Масони во Македонската политика

Член од
4 мај 2009
Мислења
2.476
Поени од реакции
5.545
Па може и тој кафе пие со нив како и ти и си прават муабети, нели нема ништо чудно. :sneaky:
Не, текстот не зборуваше за пиење кафе. Тврдењето во текстот е децидно и непоткрепено, а моето прашање е јасно. Ако имаш одговор, повели, ако не, моеш да си тролаш до сабајле.:drk:
--- надополнето: Jul 12, 2011 1:20 AM ---
@HITCH & Братот: Многу е лесно да се докаже дека некој е масон, нели? ;) Само треба да ги „поврзеш стварите“. А за тролање и лепење лајкчиња ве бива, нек си е*е матер!
 
F

Frankie Yale

Гостин
Не, текстот не зборуваше за пиење кафе. Тврдењето во текстот е децидно и непоткрепено, а моето прашање е јасно. Ако имаш одговор, повели, ако не, моеш да си тролаш до сабајле.:drk:
--- надополнето: Jul 12, 2011 1:20 AM ---
@HITCH & Братот: Многу е лесно да се докаже дека некој е масон, нели? ;) Само треба да ги „поврзеш стварите“. А за тролање и лепење лајкчиња ве бива, нек си е*е матер!
Се е заговор, плаши се од луѓето позади завесата буууу...
 
F

FilipMacedon

Гостин
Претпоставувајќи кој е авторот на текстот,обична параноја...:) ама ај,нејќам да навлегувам во нечии филозофии...
 
Член од
4 мај 2009
Мислења
2.476
Поени од реакции
5.545
Претпоставувајќи кој е авторот на текстот,обична параноја...:) ама ај,нејќам да навлегувам во нечии филозофии...
Обожавам анонимни текстови кои со сигурност тврдат куп работи без никаков доказ. Вакво „истражувачко“ новинарство може да убеди само тролови како Братот и HITCH.:pos:
 

Bratot

Стоик и Машкртник!
Член од
27 јануари 2007
Мислења
17.089
Поени од реакции
4.499
Обожавам анонимни текстови кои со сигурност тврдат куп работи без никаков доказ. Вакво „истражувачко“ новинарство може да убеди само тролови како Братот и HITCH.:pos:
Петре, седиш до 5 сатот на форум билдајќи постови додека спиеме и велиш сме биле тролови? :rolleyes:

Работава не е убедување, туку своевидно право секој да верува во индицирањето на одредени работи. Авторот на текстот ги посочил критериумите врз кои ја заснова својата оценка, а тоа искрено сега, може со многу голема веројатност и да се потврди.
Масоните се луѓе кои имаат власт и влијание и многу несвојствено би било доколку во нашава држава која е марионета во рацете на големите сили да нема масони кои поддржуваат таква политика, односно се наклонуваат на влијанието и моќта на поголемите од нив.

Со оглед на фактот дека воедно тоа се луѓето кои креираат и јавно мислење, контролираат медиуми и ги исполнуваат постулатите на Масоните, кои авторот ги докажува со практични примери, тогаш за мене барем, нема поголемо сомневање дека сето ова е вистинито. Или барем во поголем дел, како и сите останати индикации во светски рамки, кои содржат во себе доза на мистичност, конспирација и сл.

Доколку ги познаваш масонските начини на функционирање, кои можат многу добро да се простудираат преку примерите во другите држави, особено Западните држави, мислам дека не би требало да се потсмеваш или дрвиш од инает како тоа во Македонија не е применливо.

Се согласувам со твоето тврдење дека за масоните се создадени стереотипи дека тоа мора да се учени и богати луѓе, па во склоп на нивото во земјава, нашите масони се во голем дел рефлексија на еден примерок од обичниот народ со сите свои мани и доблести.

Проверете на интернет за Масоните во српскиот парламент, проверете кој бил Оназис од Грција и доколку на секаде околу нас, во прашање се постоечки влијанија и присуство на масонеријата, треба да бидеш или многу наивен или премногу глуп, за да мислиш дека во Македонија е поинаку и дека нашите политичко-економски случувања се од коинцидентална природа.

Барањето на “конкретни докази“ за тоа кој бил Масон е прилично лекоумно и инфантилно разбирање на самата тематика.
 
Член од
4 мај 2009
Мислења
2.476
Поени од реакции
5.545
Кај мене не е 5 саат -- не се сите на форумов во иста часова зона.;) Болдот ти е чисто бладање -- каде сум „дрвел“ за такво нешто?:drk: А за ова другово, џабе сереш. Нити имаш појма од масонерија, нити па имаш одговори на прашањето.:tapp:
 

Bratot

Стоик и Машкртник!
Член од
27 јануари 2007
Мислења
17.089
Поени од реакции
4.499
Најомилени ми се тие одговори - „џабе сереш“ или “немаш појма“. :giggle:

Толку од издржаната дискусија со велепознавачот на масонеријата и личниот пријател на неколкумина од нив.
 
Член од
4 мај 2009
Мислења
2.476
Поени од реакции
5.545
Најомилени ми се тие одговори - „џабе сереш“ или “немаш појма“. :giggle:

Толку од издржаната дискусија со велепознавачот на масонеријата и личниот пријател на неколкумина од нив.
Која црна дискусија бе кога градиш „теории“ од жута штампа и ми делиш лекции шо биле и кои биле масоните. И да, пак сереш - никаде не реков „личен пријател“ -- не халуцинирај.:tapp:
 

Bratot

Стоик и Машкртник!
Член од
27 јануари 2007
Мислења
17.089
Поени од реакции
4.499
Спомна дека познаваш масони, така беше?

Јасно. :) Има една заблуда дека сите масони се исклучително умни, богати, способни, моќни. И таа заблуда е подгревана од сензационалистички статии и заверашки теории. Познавам масони кои се сосем просечни во многу погледи. А некои, богами, се и далеку подпросечни.
Индицирајќи дека има вакви и онакви произлегува дека се знаеш лично со нив и дека не се малку наброј чим извлекуваш такви сигурни проврени констатации.

Ајде Петре, бидејќи милуваш дискусија на аргументи, докажи ни на сите овде дека ТИ познаваш масони!?
 
Член од
28 март 2006
Мислења
18.047
Поени од реакции
12.831
Ова наликува на муабетот у една тема -докажи дека Сорос и соросоидите се против Македонија, дека го смениле македонското знаме...приложи документи :)
Во секој случај интересен текст (како и другите на македонска искра) кој ваљда ќе придонесе меѓу другото и да не се заборави поблиското минато како и кон спречување на онаа се пострашна пропаганда -народот е виновен, млекарите ...се виновни. Брзо се забораваат одредени настани и сценарија (за по некоја деценија за жал да се класираат како шпекулации) па не е лошо вака да се потсетуваме на истите.
вакви теми и информации се за поздрав.
 
Член од
4 мај 2009
Мислења
2.476
Поени од реакции
5.545
Спомна дека познаваш масони, така беше?

Индицирајќи дека има вакви и онакви произлегува дека се знаеш лично со нив и дека не се малку наброј чим извлекуваш такви сигурни проврени констатации.

Ајде Петре, бидејќи милуваш дискусија на аргументи, докажи ни на сите овде дека ТИ познаваш масони!?
Нема што да докажувам. Имам колеги кои се масони и со кои сум разговарал отворено за масонеријата, знам како изгледаат масонски ложи бидејќи сум влегол и сум разговарал со масони. Сето тоа може да го направи било кој во Америка, ако учтиво се претстави и замоли да му објаснат и да му ја покажат ложата. Сум присуствувал на масонски церемонии (не ритуали -- ритуалите се од затворен тип, само за членството). Членството е тајно, но адресите на ложите, распоредот на состаноците, и голем дел од масонските активности се јавни. Речиси секоја ложа која има своја веб страна го објавува списокот на офицерите на ложата со слика, име и презиме и во соодветна масонска регалија. Што е поважно, масонеријата ме интересира и ја проучувам подолго време. Од кејф. А во Македонија ситуацијата е многу поинаква бидејќи масонеријата е млада -- од доцните 90 години. Првата ложа е формирана во 2001, а членството се држи во многу поголема тајност поради ваквите „новинари“ како твојов.

А ти сега ти одговори кои од посочените политичари се масони и аргументирај го тоа со некои факти. Ама концизно и без дрвење со општи дискусии, може?
--- надополнето: Jul 12, 2011 10:28 AM ---
Ова наликува на муабетот у една тема -докажи дека Сорос и соросоидите се против Македонија, дека го смениле македонското знаме...приложи документи :)
Во секој случај интересен текст (како и другите на македонска искра) кој ваљда ќе придонесе меѓу другото и да не се заборави поблиското минато како и кон спречување на онаа се пострашна пропаганда -народот е виновен, млекарите ...се виновни. Брзо се забораваат одредени настани и сценарија (за по некоја деценија за жал да се класираат како шпекулации) па не е лошо вака да се потсетуваме на истите.
вакви теми и информации се за поздрав.
Не е така, Лурц. Текстот е дилетантски а балканскиве весници се полни со заверашки текстови. Една работа е масонеријата и нивните заложби, а сосема друго е да се тврди „со сигурност“ дека, на пример, Н. Груевски е масон а да не се дадат никакви аргументи. Тоа е благо речено, несериозно. Јас би го разбрал ова доколку се шпекулира или се претпостави, но да се тврди со сигурност а да не се дадат никакви докази е жута штампа.
 

Bratot

Стоик и Машкртник!
Член од
27 јануари 2007
Мислења
17.089
Поени од реакции
4.499
Петре, сакам конкретни докази дека тоа што го збориш е вистина. :)

Во спротивно, што има некој да ти докажува на тебе.

Или можеби требаше да ти реплицирам - “џабе сереш“?

Ајде поздрав, се' е кажано веќе.
 
Член од
4 мај 2009
Мислења
2.476
Поени од реакции
5.545
Петре, сакам конкретни докази дека тоа што го збориш е вистина. :)
Е видиш од тебе веќе добив конкретен доказ дека си пацер и немаш појма од темава. Се` што кажав се проверуе лесно. А вакви прашања се својствени за селски курнази како тебе кои со чачкалица у уста, надлкатени на фрижидер у кооперација пуштаат јадачки.:drk:Ама за такви селски курназлаци ќе си надеш селски партнер за муабет.
 

oon

Член од
3 ноември 2008
Мислења
3.131
Поени од реакции
1.293
Нема што да докажувам. Имам колеги кои се масони и со кои сум разговарал отворено за масонеријата, знам како изгледаат масонски ложи бидејќи сум влегол и сум разговарал со масони. Сето тоа може да го направи било кој во Америка, ако учтиво се претстави и замоли да му објаснат и да му ја покажат ложата. Сум присуствувал на масонски церемонии (не ритуали -- ритуалите се од затворен тип, само за членството). Членството е тајно, но адресите на ложите, распоредот на состаноците, и голем дел од масонските активности се јавни. Речиси секоја ложа која има своја веб страна го објавува списокот на офицерите на ложата со слика, име и презиме и во соодветна масонска регалија. Што е поважно, масонеријата ме интересира и ја проучувам подолго време. Од кејф. А во Македонија ситуацијата е многу поинаква бидејќи масонеријата е млада -- од доцните 90 години. Првата ложа е формирана во 2001, а членството се држи во многу поголема тајност поради ваквите „новинари“ како твојов.

--- надополнето: Jul 12, 2011 10:28 AM ---

.
Големата масонска ложа на Македонија е формирана во 2005 година, вели за Слободна Европа Живко Груевски големиот мајстор на голема масонска ложа во Македонија .

http://www.mn.mk/aktuelno/1443-Golemata-masonska-loza-na-Makedonija
--- надополнето: Jul 12, 2011 11:18 AM ---
http://www.makedonskosonce.com/broevis/2006/sonce628.pdf/20_21_misko.pdf
--- надополнето: Jul 12, 2011 11:20 AM ---

MАСОНЕРИЈАТА ВО МАКЕДОНИЈА: МИТОЛОГИЈА И ИСТОРИСКИ ЗАСНОВАНА ХРОНОЛОГИЈА

Како и да е, тоа око, во 1995 година, решило да ги побара прекинатите конци на македонската масонерија, продолжувајќи ја (од којзнае кои причини прекинатата масонска традиција на овој терен). Испратило тоа око пратеник до неколкумина видни браќа во сегашната македонска масонска хиерархија: таа година, на сегашните видни македонски масони, а тогаш само чесни, работливи и угледни граѓани на Република Македонија, им пристапиле масони од Белград, поточно од Големата ложа на Југославија (ГЛЈ), чиј Голем мајстор во тоа време бил З. Ненезиќ, и им било предложено да станат масони. Крајната цел на таква лична одлука за пристапување кон ова древно братство, се разбира, било основањето на Национална Голема Ложа на Македонија!

Заинтересирани за принципите и начинот на кои светската спекулативна масонерија несопирливо се шири во Европа и светот од 1717 година до денес, и после осознавањето на сe она што било потребно да се знае за ова Братство, како и по упатувањето во првите тајни на Редот, нашите видни македонци ја прифатиле оваа идеја и проектот за основање на Големата ложа на Македонија отпочнал со голем ентузијазам и радост.

Иницијацијата на првите осум браќа се случила на 5 Април 1996 година. Јадрото на македонското слободно ѕидарство се формирало во наредните 12 месеци, во период во кој биле иницирани вкупно 21 брат, кои во текот на неколкуте наредни месеци биле воздигнати до степен на Мајстор - масон. Сето тоа под будното севидливо око на древната македонска масонерија!

Во одреден момент, кога се осознал статусот, односно посебниот однос на европската регуларна масонерија према ГЛЈ, станало јасно дека доколку Светлото биде внесено, односно Големата ложа на Македонија биде осветена од страна на браќата од Големата ложа на Југославија, тогаш би можеле да се очекуваат и низа проблеми сврзани со регуларноста и потребните признанија кои требало да се добијат од другите Големи ложи, на име на идната Голема ложа на Македонија. Ова било извонредно важно, бидејќи тоа признание ја одредувало и јурисдикцијата на идната Голема ложа, го обезбедувало правото на работа и рамноправното комуницирање на идната Голема ложа со остатокот од масонскиот свет. Инаку, во масонскиот свет постои мошне прецизно дефинирана постапка околу тоа кое слободно ѕидарство е регуларно, односно ги следи принципите утврдени од Обединетата големата ложа на Англија (ОГЛА) и Андерсоновата конституција, па според тоа и ги исполнува условите за стекнување на признанија од Големите ложи во светот.

Иако желбата да се основа нова Голема ложа била огромна, ентузијазмот на југословенските браќа отстапил, во интерес на рационално решение - непречено основање и развивање на македонското слободно ѕидарство!

Таа одлука, Големиот мајстор на Големата ложа на Југославија, братот З. Ненезиќ, на состанок во Скопје, во јануари 1997 година, им ја препуштил на македонските слободни ѕидари, целосно објаснувајќи ги проблемите со кои се соочила Големата ложа на Југославија при формирањето на Големата ложа на Бугарија, како и можните импликации за мирната понатамошна работа.

Македонските масони набргу ја донеле одлуката и потем уследиле низа активности, кои подоцна се покажале како вистински решенија за успешно интегрирање на македонските браќа во масонскиот свет!

Нашите масони си поставиле приоритет: самостојно да се обидат да станат дел од светското слободно ѕидарство. Им се заблагодариле на браќата од Големата ложа на Југославија и побарале ослободување од понатамошни обврски кон оваа Голема ложа. Без никаков проблем и со должното братско разбирање, на овие барања била одговорено позитивно.

Понатаму, свесни за сложеноста и деликатноста на чекорите кои требало да уследат, како и за неизвесноста која претстоела, македонските масони се договориле да не иницираат нови браќа, се додека иднината на масонеријата во Македонија не биде извесна и потврдена.

Најпрвин било проценето дека Австрија, односно Големата ложа на Австрија, со својот интерес и присутност на Балканот би можела да помогне да се дојде до целта. Со помош на еден австриски дипломат (февруари 1997), бил направен и првиот контакт со Големиот мајстор на Австрија. За жал, не дошло до посакуваната завршница. Но, веста за интересот и потребата на македонските масони да станат дел од братскиот ланец, била обзнанета и за неа било разговарано на собирите на големите мајстори на Големите ложи на Европа.

Тогаш уследил и првиот контакт со Големиот секретар на ОГЛА, братот Michael Higham, во септември 1997 година. Тој тогаш, како и на низа состаноци кои уследиле во Лондон, со сегашниот Голем мајстор на Македонија и други браќа, ги обезбедил сите потребни податоци за постоењето, работењето и потребата на браќата од Македонија. Тој се одлучил да му препорача на релевантното тело во оваа голема ложа да ја втемели и освети националната Голема ложа во Македонија. Оваа одлука не била донесена пред да бидат дадени гаранции дека степенот на демократија, заштитата на граѓанските и човечки права во Македонија е на такво ниво, кое дозволува постоење на ваква организација и обезбедува нормална работа. Ова истовремено подразбирало дека е загарантирана и личната безбедност на македонските масони. Постапката, мошне опсежна и со големо внимание водена, била спроведена и траела се додека, конечно, Големиот мајстор на Големата обединета ложа на Англија, Војводата од Кент не ја дал својата согласност!

Согласно со принципите на регуларно пристапување во Братството, македонските браќа, во постапка предвидена со Конституцијата на Обединетата голема ложа на Англија, биле примени за членови на 11 лондонски ложи, во средината на 1998 година. Тоа бил голем успех на македонската масонерија: со тој чин, таа добила панпланетарен легитимитет, односно – со право можела да тргне во потрага по сопствените корени, дури и кон слободно барање на сопствената митологија! Тоа е така затоа што кога почнува историјата, митологијата станува нејзина легитимна и дозволена пред-епизода!

Првата ложа во Македонија, ложата “Скопје број 9721” заведена во регистерот на Големата ложа на Англија, била осветена во Скопје на 02.10.2000 година, од страна на Големи Офицери на ОГЛА кои по тој повод го предале Чартерот (Повелбата), која дава право на Ложата “Скопје” да работи како масонска работилница, во мир и хармонија, и како што масоните во светот тоа го прават - да иницира нови членови.

Првата ложа, која и денес работи на англиски јазик во знак на почит кон основачот - Мајката на светската Масонерија, работела под заштита на Големата ложа на Англија. Со тоа, на масонскиот свет му било декларирано дека за слободното ѕидарство во Македонија се задолжени тие браќа, и дека треба да им се даде доволно време на македонските слободни ѕидари за да се организираат и да се подготват за самостојна работа.

Втората потребна ложа, а првата ложа во историјата на Македонија која работела на македонски јазик била “Ложата на Единството бр. 9749”, осветена на 8 февруари 2002 година.

Бројот на новите иницирани браќа наскоро довел до формирање и на трета ложа, “Ложата Бели Мугри, бр. 9765”, која била осветена на 20 јуни 2003 година.

Со тоа, бил исполнет предусловот да биде формирана Голема ложа - односно 3 регуларни ложи, што значи - доволен број на Мајстори Масони, и доволен број браќа способни да обезбедат нормална работа.

Следниот чекор подразбирал и одлука на регуларната Голема ложа, која би го направила конечното, највозвишеното - да го внесе Светлото во Големата ложа на Македонија. До тој момент Обединетата големата ложа на Англија, односно Големиот Мајстор се немале изјаснето за нивната улога во овој чин. Внимателно го следеле работењето на македонските браќа и конечно, задоволни од она што се случувало во македонските ложи во текот на изминатите 8 години, изразиле подготвеност Консекрацијата на првата масонска Голема ложа во Македонија да ја направи Обединетата Голема ложа на Англија. Македонските масони, почестени од вниманието, со големо задоволство го прифатиле предлогот. Соодветна одлука била обзнанета и прифатена на состанокот на ГЛ на ОГЛА на 14 септември 2005 година. Посебно значајно е тоа што ОГЛА многу ретко, низ историјата, се решавала на таков чекор; поточно, вторпат во последните 100 години, се одлучила самостојно да го внесе Светлото во некоја друга Голема Ложа!

Консекрацијата на Големата Ложа на Македонија, најсвечениот чин, трпеливо очекуван повеќе од 10 години регуларна македонска масонска историја (не сметајќи ги оние претпоставени години и векови на митското масонско македонско време), се случила на 30 септември 2006 година. Во перфектна церемонија Големи офицери од Обединетата Големата Ложа на Англија предводени од MW Bro. the Most Hon. the Marquess of Northampton, DL Pro Grand Master of the United Grand Lodge of England, го внесоа Светлото во националната Голема Ложа на Македонија, симболично доверувајќи ја самостојноста и рамноправноста во идното работење. Во таа церемонија беше устоличен Големиот Мајстор на Големата Ложа на Македонија кој потоа ги назначи и устоличи своите големи офицери.

На овој масонски собир учествуваа официјални делегации од 15 земји од Европа и Светот, предводени од нивните Големи Мајстори и уште многу други гости, кои овој масонски собир го направија незаборавен и величествен настан во севкупната македонска историја.

Големата ложа на Македонија успешно работи. Веќе е призната од страна на голем број Големи Ложи од Европа, Америка и светот. Најзини претставници редовно се поканувани и присуствуваат на разни масонски собири во светот, а исти присуствуваа за првпат и на осмата светска конференција на Големите масонски ложи која се одржа 2006 година во Париз каде беше претставена со уставното име на државата со сите масонски почести.

Официјална веб страна на масоните

http://www.glm.org.mk/mk/introduction_more.html
 
Член од
28 март 2006
Мислења
18.047
Поени од реакции
12.831
Не е така, Лурц. Текстот е дилетантски а балканскиве весници се полни со заверашки текстови. Една работа е масонеријата и нивните заложби, а сосема друго е да се тврди „со сигурност“ дека, на пример, Н. Груевски е масон а да не се дадат никакви аргументи. Тоа е благо речено, несериозно. Јас би го разбрал ова доколку се шпекулира или се претпостави, но да се тврди со сигурност а да не се дадат никакви докази е жута штампа.
За Груевски не знам, но можеби лицата кои истражувале имаат одредени посредни докази или индиции.
Проблемот со вакви теми е што ниедна од нив не може да се потврди со директни докази, снимки, документи...туку само со посредни. Се случуваа поголем број такви коинциденции, наводи, подоцнежна соработка... кои служат како посредни докази (индиции за поврзаност, коинциденции, подоцнежни заеднички настапи и истапи...), но генерално е кога се работи за вака моќни организации (инфилтрирани и во власта, медиумите, блоговите,...) непосредни докази не можат да се обезбедат. Затоа и остануваат во доменот на завери и шпекулации.

Ако од друга страна го браниме ставот -не, ниеден од нив не учествувал во вакви организации, ниту бил под нивно влијание- тогаш што добиваме. Со оваа изјава се доведуваме до шпекулација, а не факт дека нема масони кои и штетеле и ја разнебитувале Македонија и нејзините духовни и световни богатства. Значи во тој случај можно е да имаме 2 страни со засебни шпекулативни вистини, а која е вистинската? онаа која истите тие друштва ќе ја филтрираат низ своите медиуми.
Во врска со контролата, прикривањето на вистините...да се потсетиме дека само накратко излезе на виделина еврејството (нивниот повик на војна против Германија, бојкотот на германска роба...) како една од причините за 2 св. војна...за жал сето тоа тивко се "заборави".
 

Kajgana Shop

На врв Bottom