Материјалисти

*princess*

..SiMpLy GorGeOuS..
Член од
17 февруари 2008
Мислења
747
Поени од реакции
21
Што со таквите луѓе? Мислите ли дека е оправдано да го бираме друштвото според богатството..Или пак да не бидеме со некоја личност само заради тоа што не е како што би рекле на 'исто социјално ниво'....Сум запознала такви луѓе,,кои можеби не ги потценуваат другите,,но едноставно ги оценуваат луѓето според нивниот изглед..
Или пак,,тоа можат да бидат и луѓе на кои едноставно парите им се најважното нешто во животот..ако ги немаат нив ќе бидат несреќни.. Навистина,,парите се потребни за живот,,но не е убаво кога ќе преминат во нечија опсесија...
Имате ли предрасуди спрема таквите????..
Познавате ли такви,, ви пречи ли нивниот став,, како се однесувате спрема нив,, мислите ли дека можат да се сменат.?????.. Можеби имате некој личен пример? Туѓи искуства?....

Сепак сите сме само луѓе и не треба да градиме разлики помеѓу нас...
 

bella

*HOT*
Член од
8 јуни 2008
Мислења
407
Поени од реакции
27
Па ја знам личности кои се многу богати,али не се расфрлуваат со пари,а уште помалку да ги потценуваат другите или да ги бираат спорет облеката и социјалниот статус!Едноставно ми кажале,дека не сакаат да покажат дека имаат многу пари,од страв да не луѓето се со нив само ради тоа,а и во право се,зш кога ке дознаат некои дека си ти НЕКОЈ,ти се упикуваат,сакаат да се зближат со тебе!
Од друга страна има друг тип на богаташи,кои едноставно уживаат во својот статус и во мокта на парите!На секој чекор го покажуваат своето снобовско оденесување,својата надменост и сите што не се од ,,НИВНИОТ СЛОЈ,,ги гледаат со презир и одозгора!Овој тип на луѓе мислат дека со пари се се купува!Познавам личности кои се би дале да си фатат дечко/женска кои се богати-ЗА ДА ЖИВЕЕЛЕ ЦАРСКИ!-едноставно им е најважно луѓето да имаат пари,мок,за да бидат со нив,МАТРИЈАЛНОТО ИМ Е НАЈБИТНО
 
Член од
1 јули 2008
Мислења
741
Поени од реакции
76
Материјалисти - Тие ми се најодвратни луѓе, значи како можат да ги проценуваат луѓето според нивните сметки во банка?! А голема штета е што денеска таквите луѓе многу ги има....баш штета :toe:
 
Член од
21 ноември 2008
Мислења
1.157
Поени од реакции
18
Таа категорија на луѓе се повеѓе се зголемува на денесно време,се повеке луѓето се ценети во општеството врз основа на нивните сметки во банка,и затоа насево општество е вакво какво што е,скоро никој повеке не гледа колку и дали луѓето се внатресно богати,многу ги мразам тие луѓе..тие не знаат сто се вистински лугје
 
M

marsovka

Гостин
марсовче баш се прашува тие луѓе кои се материјалисти кои трупаат пари и жртвувааат се за нив кога ќе умрат кај ќе отидат тие пари кај нивната трофеј жена/маж?или у гробот ги носат ?(баш се прашувам како тоа го прават)
Марсовче мисли дека тие се луѓе кои мајка им доволно не ги сакала и не им покажала љубов па затоа се вакви....смешни
 

BiG_kIsS

You talk too much... Let me shut you up
Член од
4 септември 2007
Мислења
3.414
Поени од реакции
2.923
Не ги оправдувам тие што ги оценуваат другите според тоа што носат и тоа страшно многу ме нервира... Во школо ги имам на кило... И да, некои дури и ги потценуваат другите, за жал... Од тие бегам подалеку....
А оние на кои им се парите најбитни... Знам неколку такви... Сум се дружела со нив, кога сум имала, сум им давала, не ми пречело... Можеби за момент сум ги направила среќни (иако тоа НЕ е среќа, они само така мислат)... И после некое време ќе си најдат друштво кое им дава повеќе и те откачуваат тебе и идат кај нив додека и они не сфатат какви се, а они за тоа време си наоѓаат пак ново друштво и така натака... Си се снаоѓаат :) Не дека тоа е лошо, ама за тоа време да нашле работа ќе заработеле многу повеќе (ама ај да не забегуваме)... И да, можат да се сменат... Ама не сакаат... Се' додека наоѓаат некои кои ќе им ги исполнува желбите им е супер, ги добиваат за ништо нели, полесно неможе да биде... Ама кога ќе останат сами, ќе бидат приморани...
Предрасуди немам... Некои и покрај тоа што се материјалисти можат да бидат многу фини луѓе и пријатни за дружба... Има многу различни...
 

Zemzela

носител на титулата ултимативен клабер
Член од
19 јули 2006
Мислења
5.045
Поени од реакции
152
Познавам такви и некако тапа ми се :tapp: се гледаат низ призмата на парите и занемаруваат се друго...едноставно не се дружам со такви луѓе :toe:
 

Crazy in Love

Here's looking at you kid.
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.859
Поени од реакции
25.413
Значи колку не се замарам. Јас бре гледам во својот двор, не ѕиркам во туѓиот, што ми е гајле кој колку пари има. Боже значи...Битна е човечноста кај човекот, битно е кој е човекот и каков е неговиот карактер.

А ако некој проценува каков материјален статус имам за да се дружи со мене, тогаш да му се плукнам на другарството и дружењето. Такви фејк другарства не ми се потребни.
 
M

MIL

Гостин
Luge materijalisti mnogu me nerviraaat no isto taka me nerviraat i luge so kazuvaat deka ne sakaat takvi luge a se druzat so luge sto se od nivna klasa sepak ima podelba a se pravat kako toa da ne im znaci
 

`Jomero

Jomi =)
Член од
26 февруари 2007
Мислења
241
Поени од реакции
8
Luge materijalisti mnogu me nerviraaat no isto taka me nerviraat i luge so kazuvaat deka ne sakaat takvi luge a se druzat so luge sto se od nivna klasa sepak ima podelba a se pravat kako toa da ne im znaci

Потполно се согласувам со твоево мислење..какви лицемери се луѓево брее просто не можам да се начудам какви не луѓе постојат..ги делат луѓето а кажуваат дека не е ги делат... познавам многу такви и сум имал и другари на кои им сметало кога ќе земам некое недотерано другарче со мене и ќе го гледаат со подсмев па после ќе ми речат шо си го зел овај со тебе видиго каков е на чоек не личи и ред други работи да не должам најчесто средношколците и основците го прават ова кога угледот и парите му се пред се..
 
Член од
11 декември 2007
Мислења
116
Поени од реакции
2
Мислам дека темава треба да се прошири малце бидејќи не се само материјалисти луѓето што бираат друштво според пари или само младата генерација. Еве за пример моите родители се материјалисти. Татко ми е таков цинцар ако треба ке отиде од еден крај на градот до друг за да заштеди 100 ден, а не е дека не може да си дозволи. Или мајка ми, која сите убави работи ги трга на страна и ги чува како да се светиот грал. Изгледа они се материјалисти у постара фаза на животот :).
 
G

GoddessOfRock

Гостин
Воопшто не се замарам со нив, ниту пак со они другите- какви си се, такви се. Јас нема да ги сменам. Или Пак јас сум била онаква, јас сум била таква- едноставно што сакат нека си равам, не ги ставам на ум
 
Член од
24 септември 2008
Мислења
450
Поени од реакции
14
Jas poznavam i luge koi imaat, ne se sramat da kazat deka imaat, a sepak se odnesuvaat normalno so site ostanati i ne gi procenuvaat lugeto po statusot tuku po covecnosta vo niv. A takvite snobovi koi za zal gi ima mnogu ne se ni vredni za muabet.
 
Член од
3 декември 2007
Мислења
3.718
Поени од реакции
772
Што со таквите луѓе? Мислите ли дека е оправдано да го бираме друштвото според богатството..Или пак да не бидеме со некоја личност само заради тоа што не е како што би рекле на 'исто социјално ниво'....Сум запознала такви луѓе,,кои можеби не ги потценуваатдругите,,но едноставно ги оценуваат луѓето според нивниот изглед..
Или пак,,тоа можат да бидат и луѓе на кои едноставно парите им се најважното нешто во животот..ако ги немаат нив ќе бидат несреќни.. Навистина,,парите се потребни за живот,,но не е убаво кога ќе преминат во нечија опсесија...
Имате ли предрасуди спрема таквите????..
Познавате ли такви,, ви пречи ли нивниот став,, како се однесувате спрема нив,, мислите ли дека можат да се сменат.?????.. Можеби имате некој личен пример? Туѓи искуства?....

Сепак сите сме само луѓе и не треба да градиме разлики помеѓу нас...
Тоа "непотценување", е дефинитивно потценување, не може да се суди за некој, доколку немаме изградено било каква слика за него.
Познавам такви, не мислам дека се среќни, мислам дека еден ден оганот во каминот ќе си го палат со пари, но сами... Ќе нема кој да се топли до него, заедно со нив. Другарството, од секогаш ме учеа, дека се базира на особености кои човек ги има. Парите не беа дел од тие особености. Имам другарки кои крпат за леб, како и онакви кои имаат пари за извоз. И знаете што? Мајката на другарката од вториот вид, е во затвор. Од тој пуст материјализам, преведено на нашки, од затајување данок. Оние кои не можат да се спуштат на земја, оние кои не почувствувале како е да се нема, тие никогаш нема ни да го ценат она кое го имаат. Леб-колку тоа гордо звучи!
 

Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.498
Јас моите другари не си ги делам по нивните надворешни особини, раса, религија и ред други работи кои се неважни од страна на пријателството.
Не ми е гајле дали некој/а имала 50.000 месечен приход дома, не ми е гајле ни дали нема леб да јаде, мене ми е важно да делиме позитивно мислење меѓусебно, да нема дејствија зад грб и да се согласуваме. Најмалку важно ми е дали луѓето кои ми се најдобри пријатели, па дури и момчиња дали возат Мерцедес или 57-ца или па дали се за Грујо наместо за Бранко. Воопшто не ми е важно, затоа што не ги делам луѓето според таа класификација.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom