Македонско фудбалско првенство 2012/2013

Кој ќе биде новиот шампион?


  • Вкупно гласачи
    325
Статус
Затворена за нови мислења.

Goran Bt

локал патриот
Член од
28 јуни 2009
Мислења
9.310
Поени од реакции
8.296
Кој ќе се пријави за играње во Првенствотото ?

Со колкава бројка ќе започнат натпреварите од Првата и Втората фудбалска лига во 19 - та сезона во Македонија ќе биде јасно на 30 јуни до кога клубовите имаат рок да ја уплатата задолжителната котизација. Котизацијата ќе се уплаќа на две еднакви рати, по 6000 евра за Првата лига и 4000 евра за Втората лига .



Доколку нема доволно клубови за да стартува Првата лига истата административно ќе биде дополнета со тимови од понискиот ранг кои ќе ги исполнуваат условите и ќе сакаат да играат во елитното друштво. Дополнување за Втората лига нема да има туку таму ќе стартуваат само екипи кои ги исполнуваат условите, велат од ФФМ.

Ждрепката за натпреварувачките броеви според кои ќе биде направен натпреварувачкиот календар поради терминот за котизација е поместена од 26 јуни за 7 јули. Прволигашкото друштво кое последнава сезона поради административни одлуки на ФФМ и ФИФА заврши само со 9 екипи, во сезоната 2010/11 ќе стартуваат 12, кои ќе играат во трикружен систем.Втората лига која претрпи зголемување на 16 екипи ќе се игра двокружно.

Од годинава ќе има и промена во термините за настап, така прволигашите наместо во недела, првенствените натпревари ќе ги играат во сабота, додека второлигашите мечевите ќе ги играат во недела. Првенството ќе стартува на 1 август, односно на 31 јули.

Ke ja isprlicat rabotata so ovie kotizaciite i ke bidi intresno koi klubovi ke nemaat pari letaat :smir: no me plasi da ne ostani ligata so 5-6 ekipi samo :kesa:
 

Goran Bt

локал патриот
Член од
28 јуни 2009
Мислења
9.310
Поени од реакции
8.296
Недела, 04 Јули 2010 13:56

До вторник рок за жалби за клубовите без лиценца
УО на ФФМ на седницата која вчера и денеска се одржа во х. Инекс Горица во Охрид ги разгледа и ги усвои извештаите на комисиите и телата при ФФМ .
1. Посебен аспект беше даден на извештајот на комисијата за лиценцирање при ФФМ која се осврна на бројните активности но и актуелното лиценцирање на клубовите за настап во Првата и Втората МФЛ.
Во својот извештај Одделението за лиценцирање, констатира значаен напредок во професионализацијата на клубовите. Огромен напредок во тренерската екипираност во клубовите. Во однос на финансиските услови се гледа напредок во однос на транспарентното при обелоденувањето на податоците за работењето на клубовите благодарение на што 5 екипи добија лиценца за меѓународни настапи.
Одделението за лиценцирање констатира дека со организацијата на ЕП за жени е подобрена инфраструктурата со што се подобруваат условите за одигрување на натпреварите од домашното првенство.
Во Септември 2009 г. ФФМ беше извлечена по случаен избор и беше направена инспекција од страна на УЕФА , дали ФФМ работи по правилата за издавање на лиценци . УЕФА изрази задоволство од работата на ФФМ и го задржува правото за инспекција во било кое време.


Направен е нов правилник за лиценцирање само за сезона 2010/2011. Задоволувачки е што клубовите навреме ја доставија бараната документација од страна на Одделението за лиценцирање.
Комисијата за лиценцирање која дава дозволи за учество во Првата и Втората МФЛ заседаваше во текот на вчерашниот ден (петок) и во однос на пропишаните правила се донесени следните одлуки:
Во Првата МФЛ не им се издадени лиценци на ФК Вардар и ФК Скопје бидејќи не ја платиле котизацијата во предвидениот рок.
Во втората МФЛ не им е издадена лиценца на ФК Осогово, ФК Охрид Лоте, ФК Цементарница, ФК Дрита, ФК Влазерими Кичево и ФК Милано бидејќи не платиле котизација.

ЕКИПИ КОИ ДОБИЈА ЛИЦЕНЦА ЗА НАСТАП ВО ПРВАТА МФЛ:
1. ФК РАБОТНИЧКИ
2. ФК ШКЕНДИЈА
3. ФК РЕНОВА
4. ФК НАПРЕДОК
5. ФК ПЕЛИСТЕР
6. ФК СИЛЕКС
7. ФК МЕТАЛУРГ
8. ФК ТЕТЕКС
9. ФК БРЕГАЛНИЦА
10. ФК ХОРИЗОНТ ТУРНОВО

ЕКИПИ КОИ ДОБИЈА ЛИЦЕНЦА ЗА НАСТАП ВО ВТОРАТА МФЛ:
1. ФК НОВАЦИ
2. ФК МИРАВЦИ
3. ГФК ТИКВЕШ 09
4. ФК ЕУРОМИЛК ГОРНО ЛИСИЧЕ
5. ФК ОХРИД 2004
6. ФК ЛОКОМОТИВА
7. ФК 11 ОКТОМВРИ
8. ФК ВЛАЗНИМИ СТРУГА
9. ФК РИНИЈА
10. ФК БЕЛАСИЦА



На сите клубови кои не ги исполнуваат условите им е даден рок за жалба до вторник, (6.Јули) да ја извршат уплатата на котизацијата од првата рата.
2. УО го прифати анексот на одлука за трансфер на фудбалери со кој клубовите кои ги исплатиле сите долгови кон ФФМ можат да ангажираат играчи од казнетите клубови , додека оние кои ги немаат измирено обврските не можат да ангажираат играчи додека не ги имират обврските.
3 УО ги прифати предлог-пропозициите за натпреварувањето во Првата , Втората и Третата МФЛ за сезоната 2010/11г.
Редоследот на екипите ќе биде утврден по азбучен ред врз основа на решенијата добиени од страна на лиценцната комисија на ФФМ.
Во првенствата на Македонија фудбалерите можат да бидат одбележани со броеви од 1-99.

4. УО го прифати предлогот во првата младинска и кадетска лига на Македонија да се натпреваруваат 16 екипи.
5. УО го прифати календарот и новата натпреварувачка сезона започнува на 31. Јули 2010г. кога стартува првенството во Првата МФЛ. Првенството во Втората МФЛ ќе започне на 08. Август 2010г. Натпреварите од 1. коло од националниот куп ќе се одиграат на 11. Август 2010г.
6. УО донесе одлука со која Комесарот за натпревари при ФФМ ќе раководи со натпреварувањето на Првата и Втората МФЛ. Со натпреварувањето во третите лиги раководат Управните одбори на лигите.
7. Предлог листите на делегати, судиски контролор и судии , како и изборот на членови на Судискиот Комитет при ФФМ ќе бидат усвоени на следната седница на УО на ФФМ
8. УО донесе предлог одлука за поведување на иницијатива за промени во Законот за спорт. Формирана е комисија која ќе ги изработи предлозите за законски промени.
9. УО донесе одлука за забрана на заедничка сопственост која произлегува од статутот на ФИФА и УЕФА и член 78 од статутот на ФФМ со кој се забранува сопственост на еден субјект врз повеќе клубови во ист ранг на натпреварување.
11.УО донесе одлука за превземање мерки и активности за воведување финансиска дисциплина во работењето на клубовите.
12.УО донесе одлука за аплицирање на ФФМ за организација на ЕП за фудбалери до 17 и 19г. за сезона 2012 и 2013г.
13. Претседателот на ФФМ , ги информираше членовите на УО дека на 29. Јуни со одлука на Владата на РМ на ФФМ и е доделено земјиште за изградба на Куќата на фудбалот. УО донесе заклучок за транспарентно градење со распишување на јавни тендери и почитување на сите законски рокови.
14. УО ја констатира оставката на членот на одборот , Зоран Алексов .


УПРАВНИОТ ОДБОР ГО ПРОЛОНГИРАШЕ РОКОТ ЗА УПЛАТА НА НЕОПХОДНАТА КОТИЗАЦИЈА ЗА УЧЕСТВО ВО ДВЕТЕ НАЈКВАЛИТЕТНИ ДОМАШНИ ЛИГИ ВО СЕЗОНАТА 2010/2011
Клубовите не плаќаат, а ФФМ дава рок за жалба!?
* И покрај силните најави дека нема да има попуст за никого, Управниот одбор на ФФМ констатираше дека дури осум клубови не ја платиле неопходната котизација во предвидениот рок, но нема исфрлување од лигите за ниту една од нив
Наспроти сите силни најави од страна на Фудбалската федерација на Македонија изминатиов период дека нема да има попуст за ниту еден клуб доколку не се плати котизацијата за учество во Првата односно Втората лига за сезоната 2010/2011 во предвидениот рок до 30 јуни 2010 година, сепак Управниот одбор сега го пролонгираше терминот за плаќање на првата рата до утре (6 јули) притоа не исклучувајќи, како што претходно најавуваа, ниту еден клуб кој не ја почитуваше "замислата" на ФФМ.
Управниот одбор на ФФМ, согласно извештајот на Одделението за лиценцирање при ФФМ, на својата седница изминатиов викенд во хотелот "Инекс Горица" во Охрид констатираше дека дури осум клубови, два прволигаши и шест второлигаши, не ја платиле неопходната прва рата од котизацијата (6.000 евра за Првата; и 4.000 евра за Втората лига) која е главен услов за добивање лиценца за натпреварување во новата 2010/2011 сезона сега определувајќи нов термин до кој може да се изврши уплатата. Иако изминатата недела неофицијално од ФФМ лиферуваа дека единствено најтрофејниот македонски клуб, ФК Вардар, не ја платил котизацијата, сега според официјалниот извештај од Одделението за лиценцирање произлезе дека од прволигашите котизација нема платено ниту ФК Скопје, додека шест екипи, ФК Осогово, ФК Охрид Лоте, ФК Цементарница 55, ФК Дрита, ФК Влазерими - Кичево и довчерашниот прволигаш, наш минатогодишен евро претставник ФК Милано од Куманово немаат платено второлигашка котизација.
Според информацијата на интернет страницата на ФФМ, Управниот одбор на својот состанок во Охрид сега одлучил "на клубовите кои не го исполниле условот за лиценцирање да им се даде рок за жалба до вторник (6 јули) да ја извршат уплатата на котизацијата од првата рата". Смешно е што под некаков превез на "рок за жалба", од ФФМ де факто всушност повторно го пролонгираат рокот за уплата понесени од стравот дека доколку не се држат стриктно до своите претходно одлуки тогаш во моментов Македонија останува без два прволигаши, чии места би се пополниле од Втората лига, а во тој случај со само осум второлигаши би останале во суштина без Втора лига.
Зачудувачки е за каков "рок за жалба" станува збор кога клубовите сами знаат дека не платиле котизација во предвидениот рок.
"Рок за жалба? Каква жалба, каква уплата? Како може да се жалиме на неуплатена котизација? Ајде да видиме колку клубови исклучи ФФМ кои не го почитуваа зацртаниот рок, кога и самите се свесни дека согласно домашните закони одредени клубови немаат начин како да ја платат котизацијата? Ние јасно и претходно потенциравме дека ФК Вардар нема начин како да ја плати котизацијата со оглед на тоа што е блокирана сметката на клубот. ФФМ треба добро да размисли за начинот на актуелното функционирање", велат од Вардар.
Инаку, покрај констатацијата за неплатената котизација од страна на осум клубови, од Одделението за лиценцирање при ФФМ констатирале: "значаен напредок во професионализацијата на клубовите и огромен напредок во тренерската екипираност во клубовите. Во однос на финансиските услови се гледа напредок во однос на транспарентноста при обелоденувањето на податоците за работењето на клубовите благодарение на што пет екипи добија лиценци за меѓународни настапи". (!?) Исто така, одделението за лиценцирање констатира дека со организацијата на ЕП за девојки до 19 години кое изминатиов месец се одржа во нашава земја подобрена е инфраструктурата со што се подобруваат условите за одигрување на натпреварите од домашното првенство. (!?)
Во ситуација во која во нашиот фудбал во моментов во 50% од клубовите фудбалерите не знаат што се тоа месечни примања, во ситуација кога некои не знаат ни како да ги почнат подготовките а поголемиот дел од клубовите од двете најквалитетни лиги функционираат без малку на аматерски основи, важно е што Одделението за лиценцирање и УО на ФФМ на хартија забележаа дека се е одлично во мак-фудбалот. Посебна приказна е и "сензационалната констатација" околу подобрувањето на инфраструктурата, иако за сите добро упатени во фудбалот максимално нејасно е како Европското првенство за жени успеа да ги подобри условите на стадионот во Тетово (каде играат три прволигаши, Ренова, Шкендија и Тетекс), или оној во Кичево (Напредок и Влазрими), или "Под Тумбе Кафе" во Битола, или игралиштето во Турново, па и оној во Кратово, или пак оној жалниот стадион пред распаѓање на Брегалница во Штип... А, токму таму ни е прволигашкиот фудбал.


Иницијатива за промена на Законот за спорт Управниот одбор на ФФМ донесе одлука за поведување иницијатива за промени во Законот за спорт. Формирана е комисија која ќе ги изработи предлозите за законски промени. Покрај тоа УО на ФФМ на состанокот во Охрид донесе и одлука за забрана на заедничка сопственост која произлегува од Статутот на ФИФА и УЕФА и член 78 од статутот на ФФМ со која се забранува сопственост на еден субјект врз повеќе клубови во ист ранг на натпреварување. Меѓудругото, донесена е и одлука за преземање мерки и активности за воведување финансиска дисциплина во работењето на клубовите.
Прифатен е и календарот за новата натпреварувачка сезона, која стартува на 31 јули во Првата лига, додека првенството во Втората лига треба да почне на 8 август. Натпреварите од 1. коло во националниот Куп ќе се одиграат на 11 август.

Апликација за ЕП до 17 и до 19 години
Управниот одбор донесе и одлука Македонија да аплицира за организација на Европското првенство за фудбалери до 17 и до 19 години кои треба да се одржат во 2012, односно во 2013 година.
Оваа година Македонија беше домаќин на Европското првенство за девојки до 19 години.

Констатирана оставката на Зоран Алексов
Во Охрид, УО на ФФМ ја констатираше и оставката на досегашниот член на Управниот одбор, градоначалникот на Штип, Зоран Алексов. Како што е познато Алексов, незадоволен од актулните состојби во мак-фудбалот и начинот на кој истиот е воден од страна на актуелното раководство на ФФМ, пред два месеци се повлече од членувањето во Управниот одбор
 

Syn

https://www.youtube.com/watch?v=zBkuNpgACH0
Член од
23 декември 2007
Мислења
29.914
Поени од реакции
44.916
Ставена е и анкета на темава, слободно гласајте ...
 
B

Beck's

Гостин
odlicno,fala ti mnogu za anketava:) A mojot glas mu pripadna se razbira na idniot Sampion SHKENDIJA:eek:jea:
 

superstarpizza

Unsurpassed Сasual Dating - Verified Damsels
Член од
20 септември 2008
Мислења
6.025
Поени од реакции
1.363
Нормално дека ке си гласам за Мојте!

Него работата е шо малце избрзавте со темава.....чекај да почнат да играт прво....зашо матна е работата!:kesa:
 

Goran Bt

локал патриот
Член од
28 јуни 2009
Мислења
9.310
Поени од реакции
8.296
Нормално дека ке си гласам за Мојте!

Него работата е шо малце избрзавте со темава.....чекај да почнат да играт прво....зашо матна е работата!:kesa:
Да избрзано барем до ждрепката на 7 среда (утре)со преносот на МТВ во 17 час да се почекаше да видиме кој ќе играат прва лига а кој не ?
Кој чешит ќе биди ако скопје не плати за прва лига и се ослободи место за уште еден тим од 2 лига а тоа би требало да биде дрита ,но некако случајно дрита сеоткаже од прва лига следува миравци а и тие ако се откажат за прва лига иди на ред победа од прилеп односно 11 октимври или пак во случај две екипи да не играат прва лига а како што стојат работите сега и тоа е нај веројатно вардар и скопје тогаш голема е шансата на 11 октомври да игра прва лига
 
Член од
22 март 2009
Мислења
2.356
Поени од реакции
454
Влечењето ќе биде на полувреме, или??
 

Тетекс фан ^

100% МАКЕДОНЕЦ
Член од
24 јануари 2009
Мислења
2.394
Поени од реакции
881

Ѓорче 1932

тој сум...
Член од
17 февруари 2009
Мислења
13.564
Поени од реакции
11.576
http://www.ffm.com.mk/index.php?option=com_content&view=article&id=900%3A2010-06-26-13-35-57&catid=55%3A--410-200&Itemid=97&lang=mk
Денеска (вчера) до 24 часот бил последниот рок за да се плати котизација за учество у прва лига, тешко првенство не очекуе...

Ништо....и дефинитивно РИП Македонски фудбалу !!!
 
Член од
14 март 2010
Мислења
16.908
Поени од реакции
16.166
Ништо....и дефинитивно РИП Македонски фудбалу !!!
Зошто бе рип (додуша тој одамна го нема :)), кој плати тој ќе игра, да се види кој е сериозен клуб, а не на пола сезона да се откажуваат.
 
Член од
14 ноември 2009
Мислења
17.318
Поени од реакции
15.571
Која сериозно лига, кој ќе иде на утакмици на ФК Скопје или пак ФК Новаци? И да отидат во квалификации ЛШ, нема да имаат повеќе од 500 луѓе на трибина, во споредба со еден Вардар кој секогаш ќе има навивачи.
 
Член од
14 март 2010
Мислења
16.908
Поени од реакции
16.166
Која сериозно лига, кој ќе иде на утакмици на ФК Скопје или пак ФК Новаци? И да отидат во квалификации ЛШ, нема да имаат повеќе од 500 луѓе на трибина, во споредба со еден Вардар кој секогаш ќе има навивачи.
Aхаа, „гордоста„ на Македонија нема да учествува во прва лига и за тоа лигата не е сериозна.
Оокеј.
Демек Вардар има 500гледачи на прволигашки натпревар. Без една нула може има, ама со две малце потешко.
 
Член од
18 јули 2009
Мислења
6.744
Поени од реакции
6.466
Вардар останува во првата лига бидејки платена е котизацијата од 6,000 евра!!!!Вардар не згасна :vozbud:
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom