Македонски LAN турнир во DotA 2

TwiNNeR

Повеќе читам, помалку пишувам
Член од
1 декември 2009
Мислења
176
Поени од реакции
94
Со огромно задоволство, ви објавуваме дека Dota 2 Macedonia Community во соработка со Click-Click.mk ќе организира LAN турнир во објектот на Инсомнија во Лептокарија.

Пријавувањето започна денес, и трае две недели. Сите тимови задолжително ќе треба да ја пополнат online пријавата која ќе им биде дадена, и откако ќе биде утврден отприлика одредениот број на тимови кои би сакале да учествуваат на турнирот, ќе треба да ја финансираат нивната пријава една недела или 4-5 дена пред почетокот на турнирот, поточно треба да дадат items на ID gayladin, и да уплатат 1000 денари на лице место во Инсомнија.

Претходниот турнир, кој беше онлајн, беше вистински хит. 32 тима се бореа за приматот „најдобар DotA 2 тим во Македонија“. Како победник излезе тимот на GC, со добро подготвените стратегии и одличната тимска работа!

Дали сте спремни за еден од најголемите DotA 2 турнири во Македонија? Најдобрите македонски тимови на едно место, но само еден ќе биде прогласен како најдобар...

Дали мислите дека вие и вашиот тим сте најдобрите во нашата земја? Ова е уникатна можност да се покажете!

Турнирот ќе има официјални коментатори и се очекува вистинско шоу и нешто досега невидено во македонската гејминг сцена. Време е да се покажете во правото светло. Време е за DotA 2!
Пријавувањето е на следниот линк (http://click-click.mk/lan-turnir/)

(се надевам дека ваква тема не претставува проблем и не ги крши правилата на форумот, ако не сум во право, модератор нека ја избрише/затвори)
 

Mr.47

Juve Fan
Член од
29 јули 2008
Мислења
8.818
Поени од реакции
4.793
Ај разбирам да се плати кеш за учество, ама итеми?
Глупаво правило(без разлика дали се користи секаде).
Ова како да се пријавиш на турнир у мал фудбал, да платиш кеш(нормално) и секој од дома по 1 фудбал да донесе.
 

DéJà Vu

hehehehe
Член од
6 мај 2012
Мислења
813
Поени од реакции
446
Абе ако дојдат челенџерите немора ич да играат. нека му ги дат ајтемите и парите... лан да одат да играт RAPE ќе напрат.
 
Член од
4 февруари 2009
Мислења
7.727
Поени од реакции
7.543
Каков ќе биде форматот?
Групи плус елиминации или веднаш елиминации?
 
N

Nessa Alcarin

Гостин
Каков ќе биде форматот?
Групи плус елиминации или веднаш елиминации?
Прво треба да видиме колку тимови ќе се пријават. Доколку има поголем број на тимови ќе се игра на елиминации. Доколку се помалце би можело да направиме со групи. Но треба да разберете дека Инсомнија може да ја окупираме само 2 дена, што значи дека со групи би било потешко да се изведе турнирот. Како и да е, во зависност од одзивот ќе се планира понатаму.
 
На врв Bottom