Македонци го прифаќаат исламот!

Статус
Затворена за нови мислења.
Член од
28 ноември 2011
Мислења
246
Поени од реакции
106
Македонци го прифаќаат исламот!






Од прифаќањето на исламот не се лишени ниту жителите на земјите на Балканот, а една од нив е и Македонија, иако муслиманите на овие простори не оставаат впечаток на поиздигната, почиста и поправедна цивилизација. Покрај тоа, во оваа земја силно е изразен националниот јаз и омразата помеѓу Македонците-христијани и Албанците-муслимани, кој ги подгреал и ги зголемил негативните информации и предрасуди кон исламот. Значи пред се, поради верското необразување и непознавање на основните постулати на верата имало теденции кои негативно влијаат врз разбирањето на исламот.

Но, ете, и во таква средина, во една таква Македонија, последните години се случува одреден број Македонци, значи православни христијани, да дојдат до спознавањето на вредноста и вистинитоста на исламот и се одлучуваат кон враќање кон оваа вера. И во случајот на Македонците, воглавно се работи за млади и образовани луѓе. Секој од нив има своја специфична приказна за тоа како дошол во контакт со исламот и како ја прифатил Аллаховата вера. Но, во суштина одговорите на прашањето како е: преку книгите, пред се Аллаховите зборови – Кур'анот, но и книгите кои прават паралели и ја докажуваат вистинитоста во однос на другите верувања, слични на книгите: „Библија, Кур'ан и Наука“,„ Патот за Мекка“, „Само една порака“, „Победа на вистината“ итн.

Секако дека многумина го прифатиле исламот, благодарение на контактите со муслиманите кои го практикуваат исламот. А на прашањето зошто, најчест одговор е: „затоа што толкувањето на христијанството не ги пружи вистинските одговори по кои трага секој човек на оваа планета како и целосното духовно задоволство, или посакувале уште пострикно и поголемо вдлабочување во верата“.


Македонци кои станале муслимани

Од причина да не ги доведеме во незавидна положба, нивните вистински имиња нема да ги објавиме. Во текстот се користени само имињата под кои им се познати на муслиманите.
Така Велид некаде во 1997 година преминал во ислам. Сега е професор по филозофија и логика.

Пред неколку години во ислам преминал и Осман, дипломиран историчар. Поради тоа ја изгубил работата во музејот во којшто тогаш работел.

Хамза е професионален тренер на нинџуцу. Со исламот го запознал неговиот вујко, а откако го прифатил исламот, по одреден период на истражување, на тоа се одлучила и неговата сопруга, Хатиџа, и неговиот брат Ибрахим.

Сличен пример е и Абдулмелик, дипломиран социолог, кој откако се запознал со исламот преку неговиот вујко, преминал во ислам, а после него и неговата сопруга, Амра, апсолвент на Институтот за хемија, а преку него во ислам преминал и неговиот близок другар, студент по социологија кој исто така се оженил со конвертитка. Амина, асистентка на Институт за географија, трагајќи по вистината за создавањето и постоењето на Универзумот и она што не опкружува стигнува до исламот а по враќањето во исламот, станала една од предавачите во женскиот џемат.

Запознавањето со некои муслимани на еден Македонец, како и преку читање и разговор за исламот - допринело студент по медицина, сега доктор и страствен велосипедист, Суфјан, да го прифати исламот и да се ослободи од заблудата на филозофијата на Саи Баба. Не многу потоа почнал својата духовност да ја изградува преку исламските принципи.
Иса е шофер, него кон исламот го водела лековитата моќ на Куранот кој веќе 6 години без престан го слуша. Тоа нему целосно му го сменило живот кон подобро. Им порачува на сите Македонци дека излезот од нивната лоша духовна состојба пред се е во практикување на исламската молитва, каде секој може да си го пронајде духовниот мир.
Хабиб е уште еден конвертит кој се запознал со исламот уште пред 20 години. Со своите 2 факултета и богато познавање на научните дисциплини, тој својот одговор го нашол читајќи го Куранот. Денес како експерт за „хасап“ стандарди своето знаење сака да го понуди на муслиманските земји кои имаат потреба од поголема стандардизација на своите производи кон Европскиот пазар.

Секако дека ова е само еден мал број Македонци кои ја спознале вредноста на правилниот ислам и исламот го прифатиле како нивен животен пат. Секојдневно овој број расте, и тоа благодарение на Аллах(Единиот Бог), кој Упатува кого сака и каде сака.


Граѓаните на оваа земја имаат желба од близу да го запознаат исламот и муслиманите, на кои медиумите и некои политичари, и разни мисионери, го претставуваат како закана и како баук, а кога доаѓаат во средба со Кур'анот и исламот, дури тогаш ја сфаќаат вредноста и вистината за исламот, и сфаќаат дека е невистина и голема лага она што се пласира и зборува за исламот и муслиманите.

Тогаш често, а посебно кај интелектуалците се случува да го прифатат исламот и станат муслимани. Така денес, наспроти целата антиисламска пропаганда, во немуслиманските држави, а посебно на Запад, се зголемува бројот на муслиманите.

Преку науката до спознавањето на вербата во Аллах


Посебно интересна приказна е таа за Македонецот, А.П кој како студент на медицина во Белград 80-те години го прифатил исламот. Станува збор за еден голем интелектуалец, особено образован човек, кој по завршувањето на Медицинскиот факултет, завршил и Електотехнички факултет а потоа и Правен факултет.

После тоа ги проследил и постдипломските студии од областа на социологијата а докторската дисертација му била на тема: ''Колку муслимани во Македонија му се придружуваат на ханефијскиот фикх ''.

А.П. е многу интересна личност за кој може да се каже дека е подвижна енциклопедија, бидејќи во тек на разговорот за секое тврдење и став наоѓа дефиниција, книга и автор кој за тоа прашање говори.

До исламот дошол во тек на медицинските студии и праксата која ја имал микрокосмосот во човечкото тело. Се прашувал, кој сето ова, така совршено го ускладил (хармонизирал)?

Знаејќи, природно, длабоко во себе дека еден е Бог, се заинетересирал да прочита некоја книга за религијата.
Логично било дека прво одговорите ќе ги побара во православието од кое потекнува. Читајќи ги православните книги и запознавајќи се со црквената догма, уште повеќе се збунил и отишол директно кај православен свештеник да му разјасни одредени нејаснотии, пред се поврзани за Божјето едноштво.

Го прашал свештеникот да му ја разјасни дефиницијата за Бог и монотеизмот, но тој не му дал одговор со кој А.П. би бил задоволен. Тогаш одлучил да биде директен кон овој свештеник, и го прашал за совет, односно да го упати на верско учење кое најчисто и најјасно говори за монотеизмот.

Свештеникот бил искрен и му рекол, чистиот монотеизам да го побара во исламот.

Еве го цитатот на свештеникот: "Што се однесува до монотеизмот, исламот е најчиста вера."

А.П. не знаел многу за исламот. Во тоа време, и во тој момент најлогично му било знаењето за исламот да го побара кај муслиманите и отишол во Амбасадата на Исламската Република Иран. Таму му дале куп книги, но не бил задоволен со тие толкувања на монотеизмот.

Во тие книги многу се потенцирало и се зборувало за револуцијата и за Хомеини, што прераснало во култ на личноста. Тоа не било она што го барал, па тоа го оставил настрана, и продолжил со трагањето по вистинскиот монотеизам и по исламската догма.

Кога се вратил во својот град, во Македонија, се сретнал со еден муслиман, кого од порано го познавал, па тој го упатил во Исламската заедница.

Таму ги добил вистинските информации за исламот и набргу преминал во ислам. Денес кажува дека тешко му е, што неговиот народ, Македонците, не го разбираат и што македонските интелектуалци не го разбираат исламот, но потенцира дека на почетокот на неговото влегување во исламот, колегите го саботирале.

Исто така, истакнува дека многу е загрижен што муслиманите во Македонија се непринципиелни и што не го практикуваат исламот, туку често од исламот ги имаат само имињата и нешто ситно од исламската традиција, измешано со одредени примеси на паганизам.

Денеска во Македонија скоро и да не постои град или населено место во кое нема муслимани. Меѓу нив е и таа нова подгрупа на нови конвертити кои секако сакаат чесно да си го живеат животот и слободно да си ја практикуваат својата вера и сакаат тој нивен избор да биде почитуван и прифатен и од страна на македонските граѓани без разлика на нивното етничко, верско или социјално потекло. Највеќе од се загрижува тоа што некои луѓе ,недоволно образувани и запознаени со вистинскиот ислам , нив ги гледаат како вовед во насилна исламизација. Секако, денес во овој свет на напредна интернет технологија, на масс медиуми и слободно истражување, исламот не претставува само случаен избор на еден дел интелектуалци, туку пред се е длабоко истражување на еден дел луѓе кои својот духовен мир го наоѓаат во мирно практикување и живеење во прегратките на оваа величествена вера. Тоа денес претставува тренд и начин на живеење на илјадници други конвертити во Европа и Америка, па и целиот свет. Овој тренд ќе продолжи уште повеќе без разлика на лагите и нападите кои се насочени кон исламот.
Аллах да ги чува нив и да ги награди со највредно место во рајот. Навистина Аллаховиот Пратеник, алејхи селам, рекол дека наградата на оние кои што го прифатиле исламот е двојно поголема од еден човек роден и израснат во ислам. Сите тие што го осознале тоа се само пионери и гласници на вистината која доколку некој се обиде да ја угуши нема да успее.
Аллах рекол во Куранот:
„Тие сакаат со устите свои да го згаснат Аллаховото светло, а Аллах сака да го направи видливо
светлото Свое, дури и да не им е по волја на неверниците.“
(Поглавје Теубе, 32)


Поврзани статии со Македонци кои посведочиле за својот ислам:
Андријана го прифаќа исламот
Еми го прифаќа исламот
Лидија го прифаќа исламот
Марија го прифаќа исламот

Текстот со преправки воглавно е преземен од списанието Сафф 12.1.2007.
 
Член од
4 февруари 2009
Мислења
7.733
Поени од реакции
7.549
Ќе се зачудиш колку девојки македонки го прифаќаат исламот, не затоа што им е гајле за Алах, туку затоа што се приморани од дечкото муслиман.
Лично познавам девојка од една од твоите статии.
Така да, нивното прифаќање ислам ништо не значи.
 
Член од
28 ноември 2011
Мислења
246
Поени од реакции
106
ццц..ок. Твое мислење. Штом познаваш,значи се работи за вистински ликови. Ако се приморани од дечко муслиман, не би пишувале сами за себе. Сето ова е доброволна работа. Исламот е доброволна работа..
 

Apokalipto

Tredici
Член од
4 март 2007
Мислења
15.576
Поени од реакции
2.585
Како и на сите теми за вакво срање драг пријателе... ќе речам и шо курац?

- не мисли дека имам било што против ислам... едноставно ова е 54534534 тема од било која страна во која се глорифицира преоѓање на верници... ебате фактот... дај пиши дека поефтинил бензинот, дека даваш работни места, сторете нешто ебано корисно за другите не да си полните џеб на основа на верниците кои се крстат/клањаат и ви полнат џеб на основа на нивната лековерност.
 
Член од
10 мај 2010
Мислења
2.727
Поени од реакции
1.970
Види вака Македонија е традиционална земја така да не значи ако некој атеисти си ја сменат верата дека има тенденција да се зголеми бројот на македонци муслимани .
Има и муслимани кој што преминувааат во христијанство .
 

edin4o

Продуцент
Член од
4 април 2010
Мислења
1.419
Поени од реакции
461
Како и на сите теми за вакво срање драг пријателе... ќе речам и шо курац?

- не мисли дека имам било што против ислам... едноставно ова е 54534534 тема од било која страна во која се глорифицира преоѓање на верници... ебате фактот... дај пиши дека поефтинил бензинот, дека даваш работни места, сторете нешто ебано корисно за другите не да си полните џеб на основа на верниците кои се крстат/клањаат и ви полнат џеб на основа на нивната лековерност.

Верувај ми дека и они го полнат џебот на верниците...Кај мене има една исламска заедница и држат предавања - токму од ваков стил...Потоа, ги тераат еден по еден да излагаат за да им дадат на некои по 500 на некои по 1000 денари...Верувај ми дека има профит од ова, зотоа и луѓето преоѓаат во исламот - зотоа што на некој слаб, но доволен начин - стануваат потплатени.. Работни места? Нема проблем - албанските партии се тесно поврзани со исламските заедници...Ти само верувај, учи, клањај и све ќе дојде на свое место...Така они придобија пола од светот... ;)
Изворот не го напоменувам, но е доста веродостоен вистината да им ја мавне од очи на сите верници, притоа убаво да ги опржи.
 
Член од
21 август 2008
Мислења
6.500
Поени од реакции
1.321
Nisto cudno pa od site narodi preodjaat u Islam, a ovde najvise inma omrza kon islamot radi nacionalizam poso ovie se kao albanci inace nisto cudno u cel svet ima preodjaat u Islam, nego druga stvar, ja znam tie sto se risjani blage veze nemaat so hristijanstvo nit praat ko so pisue u Biblia nit niso oni se taka po tradicija inache da mu crkne na komshijata im e glavna filozofija. A za zenive, pa zenite sakaat dominantni muzi a ne papuchari i da so Allah nemas odnos toj e apsolutno bitie sto moes da mu daes? ili so da ti dae On koa i losoto i dobroto i sve sto ti se deshava neli sve e negova volja taka da motivite se pari (kaj zenete) poso bez pari nisto a i verata ne e nekoja ozbiljna stvar koa ke vidis motivite se socijalno-ekonomski usloveni.
 

spaso

Search Pretty Girls from your city for night
Член од
5 септември 2008
Мислења
2.746
Поени од реакции
779
I so sea , gluposti zivi , muslimani ima i losi i dobri , isto taka i hristijani ima i losi i dobri , site se lugje , sve e isto samo sto muslimanite ne poveruvaa deka isus e samiot gospod( ALLAH ) i deka ja pobedi smrtta so voskresenieto , tie ne poveruvaa no jas sum smiren i eden den site koga ke si go vidime nasiot tatko koga ke ni podari bezsmrten zivot i tie ke poveruvaat togas , zatoa sega vakvi politicki tezi vo konotacija na religija ne drzat isto mi e ko da slusam deka Ibrahimovic otisol vo Manchester City ... bez veza tema :) :)
 
Член од
21 август 2008
Мислења
6.500
Поени од реакции
1.321
aaa jok ti ako si cital Biblia treba da znajs oti Isus rekol ,,zs me velish oti sum dobar koga dobar e samo Gospo,, znaci ete kazal ustvari deka ne e Gospo taka da toa popojte ve naucile samo kajte se a za da se kaete gresete josh vishe za uste da se kaete.
 
M

Muranyi

Гостин
Јас пак знам многу Муслимани-Албанци кои врска немаат со Исламот и со нивното однесување ја зацрнуваат оваа религија и ја преставуваат во погрешно светло.Секоја паричка има две страни,има и Муслимани кои го прифаќаат Христијанството а има и луѓе кои се декларираат како Муслимани,чисто заради традиција од дома е се чувствуваат како атеисти.А навистина не знам од каде такво размислување дека Христијаните биле папучари,а Муслиманите доминантни.Ако под доминантност подразбираш да ја тепаш жената и да ја третираш како стока,да ја виткаш во марами,тогаш си во право.
 
Член од
21 август 2008
Мислења
6.500
Поени од реакции
1.321
U marami nikoj so sila ne gi vitka nego oni sami si odbrale taka isto ko sto nikoj so sila ne gi tera zenive da idat so cickite na tacna i so minic do pich i ona so vikaat deka so oblekuvanjeto ustvari prakaat poruka navali!
 
Член од
28 ноември 2011
Мислења
246
Поени од реакции
106
Нема да коментарам коментари кои се водени од нискоемоционални побуди и неразбирања. Златко е сосема во право, но во текстот е напоменато дека македонците конвертити се најповеќе разочарани од нискообразованите албанци кои воопшто и неможе да се споредат со оие муслимани кои навистина исламот им преставува единствено решение во животот, и секако дека нацијата кај таквите неигра никаква улога. Има и лоши и добрии македонци и албанци и верници , има и неверници, но ова е уште еден поглед кон животот и за да се разбере тој не е доволно само да се погледне од страна, треба да се доживее и разбере. Еден е животот, една е шансата која ни ја дава Бог. Кој колку ќе разбере независи ни од мене, ниту од луѓете, освен онолку колку Бог ни дал да го разбереме и спроведеме. Нему не му требаат ни нашите молитви , ниту нашите добри дела, тие се пред се за наше добро и за нашиот спас, и неверувам дека има такви будали кои би иделе денеска за било кои пари да се клањаат 5 пати на ден или да постат 30 дена...сето тоа е духовно водство и Божје упаство кое зависно од човековото спознавање или расте или опаѓа..така е кај сите верници.
 
Член од
31 мај 2011
Мислења
2.746
Поени од реакции
1.288
U marami nikoj so sila ne gi vitka nego oni sami si odbrale taka isto ko sto nikoj so sila ne gi tera zenive da idat so cickite na tacna i so minic do pich i ona so vikaat deka so oblekuvanjeto ustvari prakaat poruka navali!
така е,никој не ги тера на море да се бањаат во цела муслиманска опрема(освен очите да и се гледаат) - тие во тоа уживаат
 
Член од
28 ноември 2011
Мислења
246
Поени од реакции
106
така е,никој не ги тера на море да се бањаат во цела муслиманска опрема(освен очите да и се гледаат) - тие во тоа уживаат
Не се само муслиманките покриени,има и калуѓерки, еврејки, вашите баби биле покриени и тоа ли ви смета.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom