Мачорка
Shining Star of Paektu Mountain
- Член од
- 25 февруари 2011
- Мислења
- 1.955
- Поени од реакции
- 12.543
Со оглед на тоа дека веќе си ја поставил задачата, не е тешко да се дојде до решението.Еве помош за задачата од #569
Ако со х го обележиме процентот на гласачи од Батон Руж, а со у процентот на гласачи од Њу Орлеанс, тогаш,
х + у = 100.
Тоа е прва равенка од која ќе бараме решение за х и у.
Втората равекна може да се добие од пресметката колкав процент гласале за едната партија.
На пример колку гласале за Демократи
х*65 + у*45 = ( х + у )*53
Втората равенка може да се добие слично пресметувајќи за Републиканци
Од првата равенка х + у = 100 следува дека x = 100 - y
Во втората равенка на местото на x пишуваме 100 - y и добиваме
65*(100 - y) + 45y = (100 - y + y)*53
6500 - 65y + 45y = 5300
-20y = -1200
-y = -60
y = 60
Што значи дека гласачите од Њу Орлеанс сочинуваат 60% од вкупниот број гласачи.