Математичка мистерија

  • Креатор на темата Креатор на темата acetetovo
  • Време на започнување Време на започнување
Ајде давај друга, дур сме загреани.
Еве една задача које е идентична и слична на една задача која ти претходно ја постави:
3 : 3 + 3 + 3 = 7
33 - 3*3 = 24
333 - 3 = 330
33 * 33 = 1089
кој најголем број може да се добие со употреба на четири тројки со користење на основните четири операции
Ова е такмичење, кој најде најголем број е победник
 
Него:

ако ја земете разликата од годината во која е роден Исус и годината кога воскреснал ќе ги добиете годините на таткото на дете чии години се разлика од годините кога умрел татко му и годините на независното постоење на Македонија како самостојна држава.
Колку години имало детето, како се викало и како се викал татко му.

Никој не знае?
 
Еве една задача које е идентична и слична на една задача која ти претходно ја постави:
3 : 3 + 3 + 3 = 7
33 - 3*3 = 24
333 - 3 = 330
33 * 33 = 1089
кој најголем број може да се добие со употреба на четири тројки со користење на основните четири операции
Ова е такмичење, кој најде најголем број е победник
3333 и (333)3 333 на трета. (и двете не са по правилата) :)
 
3 на степен 3 на степен 3 на степен 3 е најголем, само не знам дали е според правилата.
И јас помислих на тава, после коа го постнах 333 на трета....Ама знам оти не е по правилата...

Реално не знам дали има поголем од 33*33.

А сите ли операции треба да се искористат? Или ниедна?
 
И јас помислих на тава, после коа го постнах 333 на трета....Ама знам оти не е по правилата...

Реално не знам дали има поголем од 33*33.

А сите ли операции треба да се искористат? Или ниедна?
Ама ако разбрав добро сите 4 операции треба да се искористат.
 
3333 е најголем без употреба на никаква операција:icon_lol:
33 на степен 33 ќе беше најголем али бидејќи се дозволени само основни операции сепак од 33*33=1089 нема поголем број.
 
3 на степен 3 на степен 3 на степен 3 е поголем, исто и 3333! (3333факториел)

3 на степен 3 на степен 3 на степен 3 = 3 на степен 27

Како е тоа поголемо од 33 на степен 33 кога и во основа и во степен има помали броеви?

Иначе 3*3/(3-3) е најголем= бесконечност :vozbud:

Ако веќе користиме степени и факториели тогаш мојот фаворит е 33! на степен 33!
 
3^3^3^3
3 на 3та = 27
27 на 3та = 19683
19683 на 3та = 7625597484987
7625597484987 на 3та = .....

И со факториел се добива многу голем број...но вели, со основните 4 операции
 
3^3^3^3
3 на 3та = 27
27 на 3та = 19683
19683 на 3та = 7625597484987
7625597484987 на 3та = .....

И со факториел се добива многу голем број...но вели, со основните 4 операции

Мајсторе до болдираново сметај. 3 пати степенуваме. Кога имаш степен на степен, само ги множиш степените меѓу себе а основата ја оставаш иста.
--- надополнето: 13 октомври 2012 во 16:57 ---
Тоа е решението, поголемо нема да најдеме :). А што се случува со (3-3)/(3-3) те 0/0? Дали е 0 или бесконечност?

Малце шкакљиво пршање. Не знам кое добива предност, дали нулата во именител или броител. Во равенство со непозната, легитимно е ( х-3)/(х-3) на пример да го замениш со 1 иако на крај може да испадне х=3.
Мислам и дека lim(x-->3) (x-3)/(x-3) добива вредност 1, меѓутоа не сум сигурен, одамна немам работено со гранични вредности и не се сеќавам баш на правилата.
 
Мајсторе до болдираново сметај. 3 пати степенуваме. Кога имаш степен на степен, само ги множиш степените меѓу себе а основата ја оставаш иста.

Се занесов, ја изоставив првата тројка :D
Точно, 3 на 27ма е тоа, и резултатот е ист (7625597484987)...
^ така напишав мислејќи дека ќе биде појасно :)

Но џабе дискутираме за ова...степенувањето не е во 4те основни операции :)
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom