Македонски специјални единици (полициски и воени)

Член од
14 октомври 2013
Мислења
877
Поени од реакции
3.448
https://www.facebook.com/404967979709498/photos/a.405526609653635.1073741827.404967979709498/425314641008165/?type=3&theater

Единица за специјални задачи Тигар

СПОДЕЛЕТЕ

Не смееме и нема никогаш да ве заборавиме!

Ненад Серафимовски (1987, с. Зубовце, Гостивар)
Жарко Кузмановски (1981, с. Брвеница, Тетово)
Горан Стојменовиќ (1970, с. Миладиновци, Скопје)

Ни недостигате ништо не е како порано без вас ни остана голема тага болка...ни фалите најмногу на вашите фамилии...
Вие го дадовте животот за Македонија,бевте пример и ќе останете пример за сите нас за вашите фамилии,вашите колеги,вашата единица.

Вечна ви Слава почивајте во мир

Овај текст е напишан за вас

Црниот гавран се разлета над Куманово
довека ке се памти тоа утро саботно.
Револвери,куршуми расфрлани на секаде
јунак до јунак кој од кој поголем!
Срце лавовско,срце јуначко
срце големо Македонско...
Прости им боже незнаат што прават на
предавниците што света земја ја газат.
Чувај ги боже нашите Херои,
чувај ги таму горе Ненад,Жарко,Горан...
и зекој еден што за земјава се бори
Слава и почит јунаци Македонски
9.5.2015 да не се повтори ниту да се заборави!

1397138_1050948511622242_4381081756445557759_o.jpg
 

Bodyguard

ВИП Личност за Високо Обезбедувај.
Член од
14 јуни 2013
Мислења
2
Поени од реакции
0
Имам повеќе прашања за слики, за кои не знам сигурно од кои единици се. Многу би бил благодарен ако би помогнеле.

1.Овије Единици се од Лавовите лични телохранители на Љубе Бошковски поранешен министер за внатрешни работи сега се во ЕБР.


2.


3.


4.


5.


6.


7.


8.


9.


10.


11.


12.


13.


14.


15.


16.


17.


18.


19.


20.
 
