2.) Маја Аргакијева
... едноставна, убава жена, пример за упорност, нежност, грижливост и посветеност кон своето семејство кое го спојува на многу суптилен начин со својата работа како фотографка, иако фотографијата била нејзина љубов од средношколските денови посебно кога го добила татковиот стар фотоапарат „зенит“, сакала да студира фотографија, ама сепак изборот паднал на Правниот факултет во Скопје,
... во маркетинг-агенција работела десет години, но кога купила фото камера DCLR почнала повторно да фотографира и после раѓањето на близначките во 2011 год.,собрала храброст и ја напуштила работата и почнала да фотографира дечиња и бебиња во следните 5 години, но во еден момент почнало да и' биде товар отколку задоволство па престанала со активно фотографирање, последниве години фотографирала за Филхармонија и разни промоции,
- стои на раце во Несебар покрај море, покрај изворите на Св,Наум
... Маја по природа е авантурист и љубител на патувања и откривање на непознати места и тоа во една идеална спојка со својот сопруг Драган и близначките Каја и Веда, што несебично ги споделува и пренесува доживувањата на заедничкиот блог
„
A Family on the road “, повикувајќи ги туристите на несебичен начин да ја посетат нашата земја - Македонија!
... најчеста инспирација за своите фотографии ја има од најмладата популација (бебиња, деца, нејзините ќерки),
- Creative Baby & Child Photography,
... нејзината желба да преку фотографија го долови и покаже карактерот на децата е главна причина на тематиката на нејзините фотографии,
... како дел од регионалната акција за хуманизација на породувањето „Слобода на раѓањето“ поставена изложба од фотографии на Маја Аргакијева и вистинити родилни приказни на наши жени со позитивно породилно искуство насловена како „Искра живот“ ,
како и по повод Светскиот ден на лицата со Даунов синдром, фотографката Маја Аргакијева сподели фотосесија со Луција и Антонија, со цел да помогне во подигнување на свеста за лицата со посебни потреби
... во чест на 70-годишнината на ансамблот за народни игри и песни „Танец“, промовирана новата монографија „Остани во чекор“ од Кирил Тодевски, посветена на антологиските кореографии од репертоарот на „Танец“( на македонски и на англиски јазик), каде фотографиите за насловната страница ги направила фотографката Маја Аргакијева.