Математичка мистерија

  • Креатор на темата Креатор на темата acetetovo
  • Време на започнување Време на започнување
Да се најде најмалио број

Кога го делеш со 2 остатоко е 1
кога го делеш со 3 остатоко е 2
кога го делеш со 4 остатоко е 3
кога го делеш со 5 остатоко е 4
кога го делеш со 6 остатоко е 5
кога го делеш со 7 остатоко е 6
кога го делеш со 8 остатоко е 7
кога го делеш со 9 остатоко е 8
кога го делеш со 10 остатоко е 9
 
Најдов НЗС на 2,3,4,5,6,7,8,9,10 тоа е 2520. Одземав 1 за да биде остатокот 1-9 соодветно => бројот е 2519
Машина си.. и јас така ја реших...
--- надополнето: 3 ноември 2012 во 09:48 ---
@Смрт за зони и пајак воз разбуди ми ја дамнешната слабост и желба за решавајне интересни задачи. (y)(y)(y)
 
На тикетот за спортска прогноза има 13 средби. Колку колони треба да се пополнат за да се има 13 точни погодоци, ако:
а) сигурно се знаат резултатите на 6 средби
б) сигурно се знае дека 5 средби нема да бидат нерешени
 
На тикетот за спортска прогноза има 13 средби. Колку колони треба да се пополнат за да се има 13 точни погодоци, ако:
а) сигурно се знаат резултатите на 6 средби
б) сигурно се знае дека 5 средби нема да бидат нерешени

2^5 (5 средби кои ќе бидат 1 или 2) x 3^2 (2 средби со сите три можности) x 1 (6 сигурни) = 288
 
Нешто интересно за трицифрените броеви деливи со 37:
3 *37 = 111 e најмал трицифрен број делив со 37
27 * 37 = 999 е најголем трицифрен број делив со 37
Погледнете го бројот 851 = 23 * 37
Ако се извршат циклични пермутации на цифрите ( задржувајќи го редоследот на цифрите ) ќе се добијат три пермутации и сите се деливи со 37
851 = 23 * 37
518 = 14 * 37
185 = 5 * 37
или на пример:
629 = 17 * 37
296 = 8 * 37
962 = 26 * 37

Дали ова важи за сите трицифрени броеви деливи со 37?
Како го објаснувате ова?
 
Слушао га Краљевићу Марко,
Па сам собом он се разговара:
Бидејќи сите молчите за бројот 37, морам јас сам со себе да да си разговарам
Бројот 37 има една особина да 3 * 37 = 111. Што значи, трицифрените броевите со исти цифри се деливи со 37. Тоа се броевите 111; 222; 333, 444, 555, 666, 777, 888. 999.
Помеѓу секој од овие броеви има уште два броја деливи со 37. Тие броеви се поголеми за 37 0дносно за 2*37=74 од бројот со еднакви цифри.Што значи во секоја стотка има по уште два броја - значи уште 18 броја. Погледнете ги броевите после бројот 111:



111 + 37 = 148
111 + 74 = 185
подледнете сега, за бројот 111 + 37 = 148
444 + 37 = 481
777 + 37 = 814
а погледнете за другиот број 111 + 74 = 185
444 + 74 = 518
777 + 74 = 851

Ако ги разгледаме броевите поголеми од 222
222 + 37 = 259
222 + 74 = 296
Аналогно очекуваме дека со циклични пермутации, од овие броеви ќе произлезат броеви поголеми броевите 555 и 888
и стварно
555 + 37 = 592
555 + 74 = 629
888 + 37 = 925
888 + 74 = 962
Што значи „ тајната “ на ова особина на бројот 37 е што 3 * 37 = 111

Ајде сега да преминеме на некоја интересна задача...Ваш е редот да поставите нова задача
 
Ајде сега да преминеме на некоја интересна задача...Ваш е редот да поставите нова задача

Еден човек си го заборавил кодот за отворање на куферот. За среќа ги запаметил следниве правила што важат за броевите од комбинацијата:
  • Сумата на петтиот и третиот број е 14.
  • Првиот број е за еден помал од двојната вредност на вториот број
  • Четвртиот број е за еден поголем од вториот број
  • Сумата на вториот и третиот број е 10.
  • Сумата на сите пет броја е 30.
Помогнете му да го најде бројот.
 
Ај уште една.

Имаме непознат петоцифрен број. Ако ставиме единица пред него ќе добиеме број кој е три пати помал од бројот што е добиен со ставање на единица зад него. Које петоцифрениот број?

ПС. Дај поставете задача, па и јас да се помачам.
 
42857 :icon_mrgr::icon_mrgr::icon_mrgr::icon_mrgr:
--- надополнето: 7 ноември 2012 во 21:58 ---
Чекај, сега јас ќе пробам да најдам некоја...
 
Браво за исте на темава...поштено си ја исчитав цела и можам само да ви кажам браво...каква штета шо мозокот ми е насочен кон општествеи науки...буквално ме фасциниравте...
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom