Македонски текстови од ваши омилени песни

Член од
13 декември 2005
Мислења
134
Поени од реакции
0
mито,мито и корупција
оваа е срам,срам за цела нација
доста е од се време да прогледаме
сруши се време е да се уништи
ОКТОПОД

оваа беше дел од една наша песна
кога октоподот беше прв пат спомнат
 

ThA-BiTcH

~*~Blonde Bitch With a Brain~*~
Член од
23 септември 2005
Мислења
4.338
Поени од реакции
62
[FONT=Arial, Helvetica]АЈДЕ СЛУШАЈ, СЛУШАЈ КАЛЕШ БРЕ АНЃО[/FONT]
[FONT=Arial, Helvetica]Ајде слушај, слушај
калеш бре Анѓо
што тамбура свири.
[/FONT]
[FONT=Arial, Helvetica]Тамбурата свири,
калеш бре Анѓо
анама да бидеш.
[/FONT]
[FONT=Arial, Helvetica]Анама да бидеш,
калеш бре Анѓо
на чардак да седиш.
[/FONT]
[FONT=Arial, Helvetica]На чардак да седиш,
калеш бре Анѓо
жолтици да броиш.
[/FONT]
[FONT=Arial, Helvetica]Ајде слушам, слушам
клето бре Турче,
турски не разбирам.
[/FONT]
[FONT=Arial, Helvetica]Турски не разбирам,
клето ле турче,
вера не менувам.
[/FONT]
 

ThA-BiTcH

~*~Blonde Bitch With a Brain~*~
Член од
23 септември 2005
Мислења
4.338
Поени од реакции
62
[FONT=Arial, Helvetica]АКО УМРАМ ИЛ’ ЗАГИНАМ[/FONT]
[FONT=Arial, Helvetica]
Ако умрам, ил’ загинам,
немој да ме жалите,
напијте се рујно вино,
скршете ги чашите.
[/FONT]
[FONT=Arial, Helvetica]Еј, верни другари
песна запејте
мене спомнете. х 2
[/FONT]
[FONT=Arial, Helvetica]Ако умрам, ил’ загинам,
поп немој да викате,
вие на гроб да ми дојте,
оро да заиграте.
[/FONT]
[FONT=Arial, Helvetica]Еј, верни другари
песна запејте
мене спомнете. х 2
[/FONT]
[FONT=Arial, Helvetica]Ако умрам, ил’ загинам,
ќе останат спомени,
што сум лудо лудовало
на младите години.
[/FONT]
[FONT=Arial, Helvetica]Еј, верни другари
песна запејте
мене спомнете. х 2
[/FONT]
 

ThA-BiTcH

~*~Blonde Bitch With a Brain~*~
Член од
23 септември 2005
Мислења
4.338
Поени од реакции
62
[FONT=Arial, Helvetica]АЈ, ЗАСВИРЕТЕ МИ ЧАЛГИИ[/FONT]
[FONT=Arial, Helvetica]Ај, засвирете ми чалгии,
една песна мераклиска,
да се сетам на младоста,
да се врати в срце радоста.
[/FONT]
[FONT=Arial, Helvetica]Свирете ми чалгии,
свирете ми се од срце,
празник ми е на душава,
денес плачам за младоста.
[/FONT]
[FONT=Arial, Helvetica]Ај, засвирете ми чалгии,
една песна како животот,
очи солзи да наполнат,
душа моја да олеснат.
[/FONT]
[FONT=Arial, Helvetica]Свирете ми чалгии,
свирете ми се од срце,
празник ми е на душава,
[/FONT]
[FONT=Arial, Helvetica]денес плачам за младоста.[/FONT]
 

ThA-BiTcH

~*~Blonde Bitch With a Brain~*~
Член од
23 септември 2005
Мислења
4.338
Поени од реакции
62
[FONT=Arial, Helvetica]БИСЕР БАЛКАНСКИ[/FONT]
[FONT=Arial, Helvetica]Солзи сами капат, прости ми
тешки се ко твојте планини
плаче срце од три страни
што крвави многу години. х 2
[/FONT]
[FONT=Arial, Helvetica]Е, е, е, еј Македонијо,
ти си бисер балкански
сплоти Пирин, Егеј син
со бистри води вардарски.
[/FONT]
[FONT=Arial, Helvetica]Само една има вистина
има една Македонија
делете ја, парчете ја
пак ќе биде наша најмила. х 2
[/FONT]
[FONT=Arial, Helvetica]Е, е, е, еј Македонијо,
ти си бисер балкански
сплоти Пирин, Егеј син
со бистри води вардарски.
[/FONT]
[FONT=Arial, Helvetica]Македонци наглас запејте
македонско оро играјте
мајка мила спомнете ја
жива била Македонија. х 2
[/FONT]
[FONT=Arial, Helvetica]Е, е, е, еј Македонијо,
ти си бисер балкански
сплоти Пирин, Егеј син
со бистри води вардарски.
[/FONT]
 

ThA-BiTcH

~*~Blonde Bitch With a Brain~*~
Член од
23 септември 2005
Мислења
4.338
Поени од реакции
62
[FONT=Arial, Helvetica]БИЛЈАНА ПЛАТНО БЕЛЕШЕ[/FONT]
[FONT=Arial, Helvetica]Билјана платно белеше
на охридските извори.
Ми поминаа винари,
винари белограѓани.
[/FONT]
[FONT=Arial, Helvetica]Винари белограѓани,
кротко терајте карванот,
да не ми платно згазите,
платното ми е даровно,
платното ми е даровно,
за свекор и за свекрва.
[/FONT]
[FONT=Arial, Helvetica]Ако ти платно згазиме,
со вино ќе го платиме,
со вино ќе го платиме,
и бела лута ракија.
[/FONT]
[FONT=Arial, Helvetica]Винари белограѓани,
не ви го сакам виното,
тук’ ви го сакам лудото
што напред тера карванот.
[/FONT]
 

ThA-BiTcH

~*~Blonde Bitch With a Brain~*~
Член од
23 септември 2005
Мислења
4.338
Поени од реакции
62
[FONT=Arial, Helvetica]БЛАГУНО ДЕЈЧЕ[/FONT]
[FONT=Arial, Helvetica]Благуно, дејче мори, пожаранче х 2
отвори ми џамли пенџер
сакам да те видам јас. х 2
[/FONT]
[FONT=Arial, Helvetica]Дејгиди Аце море аџамија х 2
како да ти јас отворам х 2
кога не те сакам јас.
[/FONT]
[FONT=Arial, Helvetica]Благуно дејче, мори, пожаранче
ја подај ми бело лице
сакам да го љубам јас. х 2
[/FONT]
[FONT=Arial, Helvetica]Дејгиди Аце море аџамија х 2
што да дадам бело лице
кога не те љубам јас
кога имам друго либе,
него си го љубам јас.
[/FONT]
 

ThA-BiTcH

~*~Blonde Bitch With a Brain~*~
Член од
23 септември 2005
Мислења
4.338
Поени од реакции
62
[FONT=Arial, Helvetica]ВИНО ПИЈАМ, ЕМ РАКИЈА[/FONT]
[FONT=Arial, Helvetica]Вино пијам, ем ракија х 2
коња јавам, аџамија. х 2
[/FONT]
[FONT=Arial, Helvetica]Коњ ми шета горе-доле, х 2
горе-доле низ тоа поле. х 2
[/FONT]
[FONT=Arial, Helvetica]Ме однесе в ладна меана, х 2
во меана до три моми. х 2
[/FONT]
[FONT=Arial, Helvetica]Една точи, друга носи, х 2
а третата мене ме гледа. х 2
[/FONT]
[FONT=Arial, Helvetica]Па ја качив на коњчето, х 2
ја однесов право дома. х 2
[/FONT]
 

ThA-BiTcH

~*~Blonde Bitch With a Brain~*~
Член од
23 септември 2005
Мислења
4.338
Поени од реакции
62
[FONT=Arial, Helvetica]ДАВАЈ МЕ, МИЛА МАМО, ДАВАЈ МЕ[/FONT]
[FONT=Arial, Helvetica]Давај ме, мила мамо, давај ме, х2
за тоа, мила мамо, циганче. х2
[/FONT]
[FONT=Arial, Helvetica]Аман, оф аман, мила мамо,
тоа циганче. х2
[/FONT]
[FONT=Arial, Helvetica]Устата му е , мамо, кутивче, х2
забите му се, мамо, бисери, х2
[/FONT]
[FONT=Arial, Helvetica]Аман, оф аман, мила мамо,
заби бисери. х2
[/FONT]
[FONT=Arial, Helvetica]Куќата му е, мамо, колиба, х2
за мене, мила мамо, палата. х2
[/FONT]
[FONT=Arial, Helvetica]Аман, оф аман, мила мамо,
за мен’ палата. х2
[/FONT]
[FONT=Arial, Helvetica]Дење го гледам, мамо, циганче, х2
ноќе го гледам, мамо, галабче. х2
[/FONT]
[FONT=Arial, Helvetica]Аман, оф аман, мила мамо,
ноќе - галапче. х2
[/FONT]
 

ThA-BiTcH

~*~Blonde Bitch With a Brain~*~
Член од
23 септември 2005
Мислења
4.338
Поени од реакции
62
[FONT=Arial, Helvetica]ДАФИНО ВИНО ЦРВЕНО[/FONT]
[FONT=Arial, Helvetica]Дафино вино црвено
момчето ти е заспало. х 2
[/FONT]
[FONT=Arial, Helvetica]Момчето ти е заспало
на Каракамен Планина х 2
на сува рида, без вода.
[/FONT]
[FONT=Arial, Helvetica]Ми поминале ајдуци
гунчето му го украле х 2
во меана му го продале.
[/FONT]
[FONT=Arial, Helvetica]Во меана му го продале
за лута бела ракија х 2
за рујно вино црвено.
[/FONT]
[FONT=Arial, Helvetica]Ако му го зеле гунчето,
нека му е живо момчето.
[/FONT]
 

ThA-BiTcH

~*~Blonde Bitch With a Brain~*~
Член од
23 септември 2005
Мислења
4.338
Поени од реакции
62
[FONT=Arial, Helvetica]ЕДНО ИМЕ ИМАМЕ[/FONT]
[FONT=Arial, Helvetica]Покрај Егеј Македонци
покрај Вардар Македонци
и под Пирин Македонци
славно име, непокорно.
[/FONT]
[FONT=Arial, Helvetica]Едно име имаме
во душата го носиме
за тебе живот даваме
о, Македонијо. х 2
[/FONT]
[FONT=Arial, Helvetica]Како ширни полиња
а до небо планини
реки златоносни
а езера бисери.
[/FONT]
[FONT=Arial, Helvetica]Едно име имаме
во душата го носиме
за тебе живот даваме
о, Македонијо. х 2
[/FONT]
[FONT=Arial, Helvetica]Мајко Македонијо,
балканска убавице,
кој се роди во тебе
и живот дава за тебе.
[/FONT]
[FONT=Arial, Helvetica]Едно име имаме
во душата го носиме
за тебе живот даваме
о, Македонијо. х 2
[/FONT]
 

ThA-BiTcH

~*~Blonde Bitch With a Brain~*~
Член од
23 септември 2005
Мислења
4.338
Поени од реакции
62
[FONT=Arial, Helvetica]ЕРГЕН ОДЕВ[/FONT]
[FONT=Arial, Helvetica]Ерген одев, мајко, ерген одев,
ерген одев, мајко, поарно ми беше.
[/FONT]
[FONT=Arial, Helvetica]Се оженив, мајко, се оженив,
се оженив, мајко, злото ме нападна.
[/FONT]
[FONT=Arial, Helvetica]Падна ми се, мајко, падна ми се,
падна ми се, мајко, либе болникаво.
[/FONT]
[FONT=Arial, Helvetica]Са ноќ, мајко, саноќ ми е,
са ноќ ми е, мајко, на рака лежало.
[/FONT]
[FONT=Arial, Helvetica]Дури ми се, мајко, дури ми се,
дури ми се, мајко, рака исушила.
[/FONT]
[FONT=Arial, Helvetica]Па не можам, мајко, па не можам,
па не можам, мајко, на коњ да се качам.
[/FONT]
[FONT=Arial, Helvetica]Ме качија, мајко, ме качија,
ме качија, мајко, моите другари.
[/FONT]
 

ThA-BiTcH

~*~Blonde Bitch With a Brain~*~
Член од
23 септември 2005
Мислења
4.338
Поени од реакции
62
[FONT=Arial, Helvetica]ЗАЈДИ, ЗАЈДИ[/FONT]
[FONT=Arial, Helvetica]Зајди, зајди, јасно сонце
зајди, помрачи се
и ти јасна, ле месечино
елај, удави се.
[/FONT]
[FONT=Arial, Helvetica]Црнеј горо, црнеј сестро
двете да црниме,
ти за твојте лисја, ле горо,
јас за мојта младост.
[/FONT]
[FONT=Arial, Helvetica]Твојте лисја, горо сестро
пак ќе ти се вратат,
мојта младост, горо ле сестро
нема да се врати.
[/FONT]
 

ThA-BiTcH

~*~Blonde Bitch With a Brain~*~
Член од
23 септември 2005
Мислења
4.338
Поени од реакции
62
[FONT=Arial, Helvetica]ЗОШТО СИ МЕ МАЈКО РОДИЛА[/FONT]
[FONT=Arial, Helvetica]Зошто си ме мајко родила, леле ле
цел живот не си ме видела
ти си машко чедо родила, леле ле
и на друг си љубов, мајко, дарила
леле оф аман леле ле
и на дру си љубов, мајко, дарила.
[/FONT]
[FONT=Arial, Helvetica]Херој биде мила мајко ти, леле ле
што си машко чедо родила
јас ќе светам, мајко
како сјај, леле ле
за мојот мила мајко роден крај,
леле оф аман леле ле
за мојот, мила мајко, роден крај.
[/FONT]
[FONT=Arial, Helvetica]Дење ноќе одам, скитам јас, леле ле
и на тебе мислам мајко јас
твојот лик го гледам секој час, леле ле
и на тебе долгови ти враќам јас.
[/FONT]
 

ThA-BiTcH

~*~Blonde Bitch With a Brain~*~
Член од
23 септември 2005
Мислења
4.338
Поени од реакции
62
[FONT=Arial, Helvetica]МОРЕ СОКОЛ ПИЕ ВОДА НА ВАРДАРОТ[/FONT]
[FONT=Arial, Helvetica]Море сокол пие
вода на Вардарот.
Јане, Јане ле бело грло,
Јане, Јане ле кротко јагне.
[/FONT]
[FONT=Arial, Helvetica]Море ој, соколе,
ти јуначко пиле,
Јане, Јане ле бело грло,
Јане, Јане ле кротко јагне.
[/FONT]
[FONT=Arial, Helvetica]Море нели виде
јунак да помине,
јунак да помине,
с’ девет лути рани.
Јане, Јане ле бело грло,
Јане, Јане ле кротко јагне.
[/FONT]
[FONT=Arial, Helvetica]Јунак да помине
с’ девет лути рани,
с’ девет лути рани,
сите куршумлии.
Јане, Јане ле бело грло,
Јане, Јане ле кротко јагне.
[/FONT]
[FONT=Arial, Helvetica]А десета рана
со нож прободена.
Јане, Јане ле бело грло,
Јане, Јане ле кротко јагне.
[/FONT]
 

Kajgana Shop

На врв Bottom