Масони

Jugop

The Hobbit
Член од
27 декември 2012
Мислења
295
Поени од реакции
43
Zidarski, кога ти поставив прашање дали во ритуалот се спомнуваат пири, ти ми рече дека нема такво нешто и дека тоа е измислено од страна на Робинсон.

А еве што вика Груевски во неговата книга:
„Во еден дел од ритуалниот текст кој ја сумира иницијацијата на новиот Мајстор Масон, му се вели дека “овој степен ќе го направи брат на пиратите и гусарите“!?
Оваа изјава збунувачки нема никаква смисла во контекстот на целиот драмски ритуален текст и тешко е да најдете некој кој веднаш ќе ви понуди разумен одговор за оваа чудна формулација.“
 
Jugop

The Hobbit
Член од
27 декември 2012
Мислења
295
Поени од реакции
43
*во првиот ред имам грешка, пишува пири а треба пирати.
 
Член од
19 август 2008
Мислења
848
Поени од реакции
130
Ако прочиташ внимателно, ќе видиш дека Груевски се повикува на Робинсон за тој цитат (ако не се лажам - не ми е при рака книгата - директно го цитира и кажува дека е цитат од него).
Сум прочитал масонски ритуали од многу јурисдикции и сум зборувал со членови на ложи кои работат по најразлични ритуали, меѓу кои и најстарите сочувани ритуали во САД - до сега никаде не сум сретнал такво нешто.
 
Груевски претходно зборува за темпларите, како избегале со 13 бродови, па можно било да ги користеле за пиратство. Тоа не е цитат од Робинсон. А потоа вика „Ваквите шпекулации за исчезнувањето на темпларските бродови и Темпларите кои управувале со нив, асоцираат на едно од најмистериозните начела на Масонеријата“, па следи делот што го цитирав

„Во еден дел од ритуалниот текст кој ја сумира иницијацијата на новиот Мајстор Масон, му се вели дека “овој степен ќе го направи брат на пиратите и гусарите“!?

Оваа изјава збунувачки нема никаква смисла во контекстот на целиот драмски ритуален текст и тешко е да најдете некој кој веднаш ќе ви понуди разумен одговор за оваа чудна формулација.“

Дури потоа го цитира Робинсон, за тоа како нуди логичен одговор во врска со ритуалот.
 
Ова не го оспорувам - иако сеуште е предмет на истражување и нема докажана врска меѓу темпларските бродови и пиратите. Сите досегашни проучувања на темата се сведуваат на "има логика, можно е", но ниту еден не може да потврди со сигурност.
„Во еден дел од ритуалниот текст кој ја сумира иницијацијата на новиот Мајстор Масон, му се вели дека “овој степен ќе го направи брат на пиратите и гусарите“!?

Оваа изјава збунувачки нема никаква смисла во контекстот на целиот драмски ритуален текст и тешко е да најдете некој кој веднаш ќе ви понуди разумен одговор за оваа чудна формулација.“
Таков текст не постои во ниту еден масонски ритуал кој што до сега сум го сретнал - ниту во тој што се користи во Македонија (а потекнува од Англија), ниту во ритуалите во Франција, Германија, Канада, САД. Дури и во Темпларскиот ред (барем во ритуалот што се користи во Канада) нема таков текст.
Дури потоа го цитира Робинсон, за тоа како нуди логичен одговор во врска со ритуалот.
Самиот Робинсон во едно интервју за масонско списание, кога го прашуваат за тој цитат, односно - од каде го нашол тој цитат - потврдува дека е од книгата "Грофот Монте Кристо" и дека едноставно го сметал за логична врска. Имај во предвид една работа - Робинсон не е масон кога ја пишува Родени во Крв. Колку и да е позната книгата и колку и да ја препорачуваат масони понатаму (дури и јас срдечно ја препорачувам) - тоа е затоа што отвора еден нов поглед на историјата и нуди нови (доста смислени) патишта кои треба да се истражуваат. Тоа во никој случај не значи дека целата книга е точна и дека во неа нема работи за кои може директно, без двоумење да се каже дека се погрешни.
 
Член од
18 јуни 2013
Мислења
6
Поени од реакции
0
Зидарски, на која возраст мажот се смета за доволно возрасен за може да побара да се приклучи на братството?
 
Член од
19 август 2008
Мислења
848
Поени од реакции
130
Зидарски, на која возраст мажот се смета за доволно возрасен за може да побара да се приклучи на братството?
Официјално - 21 година е минимум. Исклучок е ако е син на масон, може да аплицира на 18 - но со посебна дозвола (не секогаш се одобрува). Само неколку јурисдикции во светот примаат на 18.
Сепак - ова е минимум возраст. Обично се преценува за секој кандидат индивидуално, но најчесто возраста на кандидатите е над 25.
 
Член од
1 јуни 2012
Мислења
277
Поени од реакции
31

Пошто гледам бајаги коментираш за Масоните, може да ми објасниш каку дошло до нивно постоење, ако нетие мака? :)
 
Jugop

The Hobbit
Член од
27 декември 2012
Мислења
295
Поени од реакции
43
Официјално - 21 година е минимум. Исклучок е ако е син на масон, може да аплицира на 18 - но со посебна дозвола (не секогаш се одобрува). Само неколку јурисдикции во светот примаат на 18.
Сепак - ова е минимум возраст. Обично се преценува за секој кандидат индивидуално, но најчесто возраста на кандидатите е над 25.
Ти на колку години беше примен во Масонеријата?
 
Член од
18 јуни 2013
Мислења
6
Поени од реакции
0
Официјално - 21 година е минимум. Исклучок е ако е син на масон, може да аплицира на 18 - но со посебна дозвола (не секогаш се одобрува). Само неколку јурисдикции во светот примаат на 18.
Сепак - ова е минимум возраст. Обично се преценува за секој кандидат индивидуално, но најчесто возраста на кандидатите е над 25.

А дали си запознат, дали во Македонија важи правилото за 3 пати да побараш пред да разговараат за да те примат?
 
Член од
19 август 2008
Мислења
848
Поени од реакции
130
А дали си запознат, дали во Македонија важи правилото за 3 пати да побараш пред да разговараат за да те примат?
Не сум чул дека во Македонија се прави тоа. Генерално - не е правило - некои јурисдикции (или уште поточно, некои ложи) го практикуваат, ама не е универзално правило.
 
Член од
18 јуни 2013
Мислења
6
Поени од реакции
0
Не сум чул дека во Македонија се прави тоа. Генерално - не е правило - некои јурисдикции (или уште поточно, некои ложи) го практикуваат, ама не е универзално правило.

Во ред, и според тоа, колку време им е потребно да ја разгледаат твојта апликација па да те исконтактираат, и ако не ти е против масонските правила да општење - што се случува од како ќе те изберат за достоен член?
 
Член од
19 август 2008
Мислења
848
Поени од реакции
130
Во ред, и според тоа, колку време им е потребно да ја разгледаат твојта апликација па да те исконтактираат, и ако не ти е против масонските правила да општење - што се случува од како ќе те изберат за достоен член?
Времето зависи од јурисдикцијата и зависи од локалната традиција. Во Северна Америка може да е од 3-6 месеци (во мојата ложа бараме потенцијалниот кандидат да доаѓа цела година на вечерите кои се одржуваат пред состаноците на ложата, па дури потоа ја разгледуваме апликацијата). Во Европа е обично подолго - може да трае од една до три години. Откако ќе помине процесот на истрага, се гласа за кандидатот. Доколку е примен - тогаш се закажува иницијација.
 
Jugop

The Hobbit
Член од
27 декември 2012
Мислења
295
Поени од реакции
43
Откако ќе помине процесот на истрага, се гласа за кандидатот. Доколку е примен - тогаш се закажува иницијација.
А како се одвива истрагата? На кој начин масоните дознаваат дали кандидатот е угледна личност?
 
Kajgana Shop

На врв Bottom