Зборуел српски? Не се правете идиоти, да зборуваш јазик е богатство, српски, албански, турски, хрватски, бугарски, кинески, кој сакате научете го, зборувајте го, ќе направите 10 пати повеќе пријатели отколку со ограничување на македонски и презирање на другите.
Дечкото е гостин во друга држава, го зборува нивниот јазик и им направи чест што зборуваше на српски.
Он топик. Уште побитната работа тука е што каде има труд и работа има резултат. Дечково не ќењал дали има работа, дали има можности, дали некој ќе му даде пари да отиде или не. Седнал, сработил, се докажал. Тоа е за поттик, тоа е за пофалба. Секоја чест!