Малата вистина за машките...

Крусер

Тотем Пума
Член од
4 јули 2008
Мислења
3.552
Поени од реакции
1.606
Ајде и мои видувања на ова:

Ако се облекуваш убаво, ти си роб на модата
Појаснување: ако се облекуваш убаво и/или ставаш шминка и/или лакираш нокти и/или миеш коса и слично кога треба да готвиш, чистиш, (можеби) копаш нива и слично - *тогаш* си роб на модата.
Во секој друг случај, и тоа како е пожелно да изгледаш убаво, бидејќи си девојка. А машкото сака да има згодна девојка покрај себе.


Ако се облекуваш провокативно, ти си к*р*а
Дискутабилно... Ако се облекуваш провокативно и меѓу другото го провоцираш и оној кој те бендисува и кого го бендисуваш и тоа доведе до голема меѓусебна страст, никој, ама баш никој нема да те осуди што тоа си го сторила.
Со други зборови - ако ти успее провокацијата, браво и сите ќе го одобруваат тоа. Ако не ти успее, ќе имаат само на што да се ситат. Но тоа не би требало да те спречи да пробаш.


Ако се расправаш со него, ти си тврдоглава
Дискутабилно... Ако го браниш својот став и ако тој се покаже за точен, повторно секој ќе застане на твојата страна. Ако не се покаже за точен, ќе застанат (најверојатно) на другата страна.
Уште еднаш - се работи за стил на однесување. Ако е ефикасен - добар е. Ако не е ефикасен - не е добар.


Ако си потивка, ти си глупава
Хм... за време на опера би требало да се клештиш? Не би рекол...
Уште еднаш - се работи за стил. Потивките им одговараат на некои мажи, погласните на други. Индивидуално е.


Ако му се јавиш, ти си зависна од него
[САРКАЗАМ]„Здраво срце. Се вели дека на патот накај Дебар ќе има одрони, па можеби не е добро да одиш таму. Не ќе ти кажев, ама ептен сум зависна од тебе. Ништо лично“.[/САРКАЗАМ]


Ако тој ти се јави, треба да бидеш благодарна
Па, ако го сакаш, самото тоа што го слушаш ќе ти биде радост. Не „треба“ ништо.


Ако не го сакаш, ќе стори се за да те освои
Глупост невидена. Тој ќе се труди да те освои ако *тој* тебе те сака. Ти тука немаш влијание колку тој ќе се труди. Твое е само да му овозможиш да те освои, ако сакаш (мажите обично сакаат да освојуваат, а жените обично сакаат да им остават простор на мажите да мислат дека ги освојуваат)


Ако го сакаш, ќе те остави
Уште една глупост невидена. Не зависи *само* од тебе дали ќе те остави. И тој има свој удел тука.


Ако не сакаш с*кс со него, не го сакаш
Не сосем прецизно - ако *никогаш* не сакаш секс со него, не го сакаш. Ако си болна, менструираш, зафатена итн и не сакаш секс со него, тој би требало да те разбере (ако е маж на место, јасно).


Ако сакаш, премногу си лесна
Тој: Здраво, Ти. Секс?
Ти: Не!
...
Тој: Здраво, Ти. Секс?
Ти: Не!
...
Тој: Здраво, Ти. Секс?
Ти: Не!
...
Тој: Здраво, Ти. Секс?
Ти: Не!
Тој: Здраво, Друга. Секс?
Друга: Да!
Ти: ...

Со други зборови - немој да бидеш ни премногу „тешка“, зашто потребна е одредена „леснотија“ за да има добар сексуален живот меѓу вас двајцата. Мажот не сака премногу компликации кога е сексот во врска и не треба да се сметаш за „лесна“ ако имате секс кога тој ти бара (инаку ќе почне да бара на друго место).


Ако му ги кажуваш своите проблеми, досадна си
Не е точно. Мажот сака да биде целосно маж, т.е. да знае дека може да ти помогне во секое време, на секој начин. Јасно, не треба да претеруваш со кажување на своите проблеми, т.е. треба да знаеш кога треба да му ги соопштиш а кога не (помош: за време на секс - не!)


Ако не му ги кажеш, не му веруваш
Не, туку само смета дека можеш да се носиш со нив. Ќе ти помогне ако му кажеш дека ти треба помош. Тој не може да ти ги чита мислите.


Ако го поправаш кога ќе згреши, ти си лоша
Тој: Душо, на колку време да го оставам ова да се вари?
Ти: Не сакам да бидам лоша, љубов моја. Направи како што мислиш.
*горење на тенџерето, палење на кујната итн*

Наравоучение: ако треба да бидеш лоша заради повисока цел - биди лоша.


Ако тој го прави тоа, го прави за твое добро
Види го претходното и аналогизирај.


Ако го прекршиш ветувањето, ве тебе не смее да се верува
Не е дека не *смее*, туку дека ќе биде попретпазлив кон тебе во иднина и ќе има веќе некоја резерва. Секогаш е подобро да искомуницираш со него и да му објасниш како дошло до тоа. Ако си имала добра причина да го прекршиш ветувањето, веројатно е дека ќе прифати и ќе продолжи да ти верува како и до тогаш.


Ако тој го стори истото, морал
Види го претходното и аналогизирај.


Ако го изневериш, за вас е крај
Ова е само поспецифичен случај на прекршување на ветување. Ако имаш секс со друг освен со него, а сте се договориле дека само со него ќе имаш секс, тоа значи дека си го прекршила тој договор. Јасно, повторно е *можно* да се подобри вашиот однос, иако тоа е тешко. Сепак, не е невозможно и многу зависи од двете страни.


Ако те изневери, сака нова шанса
Види го претходното и аналогизирај.


Ако плачеш, ти си премногу емотивна
Секој има точка на прекршување. Обично жените имаат пониска точка отколку мажите, па не може да се каже дека жената е *премногу* емотивна ако плаче.


Ако тој плаче, не бил вистински маж
Види го претходното. И мажите плачат, само поретко, заради некои поранешни норми. И само кога апсолутно мораат, за разлика од жените, кои плачат кога можат (ова некој мудар го има кажано порано)


Ако лажеш, тоа е катастрофа
Сите лажат. Зависи само за што, колку и со која цел.


Ако лаже, тоа е за да те заштити
Види го претходното.


Ако не ти се допаѓа нешто, ти немаш вкус
Попрецизно - ако не ти се допаѓа нешто што *нему* не му се допаѓа, добро е да имаш образложување зошто. Негово е дали тоа ќе го прифати или не. А на двајцата е какви последици тоа ќе има понатаму.


Ако не му се допаѓа нешто, значи мора да е така
Види го претходното и аналогизирај.
 

Вилинско коњче

It is my party :))
Член од
31 декември 2009
Мислења
550
Поени од реакции
62
Крусер,

Дали може да ми го појасниш ова за сексот - не ми е баш јасно!!
Сакаш да кажеш дека машите разбираат кога на жената не и е до секс --- ааа, извини, да не е поинаку ----мажите секогаш се бунат кога на жената не и е до секс и не се ни трудат да разберат/ дознаат која е причината за тоа!
Позз :smir:

Ајде и мои видувања на ова:

Ако не сакаш с*кс со него, не го сакаш
Не сосем прецизно - ако *никогаш* не сакаш секс со него, не го сакаш. Ако си болна, менструираш, зафатена итн и не сакаш секс со него, тој би требало да те разбере (ако е маж на место, јасно).
 

~angela~

mladiot matematicar
Член од
29 август 2008
Мислења
226
Поени од реакции
25
Ако му се јавиш, ти си зависна од него----SEKAD GO KAZUVAAT TOA
Ако не го сакаш, ќе стори се за да те освои---OVA IDE POD DEFAULT
Ако го сакаш, ќе те остави--I OVA ISTO
Ако не сакаш с*кс со него, не го сакаш---MISLENJE NA MASKITE ZA ZAL
Ако му ги кажуваш своите проблеми, досадна си--DOSADNA SI U SEKOJ POGLED, SAMO MI FALEA USTE TVOITE PROBLEMI
Ако не му ги кажеш, не му веруваш--OVA KOLKU DA NAPRAI KAVGA
Ако го поправаш кога ќе згреши, ти си лоша--TI SI SEKOGAS TAA LOSATA
Ако тој го прави тоа, го прави за твое добро
-- ON PRAVI SE ZA TVOE DOBRO
Ако не ти се допаѓа нешто, ти немаш вкус---SEKOGAS NEGOVOTO MISLENJE E TOCNO
Ако не му се допаѓа нешто, значи мора да е така--MORA DA BIDE PO NEGOVO, PA ON E MASKOTO ILI TI?..ne za dzabe se vika glava an kukata, saka da se pokaze:vozbud:
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.735
Поени од реакции
12.166
Овој список треба да се стави као листа на заповеди у спална...или у кујна, таму више време проаѓа. Или до машина за перење (зависи како го минува денот), нека знае какви се машките покварени створења, само на задњи намери да се мислело, бреј (нема емотиконче за задњи намери па стајв за предни, али намера е намера, битно да е со добра намера, слурп) :pusk: :vozbud:
 
Член од
1 јануари 2010
Мислења
1.931
Поени од реакции
1.473
Прашањава се многу релативни, и како такви ќе дадам релативни одговори.
Ајде одиме!:
Ако се облекуваш убаво, ти си роб на модата
Јок, не мора да си „роб на модата“ за да се облекуваш убаво.
Ако се облекуваш провокативно, ти си к*р*а
Не мора да си курва ако изгледаш убаво.
Ако се расправаш со него, ти си тврдоглава
Постојат и добро аргументирани расправии кои не е се од тврдоглавост.
Ако си потивка, ти си глупава
Не значи дека човек е глупав ако помалку комуницира.
Ако му се јавиш, ти си зависна од него
Не значи дека човек е зависен ако повеќе комуницира.
Ако тој ти се јави, треба да бидеш благодарна
За комуникација не се добива нобелова награда.
Ако не го сакаш, ќе стори се за да те освои
Не би рекол, најчесто нормална постапка е ако не го сакаш да си се тргне на страна, и да си терате секој свој пат.
Ако го сакаш, ќе те остави
За оставање треба причина, а љубовта во чиста ситуација е причина за зближување не оставање.
Ако не сакаш с*кс со него, не го сакаш
Сексот е чисто физичка работа, љубовта е психолошка појава.
Ви текнува на песната: „се ебе со сите, само мене ме сака“? :P
Океј ај да не се зае*авам.
Ако сакаш, премногу си лесна
Не би рекол, не значи дека ако се сака еден, се сакаат огромен број и други „кандидати“ паралелно.
Ако му ги кажуваш своите проблеми, досадна си
Многу е битно во здрава врска да се има комуникација и разбирање. Доколку тие отидат вон хоризонтот не чини работата. Не значи дека ако се има здрава комуникација се работи за досадност.
Ако не му ги кажеш, не му веруваш
Право на свое мислење. Право на молчење.
Ако го поправаш кога ќе згреши, ти си лоша
Не значи дека тој бил во право, идека е добар ако го прави тоа што го прави што и да е.
Не може и не треба поради една сугестија да се окарактеризирува цел карактер тоа е неправилно.
Ако тој го прави тоа, го прави за твое добро
Можеби го прави, можеби не.
Ако го прекршиш ветувањето, ве тебе не смее да се верува
Од еднаш не, од повеќе пати да.
Ако тој го стори истото, морал
Сосем истото важи за двата пола, нема врска.
Ако го изневериш, за вас е крај
Ако љубовта е еднострана, да крај е.
Ако те изневери, сака нова шанса
Ако те изневери баш неќе нова шанса и сака да се оттараси од тебе.
Ако плачеш, ти си премногу емотивна
Зависи од случајот некои случаеви може и стварно да бидат за плачење.
Ако тој плаче, не бил вистински маж
Така е. :)
Заебанција на страна истиот одговор од предходното прашање, без голема разлика на полот.
Ако лажеш, тоа е катастрофа
Катастрофално делува на врската да, ја прекинува, безразлика кој лаже.
Ако лаже, тоа е за да те заштити
Нема врска, одговорот од претходното прашање важи подеднакво и за двата пола.
Ако не ти се допаѓа нешто, ти немаш вкус
Напротив и да не ти се допаѓа нешто, тоа е дел од твојот вкус.
Ако не му се допаѓа нешто, значи мора да е така....
Ако не му се допаѓа нешто значи дека не му се допаѓа нешто во моментот, зависи од карактерот може да остане така пермаментно може да се премисли, значи не мора да е така.
Патем истиот одговор важи од претходното прашање, значи тоа е дел од неговиот вкус.

Брееееееееее!!!!
Колку фрустрации на едно место, машала! :P
Ииии такааааааааааааа. :toe:
 

Крусер

Тотем Пума
Член од
4 јули 2008
Мислења
3.552
Поени од реакции
1.606
Крусер,

Дали може да ми го појасниш ова за сексот - не ми е баш јасно!!
Сакаш да кажеш дека машите разбираат кога на жената не и е до секс --- ааа, извини, да не е поинаку ----мажите секогаш се бунат кога на жената не и е до секс и не се ни трудат да разберат/ дознаат која е причината за тоа!
Позз :smir:

Ајде и мои видувања на ова:

Ако не сакаш с*кс со него, не го сакаш
Не сосем прецизно - ако *никогаш* не сакаш секс со него, не го сакаш. Ако си болна, менструираш, зафатена итн и не сакаш секс со него, тој би требало да те разбере (ако е маж на место, јасно).
Вилинке :smir:,

Жената, еден момент: „Срце, душо, најубав мој, ајде да имаме секс“ и има секс.


Жената, друг момент: „ИДИОТЕ, СМОТАНИЦО, СЕЉАК НИЗАЕДЕН! НЕЈЌАМ ОЧИ ДА ТИ ВИДАМ! ДА НЕ СИ МЕ ДОПРЕЛ!“
Мажот: „Зошто“?
Жената: „ТАКА САКАМ! ДА НЕ ТЕ ВИДАМ!“



Со други зборови: ако жената не сака секс и му објасни на мажот *зошто* не сака, многу е веројатно дека мажот ќе разбере (јасно, ако имаат добра комуникација мешу себе). Муабети од типот „едноставно не ми е до тоа, а не знам зошто или не сакам да ти кажам“ водат до тоа мажот да бара секс на друго место (јасно, откако веќе ќе ги потроши сите сили обидувајќи се да добие секс од својата партнерка, ако вака му прави)
 

Вилинско коњче

It is my party :))
Член од
31 декември 2009
Мислења
550
Поени од реакции
62
Вилинке :smir:,

Жената, еден момент: „Срце, душо, најубав мој, ајде да имаме секс“ и има секс.


Жената, друг момент: „ИДИОТЕ, СМОТАНИЦО, СЕЉАК НИЗАЕДЕН! НЕЈЌАМ ОЧИ ДА ТИ ВИДАМ! ДА НЕ СИ МЕ ДОПРЕЛ!“
Мажот: „Зошто“?
Жената: „ТАКА САКАМ! ДА НЕ ТЕ ВИДАМ!“



Со други зборови: ако жената не сака секс и му објасни на мажот *зошто* не сака, многу е веројатно дека мажот ќе разбере (јасно, ако имаат добра комуникација мешу себе). Муабети од типот „едноставно не ми е до тоа, а не знам зошто или не сакам да ти кажам“ водат до тоа мажот да бара секс на друго место (јасно, откако веќе ќе ги потроши сите сили обидувајќи се да добие секс од својата партнерка, ако вака му прави)
Да, во право си ... потполно се согласувам со тебе :smir:
 

Kajgana Shop

На врв Bottom