Македонско-Турското пријателство зацврстува во САД

Член од
17 март 2005
Мислења
11.493
Поени од реакции
1.592
Обединетата Македонска Дијаспора (ОМД) и Американското здружение на Турски Асоцијации (АААТ) организираа вечер на Македонско-Турско пријателство вчера, 17-12-2008 во “Турската куќа’’ во Вашингтон.

Во прекрасната атмосфера се дружеа млади луѓе, Макединци и Турци, а на средбата присуствуваше и една многу шармантна Гркинка од Тексас, Стефани Влахакос , која, патем, не само што ги признава Македонците, туку активно се дружи со нив и им помага.

Претседателот на АААТ, укажа дека односите на двете заеднци се одлични, дека турската дијаспора конкретно се залага за заштита на Македонските интереси во САД, дека АААТ воспоставила степендии за Македонци со американско државјанство да студираат во Турција, меѓу другата помош.

Исто така, доколку Македонската дијаспора собере $50.000 годишно, Турската ќе и додели додатни $50.000 во периодот oд следните три години. Со ова Турците се обидуваат да ги стимулираат Македонците да изградат доверба во своите организации - за да можеме успешно да функционираме и лобираме.










 
Член од
18 февруари 2008
Мислења
2.201
Поени од реакции
86
И знамето на Северен Кипар е тука одлично.Треба вака ...само и нешто конкретно со Турција .....
 
Член од
17 март 2005
Мислења
11.493
Поени од реакции
1.592
Средбата е битна бидејќи дијаспорите можат да иницираат односи меѓу матичните земји. Три години се каниме и на крај тргна работата. Штом Турците НАЈФЕРСКИ ни даваат пари за НИЕ да се изградиме во заедница која пак ќе почне да дава за своите организции, на добар пат сме.

За твоја информација, чоекот на првата слика (со македонско знаменце) е советник на Генералштабот на Турската армија. По потекло е од Скопје. А пропо една друга тема што ја имавме за можна грчка воена интервенција во Македонија, на турската армија и требаат 48 саати да ја совлада Грција уздуж и попреку (доколку не се замеша ЕУ и/или Русија).

Она што е лошо во приказнава е дека во Турција постои опсесија да се влезе во ЕУ со што грчките уцени добиваат на сила.
 
Член од
18 февруари 2008
Мислења
2.201
Поени од реакции
86
Мило ми е што гледам дека се организирате.Треба лоби.А за Турците знам дека се јаки нема збор.Не знам зошто овие нашиве не се потрудат со Турциве да набавиме нешто од нив.Не се за потценување тие и нивната индустрија.

ПС на втората слика дечкото десно во вела кошула делува познато ....велешанче ми се чини?
 
Член од
17 март 2005
Мислења
11.493
Поени од реакции
1.592
Лоби активностите допрва доаѓаат. Турците држат група од 73 конгресмени (тнр. кокус) од кои, преку ова стратешко пријателство, барем 15 конгресмени или повеќе можеме веднаш да ќариме. Ова никако не е за занемарување кога ни виси меч над главата во Конгресот. За споредба, јужните цигани имаат над 100 конгресмени во грчкиот кокус, а по повод анти-Македонската резолуција велат дека придобиле уште педесетина+ во меѓувреме.

Р.Ѕ. Да, дечкото е од Велес, работи за Светска банка во Скопје. Тој од него е вториот секретар на Македонската амбасада, а девојката од лево облечена во сиво палто и пантолони е новиот советник за војни прашања.
 
Член од
7 мај 2005
Мислења
1.231
Поени од реакции
307
Треба вака ...само и нешто конкретно со Турција .....
По посетата на председателот на Турското собрание, останува да не радува фактот дека за разлика од многу други Турција безрезервно ја подржува МАКЕДОНИЈА во нејзиниот пат кон Евро-Атланските асоцијации.

Турција е земја која прва ја призна Македонија под уставното име и која за разлика од некој други држави не го користи тој факт за остварување дипломатска предност во односите помегу двете држави.

Се разбира дека во сето тоа не е од љубов туку најмногу поради совпаѓање на интересите...

Еве како извстуваше канал 5 за посетата на господинот Ќоксал Топтан.

Претседателот на турското Собрание Ќоксал Топтан се обрати во македонскиот Парламент

Претседателот на Големото национално собрание на Република Турција Ќоксал Топтан во својот говор во македонскиот Парламент денеска оцени дека политичките односи меѓу двете земји од ден на ден се повеќе се зацврстуваат. - Природно е правото на Република Македонија за што поскорешно интегрирање во евроатлантските структури. Македонија како што заслужи да го заземе своето место во НАТО има и заедничка иднина со ЕУ. Многу значајно е тоа што огромен број државјани на Македонија даваат поддршка за зачленување на земјата во овие институции. Се надевам дека НАТО и ЕУ соодветно ќе ја вреднуват оваа порака, истакна Топтан.

Потсетувајќи дека Турција отсекогаш силно и искрено ја поддржувала кандидатурата на Македонија за членство во НАТО, претседателот на турскиот Парламент посочи на придонесот на Македонија во мисиите на НАТО.

- Македонија повеќе од потребното ги исполни критериумите за членство во НАТО и тоа што Македонија не беше поканета за членство на Самитот на НАТО во Бук*решт го оценуваме како една голема неправда, истакна тој.

Нереализирањето на членството на Македонија во НАТО за Турција која е членка на Алијансата од 1952 година, според Топтан беше едно големо разочарување. Сепак, тој изрази верба дека за кратко време Македонија ќе биде членка во Алијансата и додаде дека Турција ќе продолжи со нејзината одлучна поддршка кон Македонија.
Претседателот на турскиот Парламент изрази благодарност за поддршката што Македонија и ја даде на Турција за нивната кандидатура за привремен член на Советот за безбедност на ОН за периодот 2009/2010 година. Тој оцени дека признавањето на Косово од страна на Македонија е една многу значајна одлука.

Топтан од говорницата во македонскиот Парламент побара да се преземат соодветни чекори за реализирање на принципот за соодветна застапеност, кој според него ќе биде во согласност со духот на Охридскиот рамковен договор.

- За време на мојата посета, уште еднаш се уверив во тоа колку е силно пријателството помеѓу Македонија и Турција и колку се интензивни и искрени нашите односи, изјави Топтан. Македонија, додаде тој, за нас е една пријателска земја со која сме длабоко поврзани - со нашите меѓучовечките односи, културата и минатото.

- На чело со првиот претседател на Големото национално собрание на Турција, великиот Ататурк повеќето од хероите кои што одиграле клучна улога во оформување на Република Турција се од овие краишта. Тоа што основачот на Републиката големиот државник Мустафа Кемал Ататурк го започнал своето образование во Битола е една темелна определба која што од страна на сите Турци се знае наизуст уште од нивното основно образование и е наша заедничка гордост, истакна претседателот на турскиот Парламент.

Турската држава, како што нагласи Топтан, е првата земја која ја призна независноста, уставното име и постоењето на македонскиот народ.

Тој потсети на соработката што се остварува помеѓу Македонија и Турција и на таканаречениот стратегиски документ „за зацврстување на билатералнта соработка“ што беше потпишан минатиот месец во Анкара.

- Парламентарната димензија на нашата соработка е придонес кон зацврстување на врските кон нашите земји и народи, рече Топтан и посочи дека како показател за љубовта што турскиот народ ја чувствува кон Македонија е тоа што 369 од 564 пратеници во турското Ссобрание се членови на парламентарната група за пријателство со Македонија.

Топтан подвлече дека во овој момент Турција е еден од најзначајните трговски партнери на Македонија и една од десетте земји со најголеми инвестиции во Македонија, додавајќи дека постојат реални потенцијали економската и трговската соработка да се развиваат уште повеќе. Турција безусловно ги поддржува вооружените сили на Македонија во достигнувањето на НАТО стандардите и во здобивањето високо образование на нејзините офицери, изјави претседателот на Големото национално собрание на Турција.

Осврнувајќи се на културното наследство на Македонија, тој потсети дека во Македонија има се уште околу 500 споменици од османлиско-турскиот период што претставуваат значаен придонес кон туристичкиот потенцијал на Македонија и посебно се привлечни за турските туристи.

- Поради тоа зачувувањето на овие дела во нивната оригинална форма е многу значајно и од аспект на зачувувањето на културното наследство на Македонија, рече Топтан најавувајќи отворање културни центри во двете земји.

Тој исто така потсети дека еден од најзначајните турски поети Јахија Ќемал потекнува од овие краишта и оти тој бил пратеник на Големото национално собрание на Турција во петтиот изборен период. Неговиот татко Ибрахим Наџим, кој по потекло бил од Ниш, своевремено бил и градоначалник на Скопје.

Според официјалните статистики во Македонија живеат околу 80 илјади Турци.

- Турците се еден од камен темелниците на оваа земја. Тие се лојални кон својата држава и живеат во братство со другите заедници. Зачувувањето на својот јазик, културата и идентитетот претставуваат придонес кон богатството на Македонија, рече Топтан.
Тој се заблагодари на Владата на Република Македонија која го поддржа празникот на турското образование што беше одбележан вчера во Скопје.

:helou::helou::helou:
 

ilija^veles

Nick Sloter
Член од
19 февруари 2009
Мислења
1.050
Поени од реакции
41
односите мегу македонија и турција на секое поле се зацврстуваат и јас ги поздравувам. и ако некој зане за тие 80 милиони евра со ги донирала турција за воена помош нека пише чекам одговор
 
Член од
17 март 2005
Мислења
11.493
Поени од реакции
1.592
Pomina rechisi edna godina od vospostavuvanjeto vrski so turskoto lobi.

Vo megjuvreme, sorabotkata e dosta prodlabochena i postignati se konkretni rezultati vo nasha polza.

Kajgana povtorno ke bide prva so fotki od sledniot nastan.

The 2nd Annual Macedonian-Turkish Friendship Happy Hour!

Featuring Turkish and Macedonian Delicacies, wines, dancing, and music...

Wednesday, December 2, 2009
6:30 - 8:30 p.m.

ATAA Turkish House
Washington, D.C. 20036
 
Член од
18 август 2008
Мислења
680
Поени од реакции
34
Турција рачуна на милион Македонски борци кои ќе тргнат на Елада откако Турција ќе прати бродови и авиони.

И да не ги заборавиме Албанците...

А грците се удружија со србите...изгледа онака, заедно , братски сакаат да се сведат на Атински и Београдски пашалук.

Јунанистан е веќе неостварлив сон,ќе мора гадојте да се задоволат со Атина.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom