Мала помош за влез во програмирање

  • Креатор на темата Креатор на темата Max Stew
  • Време на започнување Време на започнување
Абе јас ве прашав од каде да почнам да учам за да си поставам главното основата.Основни команди и која за што служи.Започнав со учење на Python на codeacademy.Ама некако тешко оди со Python не е толку добро објаснето.Англиски перфект разбирам,математика супер ми оди отсекогаш.
Udemy
 
Јас само еден совет имам за тебе, Javascript во моментов е ин, и секаде се користи, ако научиш JS и React, ти гарантирам работа во фирма во Скопје за некаде 500 еур плата, нит факултет нит ништо ти треба, ако си поснаодлив и 1000 еур како фронт енд девелопер.

Ако научиш и Node.js / Express тогаш можиш да работиш на интерент со месечна заработувачка од 1000 - 5000 еур.

То е во моментов.

ПС. Гледај да завршиш факултет, оти можи да заклучиш дека програмирањето не е за тебе, па стварно ќе ти треба дипломата за некаде :)
 
Може да ми ги објаснете поимите фронт енд девелопер и што е Node.js.Еден од вас ме советува да научам прво Ц++ па птоа јава скрипт и другите.Сега ми велите Java Script.Иначе React за што се користи точно за правење веб страни или апликации?
 
React е javascript framework од Facebook и со него е изработен практично frontend -от од Facebook т.е. делот што ти го гледаш во browserot кога си на фејсбук.

Значи од самото тоа веројатно почнуваш да заклучуваш што е frontend девелопер, тоа е дeлот со кој што web апликацијата комуницира со посетителот.
 
Последно уредено:
Јас само еден совет имам за тебе, Javascript во моментов е ин, и секаде се користи, ако научиш JS и React, ти гарантирам работа во фирма во Скопје за некаде 500 еур плата, нит факултет нит ништо ти треба, ако си поснаодлив и 1000 еур како фронт енд девелопер.

Ако научиш и Node.js / Express тогаш можиш да работиш на интерент со месечна заработувачка од 1000 - 5000 еур.

То е во моментов.

ПС. Гледај да завршиш факултет, оти можи да заклучиш дека програмирањето не е за тебе, па стварно ќе ти треба дипломата за некаде :)
Аман не треси зелени и не го лажи детето, толку ќе ти кажам само. Поголема глупост од постов на оваа тема одамна неам прочитано.
 
Во кој дел тресам глупости ?

И за детето, само ќе кажам јас не сум гаталец, јас сум паталец. Од програмирање живеам 20 години, од кои 14 сум freelancer.

Инаку програмирам повеќе од 30 години. Почнав да програмирам од асемблер на Spektrum и Commodore, шпагети, функционално, објектно, визуелно и евент програмирање. Basic, Fortran, Pascal, Delphi, Visual Basic, C#, Perl, PHP, Javascript. Факултетот го завршив правеќи програми за професори и асистенти кои со нив докторираа и магистрираа.

Значи решавање на деференцијални равенки со неколку непознати, оптимизирање на машински и електрични склопови. Значи математика и физика колку сакаш.

И тоа програмирање ми помогна само да го завршам факултетот и за ништо понатаму :)
 
Последно уредено:
Ахам,а да продолжам со Python и паралелно да учам C++ или да откажам Пајтон да почнам ц++.
Продолжи со Пајтон како најлесен за почетници, па понатаму по ред. Интересен е за учење и не брзај и не прескокнувај чекори. Гледај да научиш, а не веднаш да заработиш.

Sent from my Mi A1 using Tapatalk
 
Значи се што ќе научам за Јава Скрипт кодови ќе го употребам во Node.js или React и ќе излезе продукт на сето тоа што сум го научил и употребил или сум грешка.
 
Прво научи ванила js, нели предуслов е да си запознаен со ХТМЛ и ЦСС, под научи мислам да работиш со јазикот некое време (можеш и со jquery ко најлесна опција колку да навлезеш), не туторијали да читаш и да гледаш, а тоа може да потрае. После за понатаму можеш да мислиш да фатиш некој од фрејмворциве.
 
Во кој дел тресам глупости ?

И за детето, само ќе кажам јас не сум гаталец, јас сум паталец. Од програмирање живеам 20 години, од кои 14 сум freelancer.

Инаку програмирам повеќе од 30 години. Почнав да програмирам од асемблер на Spektrum и Commodore, шпагети, функционално, објектно, визуелно и евент програмирање. Basic, Fortran, Pascal, Delphi, Visual Basic, C#, Perl, PHP, Javascript. Факултетот го завршив правеќи програми за професори и асистенти кои со нив докторираа и магистрираа.

Значи решавање на деференцијални равенки со неколку непознати, оптимизирање на машински и електрични склопови. Значи математика и физика колку сакаш.

И тоа програмирање ми помогна само да го завршам факултетот и за ништо понатаму :)

Сам си го одговори прашањето. Гледаш, кога програмираш толку време и си поминал доста, забораваш како е да си почетник. Неможиш така да размислуваш. На дете од 14 години му викаш научи JS, React и незнам што и одма плата 5000 евра. Тоа што го кажа е wrong on so many levels. Значи детето нема апсолутно никаква појма од IT светот. Тоа е тоа што ти не го земаш во предвид, а го земам јас. Значи на апсолутен почетник што нема ама апсолутно никакво познавање од програмирање и се околу тоа да му речеш земи цел stack научи и терај е тотална лудост. Исто ко да треба да полага за кола ти му викаш дојди повози го авионов прво па после ќе мислиш на колата. Друго е на некој шо програмирал C++, C, Java, знае мрежи, знае основи како работат работите малку low level, да му го кажиш ова. Затоа сум и против учење на јазик како Јаваскрипт или Пајтон за почетник. Како почетник тој треба да совлада основни концепти на програмирање. Мора да има допирна точка колку и да е мала со low level делот, не можи да не знај поинтер што е. Еве ќе дадам пример што спомнав претходно. Ќе треба да учи ООП Јаваскрипт. И што ќе научи и разбере знајш? Ништо. Јаваскрипт има различен пристап кон ООП, кој што е различен од мејнстрим јазиците. Имаш измешано доста работи. Имаш класи, наследување ама уствари немаш, се во позадина ти објекти, прототипи, чуда. Зошто дополнителни компликации? Ем нема да научи некои основни концепти како поинтери, ем ќе учи работи што после кога ќе ги види во Јава ќе бидат различни(зборам ако СТВАРНО научи како работи уствари ЈС). Затоа останувам на тоа дека вакви јазици не се добри за почеток и скокање на основни работи не е добро. Инаку се надевам не звучам навредливо и нападно, пробувам само да го насочам детето на прав пат, се надевам нема замерки. Поздрав.

P.S: Во случај да се одлучиш да учиш Јаваскрипт, ова не смееш да го заобиколиш: https://github.com/getify/You-Dont-Know-JS. Од кај и да учиш, ова мораш да го прочиташ ако сакаш да знаеш што правиш како што треба.
 
Последно уредено:
Сам си го одговори прашањето. Гледаш, кога програмираш толку време и си поминал доста, забораваш како е да си почетник. Неможиш така да размислуваш. На дете од 14 години му викаш научи JS, React и незнам што и одма плата 5000 евра. Тоа што го кажа е wrong on so many levels. Значи детето нема апсолутно никаква појма од IT светот. Тоа е тоа што ти не го земаш во предвид, а го земам јас. Значи на апсолутен почетник што нема ама апсолутно никакво познавање од програмирање и се околу тоа да му речеш земи цел stack научи и терај е тотална лудост. Исто ко да треба да полага за кола ти му викаш дојди повози го авионов прво па после ќе мислиш на колата. Друго е на некој шо програмирал C++, C, Java, знае мрежи, знае основи како работат работите малку low level, да му го кажиш ова. Затоа сум и против учење на јазик како Јаваскрипт или Пајтон за почетник. Како почетник тој треба да совлада основни концепти на програмирање. Мора да има допирна точка колку и да е мала со low level делот, не можи да не знај поинтер што е. Еве ќе дадам пример што спомнав претходно. Ќе треба да учи ООП Јаваскрипт. И што ќе научи и разбере знајш? Ништо. Јаваскрипт има различен пристап кон ООП, кој што е различен од мејнстрим јазиците. Имаш измешано доста работи. Имаш класи, наследување ама уствари немаш, се во позадина ти објекти, прототипи, чуда. Зошто дополнителни компликации? Ем нема да научи некои основни концепти како поинтери, ем ќе учи работи што после кога ќе ги види во Јава ќе бидат различни(зборам ако СТВАРНО научи како работи уствари ЈС). Затоа останувам на тоа дека вакви јазици не се добри за почеток и скокање на основни работи не е добро. Инаку се надевам не звучам навредливо и нападно, пробувам само да го насочам детето на прав пат, се надевам нема замерки. Поздрав.

Оти да не знае да програмира Javascript, апликација која може да ја направи во Нотепад и да ја пушти во browser.

Па јас се занимавав со асемблер на 14 години, со една единствена книга и компјутерски списанија од Србија и Хрватска, ниту интернет, ниту форум, ниту наставник имаше да ми покажи.

И едно сум научил, НЕМА ЛОШ ПРОГРАМСКИ ЈАЗИК, ако го познаваш 100%, се можеш да направиш, т.е. чуда можеш да правиш. Има само ЛОШ ПРОГРАМЕР.

Така и за PHP викаа не е прав програмски јазик, ваков е таков, и оп цел Facebook произлезе од него :D

А ова потценување на Javascript само покажува колку врска немаш колку пари можат да се прават во моментов со него.
 
Последно уредено:
Оти да не знае да програмира Javascript, апликација која може да ја направи во Нотепад и да ја пушти во browser.

Па јас се занимавав со асемблер на 14 години, со една единствена книга и компјутерски списанија од Србија и Хрватска, ниту интернет, ниту форум, ниту наставник имаше да ми покажи

Другар и јас сум куцал асемблер уште седмо одделение иако сум многу помлад од тебе, ама поентата е што поарно е така. Поарно е основите да ги научиш порано отколку подоцна. Затоа сум немал проблем ни со C, ниту C++ ниту ништо понатака. Многу е тешко да куцаш нешто а да не знајш како работат нештата. Многу работи нема да ти се јасни. Јас барем сум таков, не знам, можеби секој различно размислува и функционира. Ни од процесор има појма ни од рам ни курац. И ти ќе му објасниш node.js и тредови што се.. Сепак негова одлука си е.[DOUBLEPOST=1522677731][/DOUBLEPOST]
А ова потценување на Javascript само покажува колку врска немаш колку пари можат да се прават во моментов со него.

Грешно си ме сфатил, никаде не го потценив Јаваскрипт. Го сакам Јаваскрипт, иако се пронаоѓам најмногу во C++. Кажав само дека има малце различен, но интересен пристап кон работите. И пак, не збори глупости. Колку некој прај пари со еден јазик толку друг прај со друг .Програмерот си ги бира алатките во однос на работата. Нема лош и добар јазик, само јазик во кој подобро и поефикасно ќе го завршиш тоа што ти треба. И во Ц можиш да куцаш ООП ама со друг ООП јазик тоа ќе го направиш десет пати подобро. И што ако сега се ин некои работи? Пред десет години други беа. Се менуваат работите.
 
Последно уредено:
И што ако сега се ин некои работи? Пред десет години други беа. Се менуваат работите.

Лани да ме прашаше друго ќе му кажев, ама сега во овој момент ваква е работата и му кажувам како најлесно ќе научи програмирање и плус има можност да прави пари.

А детето тоа си праша. Вие зедовте да му кажувате математика, физика, прав програмски јазик (за мачо програмери најверојатно) и триста други глупости.
 
Дефинирајте ми го зборот ООП.Ќе преќинам со учење на Пајтон на codeacadamy оти јас оште не сум си ставил основа,а таму ми дава вежби и кодови.Ќе почнам со Ц++ изучување како што даде корисникот погоре од мендо.мк.Освен тоа сакам и да се надоградувам во знаењето и од други места.Дадете и другите пак книги,видеа каде што може исто да ми помогне за Ц++.Фала однапред.Видов на мендо.мк има добро објаснување за поставување на главната основа.Фала многу.
 
Абе еве нека не се странички и андроид апликации (иако тие се 70% од сите апликации, не знам зошто ги потценуваш), туку нека е апликација за генетски инженеринг или пак AI, што ќе ти помогне математика во тоа ?
Не ги потценувам, далеку од потценување, а во AI и тоа како ќе ти помогне математика.
На рутракер ги има скоро сите од удеми на гага :)
Во кој дел тресам глупости ?

И за детето, само ќе кажам јас не сум гаталец, јас сум паталец. Од програмирање живеам 20 години, од кои 14 сум freelancer.

Инаку програмирам повеќе од 30 години. Почнав да програмирам од асемблер на Spektrum и Commodore, шпагети, функционално, објектно, визуелно и евент програмирање. Basic, Fortran, Pascal, Delphi, Visual Basic, C#, Perl, PHP, Javascript. Факултетот го завршив правеќи програми за професори и асистенти кои со нив докторираа и магистрираа.

Значи решавање на деференцијални равенки со неколку непознати, оптимизирање на машински и електрични склопови. Значи математика и физика колку сакаш.

И тоа програмирање ми помогна само да го завршам факултетот и за ништо понатаму :)
Еве и ти си учел и си го применувал тоа што си го научил, зошто се негираш самиот? Самата логика се развива со математиката и проблемите што ги решаваш таму, дури и никогаш да не ти затреба да применуваш некоја теорема на Ојлер, Коши, Гаус....учејќи го тоа си развил пристап за решавање на комплексни проблеми.

Јас само еден совет имам за тебе, Javascript во моментов е ин, и секаде се користи, ако научиш JS и React, ти гарантирам работа во фирма во Скопје за некаде 500 еур плата, нит факултет нит ништо ти треба, ако си поснаодлив и 1000 еур како фронт енд девелопер.

Ако научиш и Node.js / Express тогаш можиш да работиш на интерент со месечна заработувачка од 1000 - 5000 еур.

То е во моментов.

ПС. Гледај да завршиш факултет, оти можи да заклучиш дека програмирањето не е за тебе, па стварно ќе ти треба дипломата за некаде :)
Ти му викаш оди прво вози на рели во планина оти тоа е платено, а после ќе научиш да тргнуваш со колата и како да менуваш брзини.
Со Angular имам другар што работи во Македонија за Германска плата, арно ама почетник не може да го научи тоа преку ноќ, а и друга работа што ако тргне да скока од еден на друг фрејмворк тешко него, друга работа детево прашува за нешто што ќе треба да го работи во најдобар случај после 8 години (доколку учи факултет), дотогаш прашање дали воопшто ќе ти требаат голем дел од програмскиве јазици, можеби AI ќе програмира наместо тебе.
https://www.express.co.uk/news/science/776170/AI-RISE-OF-THE-MACHINES-computers-code-THEMSELVES
Нека научи прво да оди, па после ќе трча, кога тогаш ќе се сопне ако нема основа.
 
Последно уредено:

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom