Математика vs Литература. Која е посилна...

  • Креатор на темата Dedokire
  • Време на започнување

Филозофка

Amelie Poulain
Член од
21 јануари 2009
Мислења
1.680
Поени од реакции
525
-.-

Точно дека не сум по литература, ама тоа не значи дека сум неписмен и не знам дека се пишува "сѐ" наместо "све", ама не го напишав затоа што ме мрзи да го барам оној апостроф на е-то, и овојпат не напишав се' (како што обично пишувам), туку народно по-прифатеното "све".

Sue me.
Литература не значи правопис, и мислам дека темава повеќе алудира на разликите помеѓу логиката и филозофијата, само името и е такво што не се разбира убаво поентата, тоа е исто како да прашаш кој орган е поважен во организмот, мозокот или срцето?
 
Член од
17 јануари 2009
Мислења
2.814
Поени од реакции
4.666
Секогаш литература. Си има математиката свои убавини и предности, ама јас никогаш не успеав да ги видам и разберам, што ме правеше еден од најомилените и најпопуларните ученици на сите професори по матеметика кои ми предавале во основно и средно.
Пишаниот збор е најсилно средство за пренесување информација нив времето и просторот, на сите мисли, филозофии, науки, вклучувајќи ја и математиката. Инаку се` би личело на усно предание и легенда, нешто како „дедо Митре“ кој по три чашки ракија би се обидувал да ви каже што тоа Питагора сакал да каже, а не знаел да напише.
 

Bibo

Модератор
Член од
9 април 2006
Мислења
4.148
Поени од реакции
4.026
Математиката е основа на науката и се базира на логика и размислување, литературата може да биде се и сешто (тоа не е само филозофија туку литература се и обични прикаски и бајки кои немаат никакво значење).

У секој случај мислам дека прашањево е чиста глупост - која од тие две е „помоќна“ ајдеее што се не ќе ви текне...
 
Член од
9 март 2009
Мислења
212
Поени од реакции
24
Литература не значи правопис, и мислам дека темава повеќе алудира на разликите помеѓу логиката и филозофијата, само името и е такво што не се разбира убаво поентата, тоа е исто како да прашаш кој орган е поважен во организмот, мозокот или срцето?
Не баш.. логиката е се што држи здрава дискусија, така да мислам без логика ништо нема да може ни да се исфилософира никогаш, ниту пак да се пресмета математички проблем :)

За жал воопшто не ми се допага прашањето, јас мислам дека секоја наука си има свои вредности и неможе да се каже која е "повеќе", кога секоја секогаш за нешто има полза.. а инаку философијата е стартувачки елемент на сите науки (вушност самиот живот) некои луге велат мразам да филозофирам а не знаат дека кога расудуваат што е добро а што лошо по морални причини е всушнст философија.
 
А

Антоние

Гостин
Всушност и двете се нечисти форми на философијата.

Ако гледаме во поширок контекст, математиката и литературата се само аплицирана философија. Се разбира, литературата е секогаш почиста форма на философија од математиката, затоа што за да математиката биде форма на философија таа првин треба да биде деривирана од ЛОГИКАТА, која што пак е деривирана од философијата. А додека веќе литературата, прескокнувајќи ја вулгарноста на уметноста, претставува, во една многу потесна смисла на зборот, една прљаво аплицирана философија.

Всушност, секоја научно заснована и уметнички заснована дисциплина претставува, ако гледаш доволно критички, своевидна аплицирана форма на философијата. Било која наука или уметност.

Философијата е основа на секоја интелектуално-структурална сфера и воопшто секоја форма на интелигенција под владение на човекот.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom