Математика - Комбинаторика

Raza

N00B
Член од
24 август 2009
Мислења
20
Поени од реакции
7
Во право си, таа е формулата. Во тој случај задачата на Raza не е точна.
Вака, јасно е дека број на темиња кон кои може да се повлече дијагонала од едно теме е за -3 помал од бројот на темиња во многуаголникот, значин n-3. Од секое теме може да се повлечат по n-3 дијагонали, па вкупно би имале n*(n-3) дијагонали. Бидејќи дијагоналата, на пример од теме А до теме В е иста со дијагонала од теме В до теме А, вкупниот број се дели со 2 па имаме n*(n-3)/2.
Е сега сум ептен збунет ... јас мислев и мислам така досега знаев дека дијагонала предстадуда отсечка повлечена помеѓу две спротивни точки и ја дели фигурата на два еднакви дела .... некоја вистина во тоа !?
 
Член од
5 јуни 2008
Мислења
3.632
Поени од реакции
5.724
Е сега сум ептен збунет ... јас мислев и мислам така досега знаев дека дијагонала предстадуда отсечка повлечена помеѓу две спротивни точки и ја дели фигурата на два еднакви дела .... некоја вистина во тоа !?
Дијагоналата поврзува две несоседни темиња од еден многуаголник. Бидејќи секое теме има 2 соседни темиња, значи дека (вклучувајќи го и самото тоа теме) бројот на дијагонали од тоа теме е n-3. Најверојатно ти мислиш само на црвените линии од долната слика бидејќи само тие линии ја делат фигурата на 2 еднакви дела. Тие се дијагонали, но и другите линии се дијагонали иако не ја делат фигурата на еднакви делови.
 
T

TheThinker

Гостин
Може помош, цел ден се мислам како:

Да речеме дека во група на луѓе, кои бираат претседател, х група гласачи сакаат да гласаат за лицето Х, у група гласачи за лицето У и в група гласачи за лицето В, при што 0<х<у<в. За време на предизборен молк забрането е повеќе од двајца избирачи да се состануваат во група кои би дебатирале на темата – избор на претсетадел. Ако дојде до контакт меѓу било кои двајца гласачи од различни групи, после разговорот и образложенијата, кај двајцата доаѓа до промена на ставот и тие гласаат за третиот кандидат.
Дали е возможно да се случи сите х+у+в гласачи да се убедат да гласаат за исто лице – кандидат за претседател?
 

Емкаа

the worst thing about prison was the dementors.
Член од
14 мај 2008
Мислења
4.932
Поени од реакции
12.431
^^Дечко има причина зошо задачава е дадена како предизвик по ДМ.
 

Raza

N00B
Член од
24 август 2009
Мислења
20
Поени од реакции
7
И еве повторно јас ако некој има можност и време нека ги разгледа задачиве ... не присуствував на ова предавање и некако многу тешко ми оди .... :( Untitled.jpg
 
Член од
23 април 2013
Мислења
37
Поени од реакции
17
Како се решава ова, ако може некој да ми објасни



Ако:
n - 15
oni - 32
oei 25
 
Член од
14 септември 2013
Мислења
86
Поени од реакции
19
Некој љубезен да ми објасни што е разликата помеѓу пермутации и варијации? Комбинации сфаќам, кај нив не е битен редоследот, но кај другиве две битен е и тешко ми е да воочам како се разликуваат.... :///
 

Eva Molotow

Anti-social Engineer
Член од
6 јуни 2008
Мислења
532
Поени од реакции
392
Некој љубезен да ми објасни што е разликата помеѓу пермутации и варијации? Комбинации сфаќам, кај нив не е битен редоследот, но кај другиве две битен е и тешко ми е да воочам како се разликуваат.... :///
Варијации се пермутации што следат некое правило.
пример:
пермутација - од множество од 5 елементи најди ги сите пермутации.
варијација - од множество од 5 елементи најди ги сите двоелементни варијации.
 
Член од
14 септември 2013
Мислења
86
Поени од реакции
19
Убедливо најкусото и најдоброто објаснување што сум го добил до сега. Фала многу :)
 
Член од
25 септември 2010
Мислења
115
Поени од реакции
41
Здраво. Дали некој годинава има предмет" Архитектура на компјутери и оперативни системи" . Сакам да прашам нешто.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom