Македонското образование - и неговата важност!

Член од
24 јуни 2008
Мислења
1.705
Поени од реакции
75
Веста по која среќен се изнафалив на пола Европа како мојата земја е напредна и совесна, а секако почекав до последниот момент да видам дали ќе се реализира , па да не ми биде фалењето и радоста за џабе.ПАоткако беше објавено во некој од дневните весници кои ги читам, дека учебниците се конечно пристигнати во училиштата и дека пред неколку дена родителите изјавуваа како се среќни дека оваа година барем ја немаат обврската за плаќање учебници, кое колку толку им ја олеснува социјалната состојба... денес СЕНЗАЦИОНАЛНО читам :

Бес­пла­тен комплет книги само за четврто и седмо одделение

Са­мо учениците од четврто и од седмо одделение ќе добијат комплет учеб­ни­ци и работни листови за настава. Останатите самите ќе треба да си ги купат дополнителните наставни помагала, информираше вчера Ми­нис­терс­тво­то за образование.
СДСМ веднаш реагираше дека Владата манипулира со проектот бес­плат­ни учебници.
"Ни­кој не им кажува на родителите дека за работни листови, атлас и за дру­ги помагала ќе мора да платат и по 3.000 денари, колку што порано чи­не­ше цел комплет учебници. Кој ќе им даде образложение на учениците, ро­ди­те­ли­те и на наставниците за промена на наставниот план, не во минута до два­на­е­сет туку на првиот училиштен ден", рече Зоран Заев, пот­прет­се­да­тел на СДСМ.
Од Министерството за образование и наука велат дека бесплатни ком­пле­ти ќе добијат четвртоодделенците и седмоодделенците, бидејќи оваа го­ди­на само тие ќе работат според новиот Закон за учебници. За другите од­де­ле­ни­ја, Министерството испратило препорака до школите да ги ко­рис­тат само најнеопходните прирачници. (Р.Ф.)


И сега си се прашувам кој на кого мачкал очи, толку ли е нашата власт одговорна,или пак навистина да помислам дека нашите весници се до толку безобразни што можат да ги извртат „вестите“ до бескрај, па да неможе никој жив да ги разбере?
Што навистина се случува и до кај навистина се стигнати нашите реформи и има ли вистински луѓе кај нас кои се спремни да прифатат било каква одговорност и реално да работат на МАКЕДОНИЈА ?
 
S

smart ass

Гостин
ova so besplatnite ucebnici e samo zamaskirano perenje na pari a i plus toa kaj nas nema uslovi za site da u;at sredno.
 
Член од
24 јуни 2008
Мислења
1.705
Поени од реакции
75
Мачкањето очи нема уште долго да трае. Не е ова крајот на 20тиот век, завршија тие приказни, луѓето се посвесни и поинформирани.
Секоја лага двоструко се враќа.
 
Член од
24 јуни 2008
Мислења
1.705
Поени од реакции
75
Ќе дадат ли тие од министерството за образование сега изјава во врска со оваа вест. Дај Боже да ја демантираат ! Оти навистина е срамота ако сета оваа прашина беше дигната за џабе. Да се помага образованието е навистина благородно, сум за секоја таква иницијатива, ама дали вистински се завршуваат овие работи или како што од новинарите се користи изразот, само се „шминкаме“ ?
 

Amnaesiac

Paranoid Android
Член од
9 декември 2008
Мислења
1.818
Поени од реакции
43
Ќе дадат ли тие од министерството за образование сега изјава во врска со оваа вест. Дај Боже да ја демантираат ! Оти навистина е срамота ако сета оваа прашина беше дигната за џабе. Да се помага образованието е навистина благородно, сум за секоја таква иницијатива, ама дали вистински се завршуваат овие работи или како што од новинарите се користи изразот, само се „шминкаме“ ?
Не би знаел да одговорам.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom