ФЕДЕРАЦИЈАТА НЕМАШЕ СИЛИ ДА МУ ПОКАЖЕ "ВРАТА" НА НАЈТРОФЕЈНИОТ КЛУБ
ФФМ му "прогледа" на Вардар
*Новата управа на чело со Драги Сетинов место уплата за котизација покажа само банкова гаранција со која "црвено-црните" се спасија од преселба во Трета лига
Вардар останува прволигаш иако тимот од Скопје не ја плати потребната котизација за добивање лиценца за настап во елитното друштво. Најтрофејниот клуб кој се соочува со најголемите проблеми од своето постоење има нови "спасители". Драги Сетинов кој е избран за нов претседател (не се знае кога и како), во федерацијата прикажа само банкова гаранција на 6.000 евра, но не и гаранција за преостанатите 3.500 евра кои Вардар ги должи како казна кон "куќата на фудбалот". До петок е рокот овие пари да легнат на сметката на федерацијата, а ФФМ му прогледа на Вардар, кој на мизерен начин останува со статусот на прволигаш. Ако другите клубови ги почитуваа законите и правилата на игра тоа не важи и за "црвено-црните" со кои допрва почнува лавината околу законските правила на работа. Каде е сега комесарот Миле Спиркоски и онаа негова закана дека ќе бидат избришани сите оние кои нема да го почитуваат предвидениот рок и одлуките на УО на ФФМ!? Банковата гарнција не е уплата на котизацијата, а на истата ги нема парите за казните. Последните настани се само потврда дека и функционерите во ФФМ се "гола вода". Затоа и во новата сезона која ќе следи треба да очекуваме уште поголеми глупости па и откажувања како што тоа се случуваше во претходните два шампионати.
"Вардар е Вардар, но треба да се има ред и да се почитуваат правилата. Ако ние плативме на 1 јули можеше и Вардар. Додека Вардар е во ваква ситуација целиот фудбал ќе биде катастрофа", коментират со заеднички став речиси сите прволигаши. Сите се едногласни во тоа Вардар да биде дел од елитата, но сите сега гледат во ФФМ како институција која нема сили да ги спроведе правилата. Ако лани ги бришеа Македонија Ѓ.П и Слога Југомагнат сега тоа требаше да се случи и со Вардар.
Правилата се правила и истите треба да важат за сите без разлика на тоа дали станува збор за Вардар или Треска од Шишево. Затоа деновиве за очекување е во фудбалскиот хаос да влезат службите на финансиската полиција и УЈП кои треба еднаш засекогаш да стават крај околу матните игри, трансакции и перење пари кои се случуваат во фудбалот со години и години. Како што е познато, финансиската полиција пред неколку недели го предупреди Вардар дека не смее да работи со паралелни сметки без да биде одблокирана она главната за која клубот е во долгови од околу 2,5 милиони евра. Ако минатата управа ги имаше истите проблеми како сега ќе функционираат новите раководители на "црвено-црните" и преку која сметка истите ќе работат. Треба да се знае дека препораките од ФФМ се лани и дека во работат со пари законите ги кажува државта не Хаџи-Ристески и неговата дружина.
Федерацијата и самата се соочува со проблеми затоа што државните институции веќе имаат констатирано криминално работење со финансиите околу неплаќање данок. Веќе има кривични пријави од кои две се за првиот човек на федерацијата Харалмпие Хаџи-Ристески. ФФМ беше нападната од сега веќе екс претседателот на Вардар, Ванчо Шехтански дека во изминатите 10 години клубот од УЕФА имал заработено 1,7 милиони евра од кои нити едно евро не е префрлено на блокираната сметка и дека федерацијата правела криминал со тоа што на клубовите им дозволила да работат преку "диви" сметки врз кои државните институиции немаат контрола.
До вчера обврските кон ФФМ ги подмири и ФК Скопје со тоа што шампионатот на 31 јули ќе почне со предвидените 12 екипи.
И. Д. Ивановски
Втората лига без Милано и без Осогово!
Шок за Куманово и Кочани. Екипите од овие два града не најдоа по 4.000 евра за да уплатат како дел од котизацијата за настап во Втората лига. Според највите од ФФМ двата клуба ќе се префрлат во понизок ранг. Тоа значи дека второлигашкото друштво и во новата сезона ќе брои 14 екипи како и во минатата иако истата беше зголемена на 16 со тоа што третолигашите не играа бараж. Милано за две години од вицешампион на Македонија и тим кој играше во Лигата на Европа сега е клуб кој ќе има третолигашки статус. Осогово долго се бореше да се врати барем во Втората лига, но овој тим од Кочани нема 4.000 евта но во Драги Серафимов има член на УО на ФФМ.
Шкендија има виза за трансфери
Откако тетовска Шкендија ја уплати казната од 1.000 евра кон ФФМ овој клуб доби зелено светло од "куќата на фудбалот" за да може да продава и купува фудбалери. Шкендија уште во мај доби забрана за трансфери од ФФМ поради неплатените долгови, а клубот мораше да ги подмири обврските за да може да се засилува во престојниот преоден рок кој трае до 15 јули. Одмрзнување на казната пред неколку дена доби и Хоризонт Турново, но не и другите екипи од типот на Вардар, Пелистер...
Христов тренер, "Алумина" како база!?
Борче Христов е фаворит за тренерската функција во Вардар откако клубот беше предаден во рацете на Драги Сетинов. Негов конкурент за клупата му е Џони Тодоровски, кој беше на оваа позиција пред една година. Вардар од утре тргнува со подготовки и во наредните денови новата управа ќе треба да го комплетира играчкиот кадар со кој екипата ќе се натпреварува во новата сезона. Како што дознавме Вардар се сели на терените на ФК "Алумина" во скопската населба Карпош каде екипата ќе тренира, а воедно таму ќе бидат и лоцирани просториите на "црвено-црните". Оваа база ќе биде до стартот на сезоната и до изградбата на новата "источна" трибина.
Уште во старт имаме нерегуларно првенество и со самата така наречена ждрепка и таа фамозна котизација ффм повторно со старите навики и вистинското нејзино лице за некого мајка (вардар и скопје) а за некого маќеја (осогово и милано кој патем нерегуларно го финасираше цела полусезона зимска за регуларно да биди првенството и да си изборат излез клубовите на брацо хари идризи)
Сите знааат дека вардар не платил котизација а му се дозволи да игра во првата лига и не само тоа што не платиле нема ниту да платат тоа е повеќе од јасно
Искрено веќе кога гордоста на ск не може да најде помочани 6000 евра за една полусезона не заслужува да игра 1 лига а да не заборавиме блокираната жиросметка но тоа не му е важно на ффм тие само да ги земат парите па ако сака и од правно лице или било кој да ги уплати на сметката на ффм значи не се работи за фудбалот туку за пари и ако се додаде за фк вардар кој многу пати до сега е помилуван од ффм за случајот на васовски и цементарница односно борчот што го имаат спрема нив се поставуваат серија на прашања
До кога вака ќе се дозволува да се игра со мак фудбалот од страна на ффм?
Дали со ова повторно го вративте брацо кај вас и станавте само заложници за помочани 6000 евра ?
Ќе се освести ли некогаш ск гледач и пишувачите (новинари ск) од макдонски спорт односно скопски спорт исто така и сите поголеми медиуми од ск и ќе ги исврлат тезите еднаш за секогаш:
"Sepak, Kenan Idrizi treba da znaesh shto e
Vardar, a shto drugite ekipi. Koj ima sila da go
izbrishe Vardar? Koga ke se pojavi takov junak togash
na istiot site treba da mu se poklonat"
Pa dragi skopski vesniku prestani da ziveesh vo svetot na bajkite! Vidi koj vardar imash denes!
vardar koj e sram za nashata liga,vardar koj ovaa sezona ke go cuvstvuvame kako prisilno nametnat,vardar koj nikogas nema za nas da bide klub,vardar koj e veke mrtov! a mrtov nema veke nazad.
Prodolzete so vashata skopska politika skopski sportu i polnete gi stranicite na vashiot i taka istroshen vesnik so bajki i mitovi koi ostanaa samo vo vashite mozoci!
Значи ниту збор за неруларностите во првенството на самиот старт туку величање на новата управа како во последен момент нашла пари и се спасиле
АЛО БРЕ што вие ?
Вратете се во реланоста и помислете дека има луѓе кои нема да заборав што се случува сега па и во минатото да не се мисли дека ќе има целосна амнезија па ќе се заборават и местењето на утакмиците со победа за да бидат шампиони пред некоја година да не зборуваме за борчот кон јавното претпирјатие за спортски објекти и долговите за трансвери
Како мислите да продолшите да игарте прва лига и да плаќете играчи да набавите реквизити и сите рабопти околу тоа што одат кога не можете4 да најдите 6000 евра
Со ова само што сегфа се направи само си го дадовте газот под кирија на хари друго ништо које се знаеше уште пред некоја недела но сите го премолчуваа бефет ставени на тест вие и раководството на ффм за да се види до каде може да оди
http://forum.kajgana.com/showthread.php?1478-Фан-Клуб-Вардар&p=3653808&highlight=#post3653808
Кој за жал не го положивте и паднавте на ситните игри на ффм
Со среќа нека ние првенството на кое за некој ден(првите кола) ќе се знае кој ќе биде шапион и кој ќе игра во европа а се разбира и кој ќе испања од истото едно е сигурнод дека скопје ќе испаднат од лигата на крајот за другите места на табелата ќе почекаме уште малку :smir: