Поминале 40 и кусур години оттогаш, секако де е променето. Расизам и национализам има, не може да се негира тоа ама сепак е на многу пониско ниво. Ќе се најде секогаш по некое нецивилизирано говедо што не е предивдено да живее во мултикултурна средина па ќе направи по некоја 'рчка на расна основа, ама во глобала нема расизам.Барем можеш мирно да живееш без да се секираш дека комшијата Грк ќе ти ја сруши куќата кога ќе ги тепате во кошарка
Не може да те одбијат на работа зашто си друга раса, не може некои други правила да важат за тебе а не и за другите. Ама на улица, секогаш ќе најдеш по некој што му смета која раса си.
Дали животот се состои од работа зависи до човекот. Ако не ти достигаат парите можеш и по 2 работа да имаш истовремено, зависи како сакаш, барем работа може да се најде. Ако ти е доволна една живеј така, работи по 20 саати неделно, работи по 38. Некои работат и по 40 и нагоре 7 дена во неделата баш како на филмов, ама има и такви што не ги боли уво, живеат од социјална помош и гувеат дома пред телевизор.
За образованието, тоа не важи повеќе ако било тогаш вистина. Можеш да учиш за што сакаш колку сакаш. Ако си доволно добар ќе влезеш кај сакаш. Само има едно гадно непишано правило, ако Мајкл Стефенс и Петре Миладиновски аплицираат да се вработат како извршни директори на банка, а имаат исто образование и исто работно искуство, праксата вели дека Мајкл ќе ја лапне фотелјата. Таа е причината што луѓе од секакви националности си ги англицизираат имињата. Од истата причина денес има повеќе македонско-австралиски деца што се викаат Џејсон отколку Бранко.