Математичка мистерија

Dani

1 + 1 = 10
Член од
22 јуни 2010
Мислења
24.648
Поени од реакции
59.543
Оддамна не сум пишал во темава. :)
Еве една полесна задача од мене...

Колку различни сигнали од по 12 знамиња наредени во линија можат да бидат
направени,ако има по 4 знамиња во три различни бои.
(внимавајте што ќе користите за решавање на задачава)
 
Z

zmej gorjanin

Гостин

12!/(4!*4!*4!) или 34650?
 
Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.544
Едно мое Комшивче ме замоли да постирам задача која може ученик во нижите одделенија да ја реши.
Оваа задачата за возрасните представува предизвик брзо да се реши - затоа објаснете како сте ја решиле
Еве како гласи:

Во 5 кутии има вкупно 200 топчиња
Математички напишано

I + II + III + IV + V = 200

Познато е колку топчиња имаат по две кутии заедно и тоа:

I + II = 104
II + III = 86
III + IV = 68
IV + V = 60

Колку топчиња има во секоја кутија?
 
kooperativa

Г-ин Пола Милениум
Член од
2 октомври 2012
Мислења
7.633
Поени од реакции
8.601
прво најлесно ми е да одредам за 5-та кутија. 1+2+3+4=172, односно 200-172=28
од таму, 4+5=60, односно 60-28=32
5 кутија=28
4кутија=32
понатаму лесно, 3+4=68, односно 36 за 3кутија
2кутија е 86-36=50
и 1 кутија 54
54+50+36+32+28=200
 
Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.544
Eве нешто што не е за ученици од нижите оделенија
Се работи за духовита презентација дека 1 + 1 = 2
http://www.filedropper.com/elegancijastruke3

Линк со сликите од презентацијата :)
https://www.dropbox.com/s/qqnqomalpc0ndqk/Elegancija struke (3) sliki.zip

Овој линк на сликите е благодарејќи љубезноста на @AniMagus
Таа отвори и спојлер во корисничка подршка
http://forum.kajgana.com/threads/Корисничка-поддршка-прашања-и-одговори-од-администраторите.39522/page-431#post-6163461
 
Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.544
На писмена по математика во второ оделение, ученичката Маја добила задача некој број да го подели со 2 и на добиениот производ да му додаде 6.
Ама Маја направила катастофална грешка.
Наместо зададениот број да го подели - таа го помножила со2, а наместо да додаде 6, таа одземала 6
Но добила ист резултат како да не згрешила
Кој број и бил зададен на Маја?
 
kooperativa

Г-ин Пола Милениум
Член од
2 октомври 2012
Мислења
7.633
Поени од реакции
8.601
На писмена по математика во второ оделение, ученичката Маја добила задача некој број да го подели со 2 и на добиениот производ да му додаде 6.
Ама Маја направила катастофална грешка.
Наместо зададениот број да го подели - таа го помножила со2, а наместо да додаде 6, таа одземала 6
Но добила ист резултат како да не згрешила
Кој број и бил зададен на Маја?
8
--- надополнето: 11 октомври 2013 во 07:54 ---
х/2+6=2*х-6
 
Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.544
На еден двоцифрен број, од двете страни ( и од лево и од десно) е допишана цифрата 1.
На тој начин е добиен четвороцифран број кој е 21 пати поголем од дадениот
Кој е двоцифрениот број?
 
Dani

1 + 1 = 10
Член од
22 јуни 2010
Мислења
24.648
Поени од реакции
59.543
На еден двоцифрен број, од двете страни ( и од лево и од десно) е допишана цифрата 1.
На тој начин е добиен четвороцифран број кој е 21 пати поголем од дадениот
Кој е двоцифрениот број?
91

Ги проверив броевите 51, 61, 71, 81 и 91, зашто само тие броеви кога ќе се помножат со 21 даваат резултат на кој првата и последната цифра му е 1 :)
 
Z

zmej gorjanin

Гостин
Одреди ги цифрите х и у, така да бројот 2х0у82 биде делив со 13.
Ако 15400 * 13 = 200200 тогаш за да последните две цифри на бројот 2x0y82 бидат 8 и 2, 13 мора да се помножи со број чии последни две цифри се 1 и 4. Па така 15414*13=200382, значи x=0 а y=3

Ако имаме две вреќи А и Б, тежината на вреќата А отпаѓа 40% на рж и 60% на пченица. Додека кај Б 25% рж и 75% пченка. Ако двете вреќи се измешаат, мешавината АБ ќе содржи 30% рж. Кој процент од мешавината АБ отпаѓа на А?
 
Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.544
Ако имаме две вреќи А и Б, тежината на вреќата А отпаѓа 40% на рж и 60% на пченица. Додека кај Б 25% рж и 75% пченка. Ако двете вреќи се измешаат, мешавината АБ ќе содржи 30% рж. Кој процент од мешавината АБ отпаѓа на А?
Треба да се помеша 1/3 од А ( 33,33%) и 2/3 од Б
(1/3)*40 + (2/3)*25 = 30
Но со ова ме изненади:
Ако 15400 * 13 = 200200 тогаш за да последните две цифри на бројот 2x0y82 бидат 8 и 2, 13 мора да се помножи со број чии последни две цифри се 1 и 4. Па така 15414*13=200382, значи x=0 а y=3
Јас на сосема поинаков начин ја решив задачава.
Можеш ли да најдеш и други решенија? Зошто „13 мора да се помножи со број чии последни две цифри се 1 и 4 “?
Ако у е поголемо од 2, тогаш треба да се проверат дали се деливи со 13 - 082, 182, 282, 382, 482, 582, 682, и 782, Од овие само 182 е делив со 13 значи решение е 200200 + 182 = 200382
Но како на овој начин да најдеме и други решенија?
 
Z

zmej gorjanin

Гостин
Треба да се помеша 1/3 од А ( 33,33%) и 2/3 од Б
(1/3)*40 + (2/3)*25 = 30
Но со ова ме изненади:

Јас на сосема поинаков начин ја решив задачава.
Можеш ли да најдеш и други решенија? Зошто „13 мора да се помножи со број чии последни две цифри се 1 и 4 “?
Ако у е поголемо од 2, тогаш треба да се проверат дали се деливи со 13 - 082, 182, 282, 382, 482, 582, 682, и 782, Од овие само 182 е делив со 13 значи решение е 200200 + 182 = 200382
Но како на овој начин да најдеме и други решенија?
Можам. Во задачата се бара, цифрата на стоиљадарките да биде 2, цифрата на иљадарките да биде 0, а цифрите на десетките и единиците 8 и 2. Најблизок број до 200 дава производот 15*13=195, додека 15.4 или 154*13=2002, тука иљадарките ни се нула. Значи ми останува десетките и единиците да бидат 82, убаво си пресметал 13*14=182 и 182 + 200200=200382, било кој број кој завршува на 14 помножен со 13 дава 8 и 2 во десетки и единици. Друг број помножен со 13 кој би дал резултат да стоиљадарките се 2 а иљадарките 0 е 200. 200*13=2600, па од тука 20014*13=260182 или 20000*13=260000 +182=260182 x=6 y=1
 
Kajgana Shop

На врв Bottom