Масони во Македонската политика

Член од
24 март 2010
Мислења
15.164
Поени од реакции
25.682
Да не претерувам, но кај ВМРО-ДПМНЕ доминира масонското крило за Балканот и јас лично во масонството не гледам ништо лошо. Кај СДСМ е видливо влијанието на Илуминатите кои не можат да се пофалат со добри дела за човештвото. Нивната тесна врска со Џорџ Сорос преку неговото лево маде за Македонија - Милчин, јасно кажува кои се.
Во ВМРО-ДПМНЕ има масони на клучни позиции и вршат влијание за некои проекти, особено за СК 2014, тоа е точно. СДСМ не би рекол дека е блиска до некои такви тајни структури, сепак Сорос фондацијата иако е богата нема толку моќно влијание во светот. Неколку пати во последниве години стратешки погрешија, не би го направиле тоа да имаа моќна струкура позади која би ги подучувала.
 
Член од
24 ноември 2005
Мислења
3.233
Поени од реакции
391

Проблемот кај нив е веројатно како што го опиша. Факт е дека зад нив стоеше во извесен период моќна структура која преку нивното владеење сакаше да реализира некои свои цели во Македонија и на Балканот. Ако малку подетално ги анализираме нивните постапки во периодите кога биле на власт, вклучително и начините на кои ги добивале изборите бидејки на ниедени избори победата не им била баш сосема чиста а уште помалку убедлива како и познатите изборни манипулации, тогаш недвосмислено ќе дојдеме до заклучок дека некаква поддршка или пак подучување од центри на моќ имало, како и директно помагање кое сеуште го имаат од разни во најмала рака „чудни“ извори. Би се согласил со тебе дека веројатно во мигов ја немаат таа поддршка како што некогаш ја имале бидејки центрите на моќ можеби се во некој смисол разочарани од слабиот ефект на нивното владеење, или пак им се смениле интересите...или пак актуелната поделбата на влијанијата во светски рамки тоа го наложува. Но, останувам на тврдењето дека СДСМ како политичка опција, доколку зборуваме за припадност кон некакви конспиративни здруженија во светски рамки, според мене гравитира мнгу повеќе кон илуминатите одколку кон масоните.
 
Член од
4 мај 2009
Мислења
2.476
Поени од реакции
5.544
Но, останувам на тврдењето дека СДСМ како политичка опција, доколку зборуваме за припадност кон некакви конспиративни здруженија во светски рамки, според мене гравитира мнгу повеќе кон илуминатите одколку кон масоните.
Може да објасниш како СДСМ гравитира кон илуминатите?
 
Член од
24 март 2010
Мислења
15.164
Поени од реакции
25.682
Може да објасниш како СДСМ гравитира кон илуминатите?
Па илуминатите се историја а СДСМ гравитира да стане тоа.:)

Не сериозно, не сакам да му изигрувам адвокат, ама валда мислеше дека СДСМ секогаш добивала поддршка од извори кои за возврат барале нешта што во најмала рака се неморални и некој од нив има само голема лична корист а никаква за општеството. Е, сега под силно влијание на ширачите на теории на заговор тие центри на моќ ги нарекуваме илуминати, иако мислам дека тој наслов е тотално погрешен.
 
Ќе почекам на објаснувањето од Мандрак...
 
Член од
24 ноември 2005
Мислења
3.233
Поени од реакции
391
Ќе почекам на објаснувањето од Мандрак...
Просто и едноставно. Ако се земе во обзир дека масоните по дефиниција се градители и доброчинители за општествата, а илуминатите по многу нешта се сосема спротивни на нив, само по себе е јасно кој каде припѓа и гравитира доколку зборуваме за припадност кон конспиративни групации во светски рамки. Освен желба за исклучиво лична корист при спроведување инструкции од надворешни центри на моќ, таа партија нема ништо добро сторено за народот и оваа држава туку спротивно, штета во секој поглед и за секого со далекусежни последици, токму онака како што е инструирана од своите падрони.
 
Твојот одговор навлегува во оценки на политиката и резултатите на ВМРО и СДСМ а тоа не ми беше целта во дискусијава. Башка, не мислам дека ВМРО е градител а СДСМ е уривач, ова ми е симплистичко интерпретирање -- инаку не сум ниту член, ниту симпатизер на ниедна од овие партии. Мислам на градење во поширока смисла, не само во однос на споменици, музеи, итн. -- градење перспектива, демократија, итн. Се разбира, секој има право на оценка. Но, да ја оставиме политиката настрана. Масоните се континуирано присутни како организација 300 години, со јавно прогласена програма, цели, критериуми за членство, храмови, итн. Илуминатите биле формирани во 1776 во Баварија (речиси во исто време со регуларната масонерија во Англија) но како организација постоеле релативно кратко и имале (според мене) помало влијание. Иако има теории (претежно од заверашки тип) дека илуминатите постојат до денес, ниедна од тие теории нема сериозна поткрепа. Инаку, не би се согласил дека илуминатите и масоните се сосема спротивставени во своите идеи -- напротив. Имаат неколку битни сличности: двете организации се од затворен тип со елитистичко членство, промовираат деизам (базиран на гностичка философија), потрага по идеал и усовршување, и промена на општеството. Адам Вајсхаупт, основачот на илуминатите бил и масон -- бил инициран во ложата Theodor zum guten Rath во Минхен, една година по основањето на илуминатите. За сево ова постојат историски документи. Поради сево ова поврзувањето на ВМРО со масонството, а на СДСМ со илуминатите изгледа симплистички и несоодветно.
 
Член од
4 мај 2009
Мислења
2.476
Поени од реакции
5.544
Името и влијание на тајните организации
http://macedonianspark.com/mk/vesti/statii/597-2011-07-28-01-49-18
Но, сите тајни друштва во Македонија се под контрола на Језуитите и Илуминатите...Бидејќи во Македонија владеат тајните друштва, тоа значи дека во Македонија владее злото. Затоа, тајните друштва во Македонија се малигно ткиво на општеството.“

Све „суви“ факти поткрепени со нула докази од заверашки сајтови. Каша-попара од незнаење и бладање.
 
Bratot

Стоик и Машкртник!
Член од
27 јануари 2007
Мислења
17.089
Поени од реакции
4.498
Ти уште не ни достави слики од тебе со Масоните? Барем да ја скенираше дипломата за виши курс по масонерија. :)

Ако продолжиш да тролуваш на темава, без никаква конструктивна намера, ќе ти биде одземено правото на дискусија.
 
Да ВИ доставам? ВАМ? Сега сте двајца селски курнази? :) Текстот кој го линкуваше е компилација од произволни набадања по интернетов и не нуди никакви издржани анализи ниту докази. Бујрум, докажи го спротивното и не ми мрчи за тролање. Аматеризмот на текстов коинцидира со твоите познавања на темата па се` што ти преостанува е да се џилиташ со твојата модераторска моќ. ;)
 
Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
43.342
Поени од реакции
79.152
Во текстот навистина отсуствуваат докази, а тврдењата се нафрлани. Језуити и илуминати владеат по светов? Тоа е дел од веќе општо позната теорија на заговор. Само уште чекам дека у некоја реченица ќе се спомне дека Груевски се претвара у гуштер, коа никој не го гледа.
Ме чуди Братот (кој обично има прилчно аргументиран настап) што го брани пишаното у текстот, кое не може да се одбрани.
 
Член од
19 март 2011
Мислења
18.984
Поени од реакции
40.195
Името и влијание на тајните организации
http://macedonianspark.com/mk/vesti/statii/597-2011-07-28-01-49-18
Јас го прочитав текстот, и се згазив од смеење. Толкав аматеризам и испомешани поими одамна немам видено...

Секое клипче на интернет посветено на завери и на новиот светски поредок нуди порелевантни информации од овој текст...
 
Bratot

Стоик и Машкртник!
Член од
27 јануари 2007
Мислења
17.089
Поени од реакции
4.498
Кога нешто не се разбира и не се прави напор да се разбере, најлесно е да се исмее.

Доколку ги погледнете сите чекори кои ги прават нашите политичари и доколку ги погледнете протоколите за масонските заложби, би требало барем за момент да се запрашате за симптоматичноста, како знак на предупредување дека нешто постои, дека нешто се јавува во таква форма.

Не знам искрено, како тоа интелигентни индивидуи, наместо да бидат проактивни во препознавањето на симптомите, одбирате симплифицирана верзија на реалноста.

Ете го извештајот на ЦСИС во сликите, со подвлечени делови јасно потврдувајќи го текстот.
Имате интернет чим куцкаме заедно, проверете што е ЦСИС.

Ви требаат поголеми докази за прекумерното трошење на Владата со цел задолжување кај ММФ од оние градежни потфати и грдо аранжирани статуи на плоштадот?
Колку пати сум ги бранел ВМРО кога сме дискутирале за политика, па и јас имам очи и разум, да видам дека нешто не чини, дека ги користат патриотските чувства за расипништво, а истовремено туркаат политика поразителна за Македонија.

Од каде ли да почнам последно....Писмо од Јохан? (каква изнудена глупост и срам)
Од терористи во министри?
Територијалната поделба која тивко се применува?
Албански официјален јазик?
Губење на националната држава на Македонците преку деформирањето на Уставот?
Разградување на Државниот Универзитет преку формирање на многубројни приватни, со истите проф.кадри, но со намалени критериуми и како резултат ќе бидат уште понеквалификувани кадри?
Игнорирање на криминалот во МПЦ и антидржавните дејствувања на одредени Владици во корист на СПЦ и ГПЦ?
Зарем не е чудно што МПЦ има најдобри односи баш со Ватикан и РКЦ?
Привидна и селективна лустрација само на политички противници?
Туркање медиумски пропаганди за промена на име со фалшиво зачувување на “идентитетот“?
Тужбата во ХАГ наместо за докажување ништовност на Интерим Договорот, ние бараме негово исполнување и почитување???
Кога сите знаеме дека целта на тој договор е промена на име и откажување од националните симболи и македонската историја?
Мислев и очекував да постои јавна свест за сите овие злодела кои се спроведуваат во сила.

Ја пропуштивте темата на Мисирков за ВТО и Кодекс Алиментариус, не сте способни да ја видите позадината на економските прилики во земјава, особено по примерот на Сведмилк и сите учесници во аферата?

Не можете да сфатите што мајка бара втор или трет најголем светски меморијален центар на Холокаустот во Македонија со толку незначителна еврејска заедница и еврејска историја?

Не ви се доволни сликите од други Македонци масони како доказ, кои се на многу пониски функции во државава, да послужат барем како индикација за учеството и на високите функционери, оние кои ја имаат моќта, што е основен интерес на масонеријата и тајните организации.

Зарем малце докази имате при очи од секојдневието за да го видите амбисот во којшто не туркаат?

Што да ви кажам повеќе бе дечки, секој си одбира во што да верува, како да размислува и расудува, колку што некого изненадуваат моиве ставови толку и мене ме изненадуваат луѓето кои повеќе деструктивна желба покажуваат и нег. енергија трошат да се јадат меѓусебно, отколку да седнат и подразмислат заедно.
--- надополнето: Jul 28, 2011 9:55 AM ---
Да ВИ доставам? ВАМ? Сега сте двајца селски курнази? :) Текстот кој го линкуваше е компилација од произволни набадања по интернетов и не нуди никакви издржани анализи ниту докази. Бујрум, докажи го спротивното и не ми мрчи за тролање. Аматеризмот на текстов коинцидира со твоите познавања на темата па се` што ти преостанува е да се џилиташ со твојата модераторска моќ. ;)
Па наврати се поназад, доколку нешто си пропуштил. Мене лично ништо повеќе не ми е потребно за да ги разобличам твоите празни думи и уморно тролање на темава.

А што се однесува на твојот “професионализам“, коинцидира со твоите високо аргументирани дискусии на кои инсистираш нели без притоа да ги приложиш доказите за тоа што го произнесе, дека се дружиш со Масони, одиш на нивни церемонии, дека воопшто си прочитал нешто повеќе од она што го пишува на нет или стои на јутјуб со што би го потврдил своето знаење.
Ајде, да се договориме, јас ќе се погрижам за членските книшки на нашите Масони, а ти постирај ни слики од тебе и Масоните.

Имаш време до крајот на денов, ако потфрлиш, или доброволно ќе одјебеш од темава или службено ќе те пацифизирам.
 
H

HITCH

Гостин
Не може овој заговор да е само во Македонија!

Масоните договориле трета светска војна

На последниот состанок на групата „Билдерберг“, која ја сметаат за светска влада во сенка и најмоќното светско масонско здружение било договорено започнување на трета светска војна.

Британскиот весник „Гардијан“ пишува дека оваа година „Билдерберг“ групата била поголема отколку порано, а меѓу останатите гости бил и рускиот олигарх Алексеј Мордашов.

Овде види.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom