португалија имате летови сега евтини од Скопје. Најди конекции на нет. Лисабон како алтернатива.

Можеш да идеш Шпанија за тие пари. Можеш Палма де Мајорка ти е тој тип на одмор кој го планираш. Барселона ако планираш нешто поинаку баш како за меден месец. Исто евтина со конекции.

Италија ти е за тие пари прифаталива. Дали ќе одите јужно доле има евтини понуди. Дали Рим ќе го одберете како дестинација зависи од вкус како сте расположени.

Хрватска исто за парите можеш доста солиден одмор да истераш на Хвар. Можеш да си припуштиш хотели покрај приморје да уживаш во Јадран.

Муабетот ми е кога веќе можеш одбери нешто за кое имаш моментално пари да си припуштиш. Грција и Турција ти се на редовна база. Секако ќе одиш и следна година. Не вреди 1200е да ги дадеш на место каде секако ќе одиш и годините потоа.

Друго за буџетот и Август месец незнам што да ти препорачам.
 

Бавча

идол на младите
Член од
25 декември 2007
Мислења
11.621
Поени од реакции
10.889
Првиот меден месец никогаш не се заборава.
Така да би ти препорачал Малдиви.
И она е твоја до гроба.
Позз
 
Член од
26 март 2011
Мислења
659
Поени од реакции
667
Од прилика 1200 евра имам на располагање
Се сложувам со леандра, тие пари не вреди да ги дадеш за Грција или Турција, бидејќи секако ќе одиш таму. Одбери место за меден месец кое можеш сега да го посетиш а во иднина не би можел (поради деца, финансиски....и ред други причини).
Ние за меден месец бевме низ Европа. комбиниравме 4 летови директно од Скопје. Посетивме Милано, Барселона, Лорет, Бриж, Турне, Париз, Лил и за 14 дена потрошивме 1500 евра за двајца.

Еве предлог од мене разгледај ги Канарските острови како опција. Сега со ефтините карти лесно се врзува лет од Скопје.

Португалија исто ти е добра опција. Гледав некаде аранжман за Алгавре од 400 евра за човек со вклучен рент а кар, мислам дека тоа е добра понуда

За буџетот со кој располагаш мислам дека можеш да најдеш и аранжмани за Египет или Тунис, но искрено сега не знам колку е безбедно да се патува таму.
 

leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.641
Поени од реакции
38.562
Египет сега беа мои пријатели за Велигден некако во страв поминаа. Така да не би советувала на такви места каде шансите да ви се деси нешто се големи во моментот. Особено на едно место туристи, киднапирање парти.
 
Член од
1 јуни 2011
Мислења
25.909
Поени од реакции
41.872
Зависи каков меден месец сакате. Дали обичен летен одмор покрај море и плажа, планинско езеро или посета на неколку градови низ европа.

За меден месец кој ќе биде и летен одмор, за тие пари може во Хвар, Санторини, Палма де Мајорка, Лорет де Мар или на Сицилија.

Од градовите Лондон, Барселона, Комо, Интерлакен, Бриж, Луцерн, Берн, Париз, Прага, Виена, Краков, Осло, Фиренца, Рим, Амстердам, ....

Алгавре и Тенерифе со 1200 евра во август :vrtioci:
 
Член од
28 април 2011
Мислења
270
Поени од реакции
95
Од прилика како се движат цените за храна,пијалоци и ткн,во Канарските Острови или Палма де Мајорка
 

INDIJANEC123

Женкар, Илуватар
Член од
17 март 2014
Мислења
3.815
Поени од реакции
6.373
Дајте некој совет не на меден месец ама онака со девојката сакам да идам имам во план три дестинации Мајорка, Малта, Санторини.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom