Не сум нов во фотографијата, но сега имам малку посериозен пристап и сакам да научам повеќе за квалитетната фотографија. До пред некое време се служев со Сони Ериксон к510и, сега имам Нокиа Е51, а од пред некој ден си земав Никон П50. Зборот ми е, доволно долго пропуштав одлични шанси... Со моите мобилни правев одлични слики и покрај тоа што во овој подфорум не би требало да спомнам мобилен со камера :kesa:
Ова ми е првата фотка со мојата прва, да речам попрофесионална машина...
Кога ја видов сликата на компјутер, забележав дека цветот не ми е во центар - грешка која се средува со кроп... Во PS немам никакво познавање.
Прифаќам критики и совети
сликата ја пуштив и
тука