- Член од
- 7 октомври 2008
- Мислења
- 6.055
- Поени од реакции
- 6.443
Масоните ја поддржуваат Македонија
Масонството во генерални рамки го прифаќа само уставното име на Македонија и на ниту еден друг начин не ни се обраќа во нивните документи освен Македонија и Македонци.
Сепак, за нив државава е делумно слободна земја, според масонската ложа на Големиот ориент на Франција причината за ваква квалификација е всушност слабото или никакво влијание на масоните во политичкиот живот, и со тоа врз состојбите во Македонија.
Всушност во оваа ложа нема ниту еден политичар. Но сепак, нивното братство подразбира и влијание врз одлуките во другите земји кои се однесуваат на Македонија - промена на името, македонското малцинство, но и основање на македонски политички партии во соседните земји.
Што се однесува до моменталната политичка ситуација во Македонија, масоните се апсолутно против веронауката во училиштата, за што пак тврдат дека не извршиле никакво влијание врз нејзиното паѓање во Уставниот суд.
Ова се само дел од принципите и карактеристиките на масонската ложа на Големиот ориент на Франција. Во неа има 30 Македонци кои за прв пат во Скопје организираат Конгрес во петок, каде учествуваат масони од Франција и Источна Европа.
Интересен е податокот дека некои македонски масони се дел од грчко-бугарската ложа, кои свој огранок имаат токму и во Македонија.
Izvor:A1