Македонци во Јужна Америка

Член од
7 март 2009
Мислења
1.156
Поени од реакции
812
Епа ко сакаш да растуриш држава од 20 милиони жители кои живеат 20 милиони пати подобро од денешницава че кршиш камен .Fucking reality:drk:
Дечко,овде никој не зборува за растурање на држави и оневозможува на другите да живеат како Швеѓани,овде се зборува за една неправда која им е нанесена на одредена категорија на луѓе кои едноставно не сакале да им биде одземен тешко стекнатиот имот.Овде не зборувам за некој мега-богаташи од тоа време,туку за обични занаетчии,трговци,работливи селани со стока,ниви,имот и се останато.Замисли ситуација некој да ти тропне дома на вратата и да ти каже од утре ти нема да живееш повеќе овде,ќе те депортираат во некоја вукојебина кадешто од на пр.трговец ќе станеш чистач на железничка станица.Позади тебе плачат жената и децата,тебе сеуште не ти е јасно за што зборува копукот пред тебе,додека во твојот двор веќе се истоварува мебелот и покуќнината на копукот кој случајно е член на тогашната владејачка партија.Ти стана јасно за какви човечки трауми станувало збор? Затоа,во иднина имај респект и спрема овие луѓе,а не само спрема останатите 20 милиони,поздрав!
 
Rokko

SiFU 師父
Член од
30 мај 2014
Мислења
714
Поени од реакции
299
Кажете нешто конкретно како да им отидеме на гости во Аргентина кај некој од нашиве, и баталете ги ова комунњариве, само за пропаганди ги бива и лажење, ништо конкретно немаат направено :icon_mrgr:
 
Член од
24 јуни 2014
Мислења
19
Поени од реакции
56
Prv post mi e pa da go seftosam vo ovaa tema. Makedonka sum omazena za peruanec veke 4 godini ziveam vo glavniot grad Lima, tuka sme se na se okolu 5 makedonci sto ziveeme barem kolku sto jas licno poznavam, sigurno ima uste nekolku, ima i dosta srbi i hrvati ili pak lugje so balkansko poteklo ama rodeni vo Peru ( po prezimeto gi prepoznavam )
zivotot tuka sekako e mnogu porazlicen otkolku vo Skopje, samo Lima ima skoro 9 milioni ziteli pa so samoto toa ima i poveke kriminal poveke siromastija, megutoa Peru vo poslednive nekolku godini zabelezuva rast vo ekonomijata i da se nadevame deka taka i ke prodolzi. Maz mi e inzinjer metalurg pa za nego tuka ima dosta rabota a i dobro se zarabotuva. I jas si najdov dobro platena administrativna rabota vo stranska firma so pretstavnistvo vo Peru ( imam zavrseno filoloski fakultet vo Skopje cija diploma by the way uste ne e priznaena ) Sega za sega sme super. Imame obezbedeno stan go plakame na rati, i kola isto ja plakame na rati i barem do sega ne mozam da se pozalam. Ne go kazuvam ova za da se falam tuku za da sfatat nekoi lugje deka zivotot vo Juzna Amerika ne e bas tolku crn i mizeren kako sto go zamisluvaat. Rabota i moznosti imas kolku sakas osobeno sega vo ovoj period na ekonomski boom. Treba ednostavno da dojdete pa ke se uverite vo toa. :)
 
Член од
6 март 2009
Мислења
979
Поени од реакции
853

Епа дај помогни ни да дојдеме :)
 
Член од
24 април 2008
Мислења
10.889
Поени од реакции
12.245

Какво е времето таму ?

Еквадор ви се соседи, во близина сте на екваторот, па претпоставувам дека таму нема нешто многу зима, а камо ли па снег.

Но ти живееш таму, па подобро знаеш.

Како е за Нова Година и Божиќ, тука на север зима, таму на југ лето ?
 
Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
44.923
Поени од реакции
83.171

Има ли доселено некакви Муслимани таму?
 
Член од
8 јуни 2007
Мислења
6.102
Поени од реакции
12.199
Според извештајот, може да видиме дека слична партија е на власт, и во Перу и во Македонија.
 
Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
44.923
Поени од реакции
83.171
Според извештајот, може да видиме дека слична партија е на власт, и во Перу и во Македонија.
Сепак, малку е веројатно дека партијата на власт во Перу, дозволува секакви муџахедини и вехабии да ги малтретираат Перуанците.
 
Член од
8 јуни 2007
Мислења
6.102
Поени од реакции
12.199
Сепак, малку е веројатно дека партијата на власт во Перу, дозволува секакви муџахедини и вехабии да ги малтретираат Перуанците.
Разликата е во тоа што слабо е застапен кодот на Ресулахот во Латинска Америка. Кознае, да не беше Милош Обилиќ на Косово Поље пред 625 години, и таму ке беше слично. Секој петок.
 
Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
44.923
Поени од реакции
83.171
Разликата е во тоа што слабо е застапен кодот на Ресулахот во Латинска Америка. Кознае, да не беше Милош Обилиќ на Косово Поље пред 625 години, и таму ке беше слично. Секој петок.
Не.
Милош бил или не бил, сеедно. Пољаците почнаа да го решаваат проблемот, кај Виена.
 
Член од
8 јуни 2007
Мислења
6.102
Поени од реакции
12.199
Не.
Милош бил или не бил, сеедно. Пољаците почнаа да го решаваат проблемот, кај Виена.
И сам знајш. Додека гњавеа православен свет, Отоманиве беа во ред. Кога дојдоа на врата кај Католициве, се собраа сите, меѓу нив и Пољаците.
Али мислам дека голем импакт во запирањето на нивниот НЕзапирлив поход кон ширење на словото на тој што не смееш да му нацрташ карикатура, имаат и “нашите“ на Косово.

***

Енивеј, да не сме офтопик. Темава е доказ за лошата перцепција и резултат на пропагандата за поделбата на светот. Бидејќи и кај нас како што гледаме се смета дека Јужна Америка е tropical rain forest и песочни плажи во Бразил. Затоа повеќе не изненадува тоа што има македонци во Аргентина (од политички причини сепак привлекува имигранти), него што има наши во Узбекистан.
Многу причини, многу патишта.
Иако Ј.А. во главно е сиромашен континент, сепак не се работи за генерална сиромаштија и тотален хаос.
Од нас подобри, of course they are. Затоа, јас ништо не би имал против да се преселам во Парагвај, рецимо. :D
 
Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
44.923
Поени од реакции
83.171
Бидејќи и кај нас како што гледаме се смета дека Јужна Америка е tropical rain forest и песочни плажи во Бразил.
Тоа има таква перцепција, неинформираното мнозинство, кое ваљда немало потреба у животов од такво инфо.
Уругвај, Чиле, Аргентина. Таму е нешто боље, од другиве.
Ја сум за Уругвај, исклучиво заради моменталната политиката на државата.
 
Член од
24 април 2008
Мислења
10.889
Поени од реакции
12.245
@Beric Dondarrion, @templar55, @Malcolm van den Сабаховић

Според тоа што јас го имам читнато од туристички водичи - за целиот свет, а не само за Јужна Америка, како и од некои веб сајтови, во Јужна Америка најголем број на муслимани и на Евреи има во Аргентина, каде што муслиманите изнесуваат помалку од 2% (ДВА ПРОЦЕНТА) од целокупното население, а Евреите ги има нешто повеќе, бидејќи Аргентина примила најголем број на еврејски бегалци од Европа пред и за време на Втората Светска Војна, нешто над 100.000 Евреи. Во меѓувреме нивниот број е значително зголемен.

Сите јужноамерикански држави се занимаваат со извоз на нафта, метали, минерали, како и туризам се разбира. Боливија и Парагвај се единствените јужноамерикански држави кои не излегуваат на море.

Како што во Европа ја имаме Европската Унија, така во Јужна Америка, јужноамериканците го имаат Јужниот Пазар, или Меркосур. Членки на Меркосур се Аргентина, Уругвај, Парагвај, Бразил и Венецуела, додека партнери на Меркосур се речиси сите останати јужноамерикански држави, освен Француска Гвајана, која е дел од територијата на Франција.

