Мафини

Олимпија

Македонија во срцето!!!
Член од
26 март 2008
Мислења
5.624
Поени од реакции
9.146
Солени или благи за какви и да се одлучите да подготвите, нема да погрешите. Вистинско задоволство за секој период од денот :)

Чоколадни мафини

Потребни состојки:
- 270 гр. брашно
- 1 пециво
- 1/2 лажичка сода
- 200 гр. шеќер
- 2 кесички ванилин шеќер
- 100 гр. маргарин
- 2 јајца
- 150 мл. јогурт
- 5 лажици млеко
- 150 гр. чоколадо за готвење
- неколку лажички арома ванила

Подготовка:
Истопете го маргаринот и добро измешајте го со шеќерот, постепено додавајте ги јајцата, јогуртот и млекото. Мешајте се додека не добиете еднолична смеса. не мора да користите мискер, бидејќи е лесно. Помешајте го брашното со пецивото и содата, па додавајте со лажица во претходната смеса. Кога ќе се соединат убаво додајте го ситно сецканато чоколадо за готвење и ванила аромата. Хартиените корпички ставете ги во калапите за мафини и полнете ги 2/3 затоа што ќе нараснат при печење. Од оваа смеса се добиваат 24 мафини.
Се печат 15-20 минути во претходно загреана рерна на температура од 190 степени.


Чоко лешник

Потребни состојки:
- 2 jajца
- 170 гр. шеќер
- 1 ванилин шеќер
- рендана кора од пола лимон
- 130 гр. брашно
- 1 пециво
- 140 мл. млеко
- 75 мл. зејтин
- 1 лажица какао
- 50 гр. мелени лешници

Подготовка:
Јајцата заедно со шеќерот и ванилиниот шеќер се матат убаво. Се додава прво млекото, па кората од лимон. Брашното заедно со пецивото и какаото се мешаат и се додаваат лажица по лажица во смесата за матење. Се додава зејтинот и лешниците и се продолжува со матење додека се добие хомогена смеса.
Хартиените корпички ставете ги во калапите и полнете ги 2/3. Излегуваат 16 мафини.
Се печат 15 минути во претходно загреана рерна на 180 степени.

Пита мафини

Потребни состојки:
- 300 гр. сирење
- 1/2 л. кисела вода
- 5 јајца
- 1 пециво
- 1 шоља за кафе зејтин
- 500 гр. кори
- сол и ким

Подготовка:Во длабок ставете го сирењето и издробете го со вилушка. Додадете ги јајцата и посолете. Смесата измешајте ја и додете ја киселата вода, зејтинот и пецивото. Корите како што се свиткани во форма на ролат, сечете ги на кругови со дебелина од 1 cm. Потоа протресете ги исечените кори и ставете ги во садот со смесата, постојано мешајки додека не добиете еднолична смеса.
Калапите за мафини намрсете ги со зејтин и полнете ги. Одозгора ставете малку ким/сусам и печете во загреана рерна на температура од 220 ° C, 30 минути.

Солени

Потребни состојки:
- 3 јајца
- 200 мл. јогурт
- 100.мл зејтин
- 1 пециво
- 15 лажици брашно
- 1 лажичка сол
- 100 гр. саламче по желба
- 100 гр. сирење
- малку сецкани печурки

Подготовка:
Изматете ги белките посебно во цврст снег, па додајте ги жолчките. Потоа ставете ги останатите состојки и мешајте со лажица додека да се соедини смесата. Хартиените корпички ставете ги во калапите за мафини и полнете ги. Излегуваат 12 мафини.
Се печат во претходно загреана рерна 15 минути на температура од 180 степени.


Колку сте вие љубители на мафини? Ги подготвувате ли дома? Какви мафини повеќе сакате, солени или благи? Некој рецепт? :D
 

Darklady

Модераторка
Член од
29 октомври 2011
Мислења
5.658
Поени од реакции
35.294
Солени мафини

Потребни состојки:
- 2 јајца
- 250гр. палента
- 250гр. брашно
- прашок за пециво
- 250мл. јогурт
- 1 филџан масло
- 250мл, кисела вода
- 150гр. сирење
- 150гр.шунка
-150гр.сланина

Се матат јајцата и се додаваат по ред, палентата, брашното, прашокот за пециво, јогурт, масло и киселата вода. Се матат додека не се соединат убаво. Плехот за мафините се подмачкува и смесата се распоредува.
Сирењето, шунката и сланината се течат на тенки коцки и во секој мафин се ставаат и со нож се промешува малку за да се распоредат рамномерно. Се ставаат во загреана рерна на 250 степени околу 5 минути, после на 150 степени уште 12-тина минутки.

Брзи и вкусни мафини:pipi:

мафини.jpg
 

Windfucker

Телемит, Темплар, Масон, Сциентолог во целибат
Член од
30 април 2010
Мислења
8.459
Поени од реакции
15.326
Солениве изгледаат убаво, ќе ги пробам некогаш да ги направам. Од благиве имам пробано во Старбакс, штојазнам не ми се нешто посебно убави.
 
A

AnFem

Гостин
Обожавам мафини. Само експериментирам по дома, со спанаќ и сирење, пица, со пудинг од ванила внатре, со чоколаден крем, со мармалад, слични како овие горе... Милион комбинации.
 

Олимпија

Македонија во срцето!!!
Член од
26 март 2008
Мислења
5.624
Поени од реакции
9.146
Солениве изгледаат убаво, ќе ги пробам некогаш да ги направам. Од благиве имам пробано во Старбакс, штојазнам не ми се нешто посебно убави.
Ako не си по готвењето, пробај ги на Винчини


уште ако имаш сладолед дома, моеш да ги стаиш у микро да се стоплат па ко ќе ги извадиш стај една топка сладолед до нив, ете ти топло-ладно :D
 

Violent Femme

I am as lovely as a dream in stone..
Член од
27 мај 2011
Мислења
725
Поени од реакции
525
Мафини со пченкарно брашно и спанаќ

потребно:

- 6 јајца
- 1 лаж. сол
- 300мл. јогурт
- 100мл. масло
- 150гр. пченкарно брашно
- 250 гр. обично брашно
- 600гр. спанаќ

Спанаќот се сецка ситно.Се матат јајцата и солта потоа се додаваат маслото,јогуртот, двата вида брашно и на крај се додава спанаќот.Смесата се става во калапите за мафини и се пече 20-25мин. на 200 степени.

Пица мафини

потребно:

- 3 јајца
- 200мл. јогурт
- 100мл. масло
- 220 гр. брашно
- 1 лаж. сол
- 1 мала лажица оригано
- 50гр. рендан кашкавал
- 50гр. сецкана салама
- 1 лажица кечап
- 1 пециво

Прво убаво се матат јајцата потоа се додаваат јогуртот и маслото.Брашното,ориганото,солта и пецивото и мешаме и ги додаваме во смесата со јајца и мешаме со лажица.
Потоа ги додаваме и кашкавалот,саламата и кечапот и смесата ја ставаме во калапи за мафини и печеме 15 до 20мин. на 250 степени.
 
P

PewDiePie

Гостин
Уф колку не можам солени мафнс :sick:

Се знае,мафнс треба да се благи.
 

Seniorita

џм..
Член од
11 април 2011
Мислења
1.344
Поени од реакции
681
I tried, I failed .. 2 пати по ред :D ( првиот пат кашести, вториот тврди )

до трета мајка може? :P
 

Олимпија

Македонија во срцето!!!
Член од
26 март 2008
Мислења
5.624
Поени од реакции
9.146
I tried, I failed .. 2 пати по ред :D ( првиот пат кашести, вториот тврди )

до трета мајка може? :P
Oд трета напрај ги у силиконски калапи ;)
Веќе ги има во секое продавниче за домаќинство и евтини се, a доста практични :D
 
Член од
12 мај 2009
Мислења
5.832
Поени од реакции
2.924
колку се убави како ми се пријаде до Величенствената ќе те земам за сопруга :D
 

The countess

Аристократка
Член од
2 јуни 2012
Мислења
145
Поени од реакции
82
Јаболков штројзел мафин-my favorite:)


Eдитиран пост од модератор - промена на боја на букви.
 

CafeDelMar

Luminance
Член од
29 октомври 2007
Мислења
6.505
Поени од реакции
14.691
Уште една верзија на Пица мафини.

Состојки:

1 чаша брашно ( 250 грама)
1 чаша млеко ( мерката е со истата чаша од брашното)
1 јајце
1 пециво
1 лажица оригано
3 лажици кечап ( може количината да варира)
100 грама кашкавал ( по можност солен)
100 грама сувомесно
сол

Подготовка:

Фурната се загрева на 200 степени.

Во сад се става брашното, млекото, пецивото, ориганото, кечапот и јајцето. Се заедно се меша и се остава неколку минути да постои додека се исецка кашкавалот и сувомесното, после се додаваат и повторно убаво се меша. Во намрсените калапи се истура смесата и се пече околу 20 -25 минути.
Излегуваат 12 мафини и се преубаво меки.
 

AlternativeF

госпожата од втори
Член од
1 мај 2006
Мислења
4.830
Поени од реакции
7.575
Уште една верзија на Пица мафини.
Ги направив сабајлево, многу се вкусни, супер е рецептот! (Иако формата малце ми излезе како "прслук Вера" :icon_lol:)
 

Kajgana Shop

На врв Bottom