Абе нема ли овде некој свесен да го банира овој рекламерот.
Рекламира факултет високо образовна институција што всушност не е тоа. Бидејќи не е академска и не добиваш степен bachelor кога ќе завршиш, а тоа никаде не е наведено.
Ги подведува децата, лугето што предаваат таму НЕМАТ академски звања и титули, то ест предаваат бизнисмени. И крсти си ја школата КУРСОВИ или РАБОТНИЧКИ УНИВЕРЗИТЕТ!
Толку си очаен што никој не доаѓа кај вас па дури и на форуми рекламираш и разни погодности предлагаш. Македонијо кај отиде!
Дечко... не бладај...
1. (Прва) Приватна самостојна
ВИСОКА стручна школа во Македонија. Акредитирана од Одборот за акредитација на високото образование во РМ. (сл.12, од 27.05.2007).
BACHELOR ниво. Дипломата гласи
ДИПЛОМИРАН ОПЕРАТИВЕН МЕНАЏЕР - единствена диплома од својот вид во Македонија.
Имаме и пост-дипломски студии - MBA - специјалист за компаниска стратегија. - штотуку добиена акредитација.
Значи: Академска е, професионална и
тоа е уредно наведено, како на нашиот сајт, така и на сајтот на Министерство за образование!
2. На само еден клик си од
www.bas.edu.mk каде ги имаш сите предавачи (со нивните звања), како и
рефератите за избор на истите со нивните CV-ја + мислењата на рецензентите. Пробај да најдеш друга
високообразовна институција во земјата што е до овој степен транспарентна.
Значи: Јасно е наведено, ама треба да имаш грам-два мозок и малку трпение (во милисекунди) за да дојдеш до информацијата.
3.
Бројка не ни недостига (лани почнавме со работа и успеавме во првата година на студии да ја пополниме целата квота - најди друг пример ваков во земјава), ама интелигентни и интересни дечки и девојки секогаш можам да примам отповеќе.
Тоа што одбирам алтернативни начини за да си го промовирам бизнисот би требало да ти каже дека сум проактивен и поинаков од бизнисмените-газди на приватните високообразовни институции кои своите потфати ги водат како комерцијални фирми.
Значи:
а. прво, благодарам за можноста да се дорекламирам
б. пред да кажеш/напишеш нешто провери се, за да не те посрамотуваат овака на секој пасус што си го пишал
в. научи што е форум и што се е дозволено и недозволено
г. научи да ги канализираш фрустрациите на поконструктивен начин за да имаш попријатен, поисполнет и посреќен живот.
д. ако ти фали нешто во животот - барај го тоа - не мрчи за ствари што ти се вон поле на интерес, пошто така џабе губиш вредна енергија и си таложиш негативна
Пријатен работен ден
(1) И ти си ми некој сопственик на "академија", со вулгарен речник и јас од тебе ќе научам на менаџерска етика
Каква академија туго моја. Во Македонија твоето школо се вика РАБОТНИЧКИ УНИВЕРЗИТЕТ. (2) Во академија се учи уметност а не бизнис. И колку и во звањето да пишувате Дипломиран, не си дипломиран, (3) наскоро во МК според Евро директивите ќе се промени и ќе стои КУРС. А дипломиран е синоним за бечелор.
Најопшто (4) за МК услови некој да се запише на менаџмент треба да е сопственик на поголема фирма, инаку сите други се зезнале.
1. Не си факултетско образован, немаш академско дегрии.
2. Никој нема да те земе на работа без академик дегри.
3. Во странство нема да сакат ни да чујат за вас, за тоа што вакви чуда, факултет ама не е факултет, не постојат.
На факултет се учи наука и професија, то ест применета наука. А на академија се учи уметност, респективно музичка, ликовна и драмска. Не е идејата да од факс да излезеш со теории туку со вештини. А идејата на вашиот работнички е да им ги земете парите и времето на луѓето и да им го упропастите животот. Кој ќе ти вработи неакадемски човек за менаџер на фирма, раководител, освен татко ти, никој друг.
Деца, внимавајте!
Леле колку си у аут со тврдењата:
1. Вулгарноста, како и сите други јазични форми е и алатка за пренесување ставови. Ако некој си дозволува да биде вулгарен - не значи и дека е прост.
2. На академија, дечко невнимателен, се учи професија. Оди потпрочитај малку и не лај (види: потпис подолу). Сигурно сметаш дека и полицајците се уметници (по твојава аналогија). Академија е место каде се учи професија - занает.
3. Се гледа и колку се разбираш од високо образование, чим го тврдиш тоа со курсЕвите.
Повеќе од 60% од високото образование на запад се високи стручни школи како нашата. Тоа што кај нас има еден куп ВСШ маскирани во факултети е помодарство и суетност на основачите кои мислат дека ако го крстат факултет луѓето ќе се напалат повеќе. Дипломата на БАС е од I циклус по Болоња -
Дипломиран оперативен менаџер (Бечелор) - провери на МОН. Имаме и втор циклус, само не сум сигурен дали тоа нешто ти значи.
4. Колку неинформирано тврдење... едноставно не можам да
почнам да објаснувам... погоре го имаш, ама изглеа те мрзи да читаш.
На факултет се учи наука - на ВСШ се учи професија. Замараш ептен.
Идејата е од факс да излезеш со теории и концепти.
Идејата е од академија (Висока стручна школа) да излезеш со вештини.
Забележи разликата, провери ја, па биди чоек - дојди и извини се. Ќе те разберам.Незнам откаде оволку негативна енергија во постовите, али шта је ту је - ќе се објаснуваме!
Поздрав уште еден.