Би сакал да бидам отворен и да го искажам своето мислење. Внимателно ја следам оваа тема на форумов бидејќи многу одамна се интересирам за оваа тема , посебно кога го дознав фактот дека некои од моите најомилени и најценети херои од детството како на пр. Моцарт, Марк Твен, Хенри Форд, Александар Флеминг итн. биле членови на масонеријата.
Немам намера да навлеgувам во спор ни со RoughRider, ni сo Tапетарот Петар, ниту со некој друг дискутант и затоа извинете што ви се мешам во разговорот , иако поводот за пишувањето на овој пост е поттикнат од вашата дискусија.
Само сакам да го поддржам мислењето на Тапетарот Петар кој изнесе дека со таков речник и такво арогантно однесување RoughRider тешко може да влезе во масонеријата, АКО Е ВИСТИНСКА И КАКО ШТО ТРЕБА.
RoughRider пријателу, ,многу арогантно зборуваш за твоето аплицирање за членство во масонеријата како да е готова работа и само што не си примен. а по твоите ставови и пишувања се гледа дека не ни знаеш што значи да се биде член на едно такво братство.
Имено, филозофијата на Масонеријата е да прифаќа добри луѓе и ги прави подобри.Таа не прифаќа неизградени луѓе и од нив допрва да прави добри и воспитани луѓе.
Но, како што рече еднаш пријателот Сомотеитбе, овде во Македонија многу луѓе влегуваат во масонеријата со дигитрони , со калкулации,исклучиво мислејќи дека со тоа ќе имаат личен профит. За жал, мислам дека и во Македонија има многу луѓе влезено во тоа братство, посебно на почетокот на формирањето, само заради тоа што поседуваат богатство а не затоа што се чесни луѓе со добар карактер и кои веруваат во Госппод. Масонеријата бара луѓе кои се заинтересирани за сопствен духовен напредок и кои се за дружење со други кои се на повисоко духовно и интелектуално ниво и кои имаат желба и идеали да му служат на човештвото и на Бог и да придонесуваат за општеството...
Иако лично не те познавам, според она што можам да го прочитам овде јас би бил прилично разочаран доколку ти би станал член на Слободните Ѕидари , најискрено ти кажувам . Не разочаран од тебе, туку разочаран од критериумите на Масонеријата во Македонија .
Во Македонија и така и така повеќето работи што не се како што треба, по се' изгледа и Масонеријата не е на тоа ниво на кое би требало да биде, за жал...
Можеби не сум во право, но ова е мое мислење. Поздрав до сите дискутанти на оваа тема .