Математичка мистерија

  • Креатор на темата Креатор на темата acetetovo
  • Време на започнување Време на започнување
Управниот одбор на Претпријатието за масовно производство на споменици МАСПРОСПОМ, на седницата која ја одржал на почетокот на февруари 2013 година, ја разгледал завршната сметка на Претпријатието и заклучил дека е неопходно цените на спомениците да се покачат за 20%. За тоа е донесена одлука и цените се покачени за 20%.
Во почетокот на март 2013, Директорот побарал Управниот одбор итно да се состане и ги известил за следново:
„ Од кога ги покачивме цените за 20%, бројот на купувачи е преполовен. Што е најлошо, нашите најдобри купувачи од Скопје, ги одкажаа сите нарачки и ни се заканува пропаст. Затоа предлагам цените да ги вратиме на минатогодишно ниво “.
Управниот одбор, сериозно ја разгледал ситуацијата, и заклучил дека не е доволно да се вратат старите цени и донел одлука, моменталните цени ( по покачувањето од 20% ), да се намалат за 25%.
Цената, за еден споменик, по ова намалување е 900 евра.
Колкава била цената за еден споменик во 2012 година?
Лесна работа.. процентна сметка над100 и под100.
Цената по покачувањето била 1.200Е а првобитната цена била 1.000Е ;)
 
:)ти бре ептен економски задачи даваш ова со обратниот процент никкогаш не сум успеал да го сфатам, така да ќе чекам некој друг да реши.
ама затоа јас ќе поставам класична математика задача, и тоа од геометрија
на еден паралелограм со основа а=41цм, висина кон помалата страна (се мисли на б) од 40цм, и помалата дијагонала од 50цм. да се определи периметарот, плоштината и висината кон поголемата страна?
 
на еден паралелограм со основа а=41цм, висина кон помалата страна (се мисли на б) од 40цм, и помалата дијагонала од 50цм. да се определи периметарот, плоштината и висината кон поголемата страна?
периметарот = 160 цм
Плоштината = 1560 цм2
висина кон поголемата страна = 1560/41 = 38,05 цм
 
Бранко и Никола, се запишани во средна група во градинката „ Бамби “ и собираат сликички за ФИФА 2014.
Бранко имал помалку сликички од Никола, и му вели на Никола:
„ Дај ми една сликичка, тогаш јас и ти ќе имаме еднаков број сликички “
Никола е итар и вели:
„ Зошто јас да ти дам? Дај ми ти мене една сликичка, тогаш јас ќе имам три пати повеќе сликички од тебе.“
Колку сликички имал Бранко?
Колку сликички имал Никола?
 
Бранко и Никола, се запишани во средна група во градинката „ Бамби “ и собираат сликички за ФИФА 2014.
Бранко имал помалку сликички од Никола, и му вели на Никола:
„ Дај ми една сликичка, тогаш јас и ти ќе имаме еднаков број сликички “
Никола е итар и вели:
„ Зошто јас да ти дам? Дај ми ти мене една сликичка, тогаш јас ќе имам три пати повеќе сликички од тебе.“
Колку сликички имал Бранко?
Колку сликички имал Никола?

Бранко имал 3, Никола 5
 
Најди дропка кај која ако броителот го дигнеме на трети степен а именителот го зголемиме за 12, ќе добиеме дропка која е пет пати поголема од дадената.

Еве ја истава задача, прикажана со математички симболи. Нека дропката биде х/у, значи:
(x^3)/(y+12) = 5*(x/y)
 
Еве дополнителна помош за задачата од #562
Ако изразот (x^3)/(y+12) = 5*(x/y) се ослободи од именители
ќе се добие
(x^3) *y = 5*х*(у + 12), понатаму се добива,
(x^3) *y = 5*х*у + 60*х), целата равенка се дели со х
(x^2) *y = 5*у + 60
(x^2) *y - 5*у = 60
у *( x^2 - 5 ) = 60

х и у се природни броеви и со неколку проби лесно ќе го најдете решението
 
х=3 и у=15. Чера ја реших, ама забравил сам да ги постирам резултатите. На истио начин ја разложих и после го разложих 60 на множители и х^2-5 ја реших за природни бројове. :-)
 
На локалните избори кој се одржаа во Луизијана постинати се следниве резултати
Батон Руж: Демократи - 65%; Републиканци - 35%
Њу Орлеанс: Демократи - 45%, Републиканци - 55%

Њу Орлеанс е поголем град, но вкупно победија Демократите
Вкупно, во двата града постигнати се следниве разултати:
Демократи - 53%, Републиканци - 47%

Колкав процент се гласачите од Њу Орлеанс во однос на вкупниот број гласачи во двата града?
 
Еве помош за задачата од #569
Ако со х го обележиме процентот на гласачи од Батон Руж, а со у процентот на гласачи од Њу Орлеанс, тогаш,
х + у = 100.
Тоа е прва равенка од која ќе бараме решение за х и у.
Втората равекна може да се добие од пресметката колкав процент гласале за едната партија.
На пример колку гласале за Демократи
х*65 + у*45 = ( х + у )*53
Втората равенка може да се добие слично пресметувајќи за Републиканци
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom