ги има на Јутуб милион примери ....
овој последнив клип со дедово кога го гледав паднав у несвест од смеа
а има и некои кои се за почит ...
____________________________________
еве нешто шо најдов за вас Г-дине Ушевски ....
слична идеја имам видено на Јутуб ... да се надеваме дека вашава работи .. позз
Иноваторот Војо Ушевски
45 -годишниот Војо Ушевски создаде макета на својата машина која произведува струја без да користи било каков дериват, за свој погон ја користи само земјината гравитација. Ја презентираше на изложбата "Макинова" во Скопје. Мнозина посетители на штандот не веруваа дека такво нешто е можно. Го доби специјалното признание од меѓународното жири на изложбата. Изумот, кој беше изложен под името "Турбина за движење на течности и предмети по природен пат", ќе предизвика енергетска револуција во светот, вели Ушевски.
- Мојот "перпетуум мобиле" ќе му помогне на човештвото оти ќе биде достапен за секого и нема да биде скап. Верувам дека со него ќе влеземе во нова ера - вели тој.
Освен материјалот за изработка и водата, за машината не е потребно ништо друго. Гравитацијата врши се. Човек може само да седи и да гледа како на чист начин се создава струја, како се движат возила. Нема никакво загадување, а ако нешто се расипе, машината функционира така што може да се изврши поправка без таа да се запре, објаснува изумителот, кој е подготвен својот изум и ексклузивното право за производство на машината да и ги отстапи на државата.
http://ponekogas.blog.com.mk/node/223332