Кога сме кај политиката, речиси сите јужноамерикански држави имаат социјалистички или квази-социјалистички влади, почнувајќи од Венецуела, Еквадор и Боливија - кај кои владите се социјалистички, речиси диктаторски како што е во случајот со Венецуела, а во државите како Аргентина, Бразил, Перу и некои други, владите се квази-социјалистички.

Системот на владеење е истиот како во САД - претседателот на државата е претседател и на владата, односно нема премиер. Без разлика кој ќе победи на наредните парламентарни избори, претседателот на државата ќе ја формира владата и ќе раководи со нејзе. Единствен начин да и се изгласа недоверба на владата е да се изгласа импичмент, односно отповикување на претседателот на државата.

Се на се, најдемократски држави се Чиле, потоа Уругвај - кој за волја на вистината, од секогаш бил близок со Велика Британија и до некаде дури и омразен од страна на Аргентина и Бразил - Бразилците не им забораваат на Уругвајците за понижувачкиот пораз во финалето на Светското Првенство во Фудбал 1950 на стадионот Маракана во Рио де Жанеиро, а Аргентинците не им забораваат на Уругвајците дека за време на Втората Светска Војна, Уругвај бил на страната на Сојузниците, додека Аргентина тогаш била пријателски ориентирана кон Нацистичка Германија, а исто така, за време на Војната за Фолкландските Острови во 1982 година, Уругвај му пружил засолниште на британскиот гувернер на Фолкландските Острови, а до некаде обезбедил и логистичка поддршка од уругвајска територија за Велика Британија за време на војната. Но етничкото потекло на населението во Уругвај е слично како етничкото потекло на населението во Аргентина, и добар дел од Уругвајците заминуваат во Аргентина на студентска размена или на сезонска работа, па како што и ние Македонците не се сакаме со гејците, но затоа секоја година Македонците на дебело одат во Гејлада на одмор, така и Аргентинците можеби не се сакаат многу со Уругвајците, но затоа секоја година одат во Пунта дел Есте во Малдонадо - една од најголемите туристички атракции во Уругвај и воопшто на целото источно крајбрежје на Јужна Америка, која изобилува со прекрасни плажи, како и во Монтевидео - главниот град на Уругвај. Меѓу другото, во последно време Уругвај е познат и по својот претседател Хосе Мухика, кој важи за најсиромашен, или подобро кажано - најскромен претседател во светот. На крај доаѓа Колумбија, која е корумпирана до грло, но сепак таму сеуште не се дојдени на власт социјалистички автократи и бирократи како во Венецуела, Еквадор и Боливија, или квази-социјалистички автократи и бирократи како во Аргентина, Бразил, Перу и некои други јужноамерикански држави.

Држави кои најмногу потсетуваат на Европа по архитектура и по национална кујна, се Аргентина, Уругвај, Чиле и Перу. Особено Аргентина се истакнува како држава со европска култура и европска кујна, бидејќи најголемиот дел од аргентинското население се со претежно италијанско, шпанско, француско и германско потекло. Буенос Аирес дури и го нарекуваат јужноамерикански Париз, не само поради архитектурата, туку и поради ексклузивната соработка која ја имаат Буенос Аирес и Париз од областа на архитектурата. Но за жал, политичката, економската и социјалната состојба во Аргентина не е ни малку розова како Розовата Куќа - седиштето на аргентинската влада.

Освен заедничкиот континент на кој се сместени, Аргентина, Парагвај и Бразил имаат уште една заедничка карактеристика, а тоа е фактот дека се лидери по производство на генетички модифицирана соја и други генетички модифицирани производи.

Малку подетално за политичката, економската и социјалната состојба во јужноамериканските држави - во наредниот спојлер.

Перуанците сеуште се опоравуваат од последиците на владеењето на нивниот пвеводбеник, буквално ист како нашиот пвеводбеник што го имаме кај нас во Македонија на власт. Алберто Фуџимори - Јапонец по етничко потекло, беше на власт во Перу од 1990 до 2000 година и им остави долгови и триста и кусур други маки во наследство на Перуанците, кои сеуште не го забораваат Фуџимори и последиците од неговото владеење. Користење на перуанските разузнавачки служби за уценување и вршење притисок врз медиумите и практикување на цензура, беше една од карактеристиките на неговото владеење.

Венецуелците веќе ги вкусуваат плодовите на социјалистичката диктатура која ја воведе Хуго Чавез, а ја продолжува неговиот наследник Николас Мадуро. Недостаток на најосновни хигиенски и прехранбени средства, задушување на слободата на медиумите и цензура, присилно задушување на протести со употреба на војската - сето ова е секојдневие во Венецуела во изминативе 3 и повеќе години. Криминалот и убиствата секој ден рушат нови рекорди, а главниот град Каракас, кој е и најголем град во цела Венецуела, важи за втор или трет најнебезбеден град во целиот свет, каде што убиствата се секојдневие. Во 2013 година социјалистите, или подобро кажано - чавистите, победија на редовните локални избори, но истовремено изгубија некои од најважните градови и општини, почнувајќи од главниот град Каракас, каде што за градоначалник беше избран кандидат од опозицијата. Откако следуваа нови анти-владини протести во првата половина на 2014 година поради убиствата на венецуелски студенти за време на мирни протести организирани од страна на студентите, следуваа нови интервенции и нови убиства од страна на венецуелската војска, а новоизбраниот градоначалник на Каракас го затворија под обвинение дека подготвувал државен удар, што повеќе од доволно говори како чавистите се помируваат со изборен пораз на локални избори, слично како што пвеводбениците во Македонија не се помируваат со победата на Андреј Жерновски на редовните локални избори 2013 во општина Центар. Венецуелците кои живеат на границата помеѓу Венецуела и Колумбија успеваат некако да врзат крај со крај шверцувајќи нафта, која ја има во изобилие во Венецуела, бидејќи е држава со најголеми резерви на нафта во светот. Со полни резервоари гориво заминуваат од Венецуела во Колумбија, каде што ги празнат резервоарите и го продаваат горивото за да заработат по некоја пара и за да купат по некои од најосновните хигиенски и прехранбени производи кои им се потребни, а кои недостигаат во Венецуела.

Ситуацијата е слична и во Еквадор, каде што на власт е социјалистичката влада на Рафаел Кореа и во Боливија, каде што на власт е социјалистичката влада на Ево Моралес, со разликата што овие држави, особено Еквадор, сеуште го задржуваат својот капиталистички предзнак, односно сеуште не почнале со масовна национализација на приватниот имот и на приватните фирми, како што тоа го прават чавистите во Венецуела.

Колумбијците си имаат маки со нивните радикални социјалистички парамилитарни движења како ФАРК, кои киднапираат цивили, без разлика од која држава и од која националност се - за откуп, одвреме навреме ќе извршат по некој терористички напад, а соработуваат и со некои нарко-картели. Нарко-картелите исто така се огромен проблем за Колумбијците, особено поради фактот дека Колумбија е еден од водечките производители на кока во светот. И Колумбија има свои извори на нафта, а истовремено е и еден од најголемите извозници на дијаманти во светот, но сиромаштијата и корумпираните политичари си го прават своето, поради што добар дел од младите тргнуваат по патот на организираниот криминал. Добар дел од производителите на кока се сиромашни фармери кои не можат да врзат крај со крај, поради што садат кока, која ја продаваат на нарко-картелите за ситни пари. Колумбиската војска редовно патролира покрај земјоделските полиња, но бидејќи има премногу фармери кои одгледуваат кока до тој степен што не би имало место за сите нив низ колумбиските затвори, војската им дава избор - или да и ја предадат коката на војската, или војската ќе им ги запали земјоделските полиња. Фармерите им ја предаваат коката на војската за да не им ги запали земјоделските полиња, по што војската си заминува, а фармерите повторно садат кока, бидејќи ништо друго не им е поисплатливо, особено бидејќи добар дел од фармерите имаат семејства за издржување.

Аргентина, и покрај тоа што е втората најголема економија во цела Јужна Америка, сеуште се опоравува од својот банкрот во 2002 година, но повеќе од очигледно е дека погрешни луѓе се на власт во јужноамериканската Франција, чиј што главен град Буенос Аирес го нарекуваат јужноамерикански Париз. Од една страна, Аргентинците го презираат Карлос Менем - вториот демократски избран претседател на Аргентина после падот на третата воена хунта од периодот од 1976 до 1983, бидејќи амнестирал воени офицери од третата воена хунта и бидејќи им овозможил на профитерите и олигарсите кои на дебело профитирале за време на третата воена хунта, да продолжат да профитираат како ништо да не било за време на третата воена хунта. Карлос Менем е аргентинското олицетворение на македонскиот Б.Ц. - омразен и озлогласен од Аргентинците. Како што во Македонија ги имаме Б.Ц. и неговите следбеници како предавници од една страна и од друга страна пвеводбениците како патриоти, така и Аргентинците си имаат свои пвеводбеници, а тоа е Праведничката Партија, уште попозната како Перонистичка Партија, бидејќи била основана од страна на првиот демократски избран претседател на Аргентина после првата воена хунта од 1930 до 1946 година - Хуан Доминго Перон и неговата сопруга Ева Перон, позната како Евита. Хуан Перон и Евита Перон исто како пвеводбениците во денешна Македонија, терале квази-социјалистичка политика, особено преку хуманитарната фондација на Евита Перон, која им помагала на сиромашните. Тоа што се открило подоцна, било дека добар дел од парите за помагање на сиромашните доаѓале од изнудени донации од аргентински фирми кои биле оставени на милост и немилост на перонистичката влада - или ќе донираат за фондацијата, или ќе се соочат со високи казни од инспекции, а со тек на време ќе бидат и затворени. Денешните перонисти се предводени од страна на Кристина Фернандез де Киршнер, вдовица на претходниот претседател на Аргентина - Нестор Киршнер, кој беше на власт во Аргентина од 2003 година, со неговата сопруга како заменичка претседателка на Аргентина, се до 2007 година кога Нестор Киршнер се повлече од изборната трка во корист на неговата сопруга, која победи на тогашните редовни претседателски избори. Кристина, како што медиумите милуваат да ја нарекуваат, е на власт во Аргентина од 2007 година и се прослави себеси со нови задолжувања на Аргентина, нетранспарентно трошење на пари, а и со наводна соработка со организираниот криминал во Аргентина, а ова се само некои од повеќето обележја на нејзиното владеење. Уште една од карактеристиките на владеењето на Кристина, е воведувањето на нов закон за медиуми, со кој се отвора вратата за цензура во Аргентина, слично како со неодамна усвоениот закон за медиуми во Македонија. Кога ќе пристигнат долгови за плаќање, Кристина веднаш возвраќа со лажен национализам кон Велика Британија, заканувајќи се дека Фолкландските Острови и припаѓаат на Аргентина и дека Аргентина ќе ја врати контролата врз нив, милум или силум. Ова е одличен пример за лажниот патриотизам на Кристина Фернандез де Киршнер и на Перонистичката Патрија, кои секогаш имаат дежурни виновници за проблемите во Аргентина, односно дежурни предавници, слично како што и пвеводбениците кај нас во Македонија секогаш имаат дежурни виновници и соросоиди за да им бидат жртвени јагниња. Црниот пазар на странски валути цвета во Аргентина, бидејќи Аргентинците имаат ограничен пристап до американскиот долар, благодарејќи на забраните воведени од страна на перонистичката влада на Кристина Фернандез де Киршнер.

Во Парагвај, во 2012 година му беше изгласан импичмент на тогашниот демократски избран претседател Фернандо Луго, кој исто така водеше социјалистички политики слични на политиките на чавистите во Венецуела. Во периодот помеѓу импичментот на Луго во 2012 година и претседателските избори во Парагвај во 2013 година, претседателските обврски во Парагвај ги извршуваше заменик претседателот на Парагвај - Федерико Франко. На претседателските избори во Парагвај во 2013 година, победи Хорацио Картес од редовите на партијата Колорадо, позната како Партија на Обоените, односно партија на парагвајските домородци, која важи за конзервативна десничарска партија.

Бразил, иако е најголемата економија во цела Јужна Америка, сепак сиромаштијата и криминалот ги има во изобилие, како што беше општо познато и потврдено со протестите за време на Светското Првенство во Фудбал 2014. Во Бразил на власт е Дилма Русеф од левичарската и социјалистичка Работничка Партија, позната на светот како прва жена претседател на Бразил, и тоа со бугарско етничко потекло. Русеф продолжува со социјалистичките политики на нејзиниот претходник - Луис Игнасио Лула да Силва, но и покрај тоа што нејзината партија има најмногу пратенички места во бразилскиот Парламент, сепак нема свое мнозинство за да може да ја истера својата социјалистичка агенда до крај. Ако протестите за време на Светското Првенство во Фудбал 2014 не послужија доволно за целиот свет да види во каква мизерија живеат Бразилците, тогаш Летните Олимписки Игри 2016 во Рио де Жанеиро можеби ќе му прикажат на светот подетална слика за животот во Бразил за обичниот бразилски граѓанин.
 
Последно уредено:
Член од
24 јуни 2014
Мислења
19
Поени од реакции
56
Какво е времето таму ?

Еквадор ви се соседи, во близина сте на екваторот, па претпоставувам дека таму нема нешто многу зима, а камо ли па снег.

Но ти живееш таму, па подобро знаеш.

Како е за Нова Година и Божиќ, тука на север зима, таму на југ лето ?
Tuka momentalno e zima i iako poveketo mislat deka vo juzna amerika ne e ladno bogami i ne e bas taka, eve konkretno za Peru ke vi kazam ili potocno za Lima, poradi toa sto izleguva na okean imame vlaznost od 99% recisi preku cela godina, zimno vreme ovaa vlaznost pravi da se oseka mnogu poladno nego sto navistina e. Na primer vo Lima vo zima temperaturata ne se spusta pod 14, 15 stepeni ama ovie 15 stepeni se osekaat kako 0 vlaznosta ti vleguva do koska i kolku i da se oblakas pak ti e ladno i se tresesh. Momentalno sum so rolka, debel dzemper i zimska jakna :) Letno vreme pak sonceto e pre pre pre jako iako temperaturata ne odi nad 27 28 stepeni ama sonceto mnogu jako przi verojatno zosto sme blizu ekvator i radi ozonot. Sepak preku cela godina duva veter duri i letno vreme pogotovo navecer duva mnogu veter i toa laden pa ne mozes vecerno vreme da odis na primer po shorcevi i kratki rakavi. Inace Peru ima 3 regioni, Lima spagja vo takanarecen primorski region, a gradovite sto se na Andite ili koi pripagjaat na planinski predel imaat mnogu slicna klima kako vo Makedonija, ektremno niski temperaturi pa duri i sneg i mraz, dodeka pak gradovite sto spagjaat vo prashumskiiot del ( amazonija ) imaat preku cela godina prolet leto, visoki temperaturi i dozdovi.

Za Nova godina i Bozik tuka se odi najcesto na plaza tamu se slavi bidejki e leto ama sepak ne e toa toa. Ja sum naucena nova godina na ladno so snegce i nekako mi e cudno da sme po kratki rakavi.[DOUBLEPOST=1405983819][/DOUBLEPOST]
Има ли доселено некакви Муслимани таму?
Ne, skoro i da nema.
Tuka problemot so lugeto ne e na etnicka ili religiska osnova tuku poveke na nacionalna, znaci peruanec so peruanec si ljubomorat i oci si vadat, baska sto pomegu samite niv ima dosta diskriminacija. Onie meshanite Peruanci ( mulati ) se diskriminirani od " belite" peruanci koi imaat nekakvo evropsko poteklo i obratno. Za zal toa e stvarnosta tuka. Isto taka ima i golema podelenost na ektremno bogati i siromasni luge i toa apla od avion se gleda. Da te odnesam vo eden siromasen i eden bogat kraj vo Lima ke mislis deka sum te odnela vo 2 razlicni drzavi, znaci totalna sprotivnost.
 
Последно уредено:

Kajgana Shop

На врв Bottom