Математики потребни за програмирање

  • Креатор на темата Drima94
  • Време на започнување
D

Drima94

Гостин
кои видови на математика е потребно да ги знаеш,дали се тешки? и дали калкулус е тешко ?
 
bogev4eboy

Хејтер
Член од
6 март 2011
Мислења
382
Поени од реакции
180
Треба повеќе логички да размислуваш. Инаку за математиките, зависи што програмираш ... за графика ти треба да знаеш тригонометрија и ред други работи од Калкулус, за комерцијален софтвер општи пресметки, за оптимални решенија ти треба дискретна математка и сл.
За Калкулус треба сам да си видеш.
Препорака: На ФИНКИ можеш да видеш колку е тешко. :tapp:
 
хах толку е тешко на финки ?
 
Srcee

Unforgettable
Член од
29 април 2008
Мислења
5.275
Поени од реакции
3.496
Леле деца аманте бе, у задњиве неколку дена не знам колку теми се отворија на програмерите. И на ФИНКИ групата има тролови, каква математика требало да се знае, лимеси му оделе на детето ама изводи не му оделе.

Значи едноставно е. Ако не ти иде математика, ќе ти биде тешко. Што е битна каква математика? Имаш матрици, лимеси, изводи, интеграли...

Мене не ми идеше физика и не се запишав на Електро. Ни прашав некој каква физика има таму, ни ништо.

Ако не ти иде математика, а си решил да студираш за програмер, или запиши се на тригодишен смер (не дека таму нема математики, ама многу се намалени), или ќе препишуваш две години по ред.

Имате на сајтот на ФИНКИ детално објаснување на предметите. Се што ве занима е на еден клик. Вака од форум од луѓе кои не ги познавате не знам како можете да донесувате животни одлуки. Ехее јас кога се запишав, да ги слушав сите постари студенти што збореа, ќе полудев.
 
D

dbt

Гостин
кои видови на математика е потребно да ги знаеш,дали се тешки? и дали калкулус е тешко ?
i=i++

Горната пресметка ја нема во математиката а е основа на програмирањето. Ако сакаш да бидеш програмер, учи како да ги поврзуваш нештата логички, математиката тука ќе ти се најди ако ги знаеш основните равенки и со логички пристап да ги решаваш комплексните задачи, од основната равенка да стигнеш до тоа што ти треба. Ако планираш да бубаш напамет, не се замарај со овај смер, оди на филозофија.
 
D

Drima94

Гостин
Леле деца аманте бе, у задњиве неколку дена не знам колку теми се отворија на програмерите. И на ФИНКИ групата има тролови, каква математика требало да се знае, лимеси му оделе на детето ама изводи не му оделе.

Значи едноставно е. Ако не ти иде математика, ќе ти биде тешко. Што е битна каква математика? Имаш матрици, лимеси, изводи, интеграли...

Мене не ми идеше физика и не се запишав на Електро. Ни прашав некој каква физика има таму, ни ништо.

Ако не ти иде математика, а си решил да студираш за програмер, или запиши се на тригодишен смер (не дека таму нема математики, ама многу се намалени), или ќе препишуваш две години по ред.

Имате на сајтот на ФИНКИ детално објаснување на предметите. Се што ве занима е на еден клик. Вака од форум од луѓе кои не ги познавате не знам како можете да донесувате животни одлуки. Ехее јас кога се запишав, да ги слушав сите постари студенти што збореа, ќе полудев.
полека бе пријателе многу јак ти....прашувам онака само да знам отприлика а сигурно нема да ми наметни мене некој свое мислење...си знам јас убо кај ќе одам не се секирај ти.и не продавај памет
 
Srcee

Unforgettable
Член од
29 април 2008
Мислења
5.275
Поени од реакции
3.496
полека бе пријателе многу јак ти....прашувам онака само да знам отприлика а сигурно нема да ми наметни мене некој свое мислење...си знам јас убо кај ќе одам не се секирај ти.и не продавај памет
Нема потреба од прашување ако одиш на сајтот на ФИНКИ.
Не се правам јака, само ти кажав дека не треба да ти влијае врз одлуката тоа што некои странци ќе пишат овде. За се си способен сам да откриеш.
 
епа можеше истото да го кажиш малце покултурно....
 
Член од
18 октомври 2010
Мислења
523
Поени од реакции
164

statusQuO

Модератор
Член од
18 јуни 2008
Мислења
13.038
Поени од реакции
7.615
Точно е дека нема баш врска, ако планираш да работиш за 200 евра плата.
О ти, сезнаечки информатичар, те молам објасни ми ја корелацијата на напредна математика и програмирање?
 
Член од
10 јули 2012
Мислења
87
Поени од реакции
54
i=i++

Горната пресметка ја нема во математиката а е основа на програмирањето...
Како бе ја нема (fail) :) Цела дискретна математика лежи на горната пресметка
 
Kajgana Shop

На врв Bottom