Член од
14 октомври 2013
Мислења
877
Поени од реакции
3.448
"Не постои ништо што може да ми ги избрише сликите од Вејце и од Радуша. Длабоко во мене се уште ми е мачнината од Вејце, кога си ги видов измасакрирани другарите и кога прстите ми пропаѓаа во нивните јагленосани тела, додека ги качувавме во возилата. Кога Вејце понекогаш ќе ме остави на раат да отспијам малку, тука е Радуша да ме стресе и да ме потсети на 40-часовните рафали врз нас".
Полицаецот Саше Гилевски од Битола вака го почнува секое негово сеќавање на 2001, не можејќи да избега од она што им се случувало на бранителите. Денес се уште е во МВР, а истовремено е претседател на битолскиот полициски разгранок на здружението "Достоинство".
Гилевски, меѓу колегите и другарите познат како Качо, учествуваше во конфликтот во 2001 како командир на вод во битолската посебна полициска единица. Тој е првиот македонски бранител кој пристигнал заедно со своите колеги, со "волците" и со "тигрите" на местото на масакрот кај Вејце во 2001. За него Вејце е најужасната работа што му се случила во животот, а по неа се борбите кај Радуша. Качо е силен грамаден полицаец. Кај него не може да се види ни малку страв. Ама, вели, очите го издаваат, во нив му се сликите од загинатите другари.
"Во МВР сум од 1992 година. Уште од првата година сум припадник на битолската полициска посебна единица. Во конфликтната 2001 бев вклучен од самиот почеток, од случувањата во Танушевци, кога на трети март 2001 бевме мобилизирани. Патролиравме 14 дена по целата околина на Танушевци, а потоа, во координација со 'Тигрите' имавме организирани упади во потрага по униформирани припадници на УЧК. Во април бевме преместени во Тетово каде што ја заменивме прилепската посебна единица. Патролиравме низ тетовските села, во координација со армиските 'Волци'. Немавме командир на единицата туку јас и уште еден друг командир на вод ја водевме целата единица", се сеќава Саше. И тамам помислиле дека се брзо ќе се среди, дека конфликтот ќе помине само со дотогашните ситни инциденти, се случи масакрот кај Вејце, кога беа убиени, измасакрирани и запалени осумтемина македонски бранители.
На 28 април 2001 патролите од тетовската касарна ги добиле задачите која каде ќе оди. Едната патрола требало да патролира од 10 до 15 часот од Бродец до Шипковица, а втората патрола на релација Селце - Вејце од 17 до 20 часот. Утрото добиле информација дека некој рибар тоа утро пријавил оти видел 20-ина припадници на ОНА над Бродец.
"Јас со уште седум мои полицајци и командирот на 'Волците' со седум негови специјалци околу 10 часот се упативме кон Бродец. Го проверивме селото, дури и зборувавме со мештаните дали некој ги малтретира, дали имаат некоја мака. Се беше најнормално, дури бевме и во две чајџилници и најнормално разговаравме со луѓето. Особено прецизно го проверивме делот над Бродец каде што рибарот, наводно, видел униформирани лица. Немаше никакви траги. Се беше во ред и отидовме и до Шипковица. И таму се изгледаше најнормално, па некаде по 15 часот се вративме во касарната во Тетово каде што бевме позиционирани", раскажува Саше.
Во касарната ги наполниле возилата со гориво за да бидат подготвени за следната патрола која оди кон Селце и Вејце. Во 17 часот патролата тргнала. Во првото возило биле "волците", во второто полицајците од посебната единица, во третото пак "волци" и во последното полицајци.
"Замина патролата. Во 17.45 добивме повик од полицаецот Илче дека се нападнати меѓу Селце и Вејце. Веста за нападот ме затече на јадење. Оставив се, го ставив панцирот, го зедов автоматот и веднаш ја активирав единицата. За пет минути бевме спремни за тргнување. Кога излеговме во дворот на касарната, 'волците' беа веќе тргнати пред нас. Постојано на линија бевме со командирот на 'Волците'. Тие ја фатија горната позиција од кај сртот на планината, а ние од долната страна од кај длабината. Додека одевме кон местото на нападот, им јавивме и на 'тигрите' и на околу 500 метри пред местото на крвавиот настан стасавме заедно со нив. Претпазливо се приближувавме кон местото бидејќи не знаевме што навистина се случува таму. Имавме само штури информации дека има ранети и ништо повеќе. Јас и уште еден колега одевме први. Кога наближивме до местото, прво што видовме беше нашата полициска 'лада нива'. Дојдовме до неа. Таа беше издупчена целата. Баравме ранети колеги да им помогнеме. Продолживме повнатре, кон свијокот каде што беа другите возила", со мачнина раскажува Саше, чкрипејќи со забите и стегајќи ги тупаниците од лутина и бес.
"Следната глетка беше ужасна. Возилата се уште гореа, а насекаде се ширеше неподнослива смрдеа од изгореното. Кога влеговме во засекот каде што беше извршена заседата, ги видовме трите возила. Цело време бевме на штрек. Полека дојдов до второто возило каде што беше сега починатиот Илче од селото Породин. Беше под 'хамерот' и само нозете му се гледаа. Го фатив да го повлечам, да го извадам, надевајќи се дека е жив. Кога го извлеков, видов дека еден дел од неговото тело му го нема. Наеднаш исповратив. Брзо се созедов и, полн со бес и гнев, гледав каде да го допрам да му го опипам пулсот. За жал, беше мртов. Едвај се созедов. Тогаш забележав неколкумина од 'волците' кои се собраа кај второто возило и отидов и јас таму. Тоа беше возилото на полицајците. Имаше тројца полицајци на земја. Двајца беа блиску еден до друг, а третиот малку понастрана. Беа целосно изгорени. Ништо не им се познаваше на нив, ни лицата. Уште гореа и тлееја. Од оклопното возило со кое дојдоа 'тигрите', извадивме противпожарни апарати за да гасиме. Почнавме да ги проверуваме и полицајците и 'волците' дали има некој жив. Беше ужасно. Беа изгорени, измасакрирани. Се гледаше дека беа бодени по главите, им беа гмечени лицата како sверови да ги нападнале. Целото место смрдеше на изгорено месо. Таква слика не се опишува. Тогаш ги паркиравме возилата за да ги качиме нашите мртви другари. Не знаете каков гнев имаше кај сите нас тогаш. Бевме бесни како никогаш дотогаш. Слушнавме рафали кон селото Вејце. Веднаш му се јавив на колегата од 'Волците' и тој ми кажа дека од висината на која беа тие забележале униформирана група и запукале по неа", се обидува Саше да најде зборови да го опише, како што вели, тоа што не се опишува зашто само душата му знае што видел таму и како му било да си ги гледа другарите sверски измасакрирани.
"Веќе фати мрак. Имаше уште четворица мртви колеги. Не можевме да ги препознаеме. Знаев кои се осумтемина колеги во патролата, ама кои се тие последните четворица кои ни останаа да ги качиме, не знаев кои се. Беа гламјосани. Се сеќавам дека едно само кажав тогаш: 'На раце ќе ги носам другарите до Тетово, ама не ги оставам тука да ги јадат животните'".
Кревањето на загинатите другари за Саше и за неговите колеги бранители било најтешко. Се чадело околу нив, смрдеа ги дамлосувала, а над глава им висела опасноста дека sверовите кои им ги измасакрирале колегите можат да запукаат секој момент и по нив.
"Тогаш ни беше најтешко. Се распаѓаа телата на загинатите. На еден, кутриот, кога го кренавме, му отпадна ногата. А бе што sверови ќе беа тие што им го направија тоа. Додека кревавме, утробата ми се превртуваше, што од ужасната глетка што од бес поради мртвите колеги. Како ќе го фатевме некое тело да го кренеме, а тоа жешко, тлее, прстите ти се пикаат внатре во гламјосаното месо. Рацете како веќе да не ги чувствував. На прстите снемав осет. Нешто после 20 часот ги товаривме и тргнавме. Таму беа телата на нашите колеги. Дури отпосле ми идеше мислата како ќе си идам дома во Битола, па тоа ми се колеги, другари, а едниот од нив Марјан ми е прв комшија во мојата зграда во Битола живее. Се слушнавме со мајка ми да и кажам што ќе слушне на вести и да и кажам дека јас сум жив, а таа испаничена ми вели: 'Навистина ли си жив, синко'. Како да не веруваше дека разговара со мене", раскажува Саше и ги мести рацете како да ги крева мртвите другари. Му се враќа сликата од Вејце, од гарежот, од масакрот.
Гилевски се сомнева дека неговите колеги биле наместени, ама е гневен што тоа не може да го потврди, да докаже, може само да се сомнева.
"Имав силно чувство дека сме наместени. Јас дента бев со првата патрола и можеше и мене да ми се случи истото. Кога тргнаа возилата со загинатите кон Скопје за на Судска медицина, на мене беше да ги смирам колегите кои беа гневни и сакаа одмазда. Едвај ги смиривме и кон четири утрото беа во кревет. Тогаш останав сам буден. Тогаш ми пукна се. Признавам се изнаплакав, испуштив од мене да излезе се што дента ми ја исцрни душата".
Следното утро, нова мака за бранителите. Требало да се товари опремата на загинатите другари. Во ранците имало само малку алишта, а на полицајците и на "волците" тие торби од загинатите колеги им се виделе како да се нешто најтешко на светот.
"Никој не може да ми ја избрише сликата од тоа што го видов кај Вејце, како што никој не може да им ги врати синовите на родителите. Имам трауми, не се видливи, ама длабоко во мене уште тлеат телата на другарите. Првите две години по настанот не можев да спијам. Се будев со скокање на секој саат и палев цигара. Кошмари, потења, мирисот од Вејце уште ми е во носот.
Два месеца по Вејце паузиравме, и пак не активираа. Не можам да тврдам дека бевме предадени кај Вејце, ама тоа ни го рушеше моралот, а за тие деца по 20-ина години бев спремен да гинам. Ама пак после отидовме на терен", вели Гилевски.
Кога се вративме од Вејце, Битола почна да гори. Битолчани сакаа одмазда.
"Ниеден од моите колеги не учествуваше во палењето оти знаевме дека тоа нема да ни ги врати колегите. Јас до ден-денес велам, да знам кој ми ги намести колегите, ако ги наместија, ќе му вратам со оружје, па и затвор да лежам не се жалам. Мене тоа Вејце ми го смени животот, внатре душата ме боли. Мојот чичко загинал во Втората светска војна и татко ми ми велеше: 'Синко, братот си го изгубив во војна, не сакам и тебе да те изгубам'. Не ме премисли, му велам, тато, ако сите се откажеме од ова држава, што ќе ни се случи со Македонија. Свесни бевме за се, ама искрено, колку и да звучам патетично, тоа го правевме за Македонија, за моите деца, за децата на сите. Јас не сум плачко, ама во мене се е измешано после Вејце, и бес, и сила, и солзи, и мака, и гнев, и инает, ама не се откажувам од татковината. А бевме со мисла дека после Вејце се е против нас", бесно говори Саше, ама не го крева гласот. Зборува смирено, ама нервозно ги крцка прстите. Очите му се полни со солзи кои никако да потечат и со гнев што не може да го скрие со повремена блага насмевка што ќе му се испушти кога ќе се присети на секој убав миг поминат со сега загинатите другари.
По куса рехабилитација, 30-ина полицајци од битолската посебна полициска единица пак биле мобилизирани. Радуша како нив да ги чекала. Саше не кажува колкумина биле македонските бранители, а колкумина непријатели. Ама неофицијалните податоците велат дека во Радуша имало околу 600 припадници на ОНА и КЗК, наспроти сосема мал број македонски бранители, на почетокот на борбите едвај 35. Припадниците на ОНА и на КЗК во бранови доаѓале од правец на Крвеник од Косово. На помош на бранителите тогаш им беа испратени хеликоптери и "сухој", а од кај Чашка и Радуша инфилтрираните припадници на УЧК биле засипани со гранати. Македонските сили тогаш имаа петмина ранети. Бројот на загубите на ОНА, наводно, бил огромен.
"Во август заминавме за Радуша. Првиот ден помина најнормално и мирно. Вториот ден почнаа дејствата. Со мојата смена бевме кај нашиот бункер, кога почна нападот врз нас. За среќа, тогаш дојде армиски авион и припадниците на ОНА го свртеа огнот кон него барем за момент. Пред тоа 20 часа полицајците беа засолнети во три квадрати бункер. Се таму, и јадење и мокрење во шише или во ќесе. Ужасно. Кога не нападнаа дожд секакви проектили истураше врз нас. Бев залегнат долу, а авионот прелета на моја висина. Не престануваа да пукаат. Си реков готово, тука ми завршува животот, на 33 години. Тогаш, на 10 август мојата ќерка полнеше 7 години. И само господ не спаси тогаш. Се погодија трите празници Света Петка, Света Ана и Свети Пантелејмон. Тие светци не чуваа. Под силен напад, некако успеав да стигнам до бункерот да им помогнеме на колегите кои останаа внатре. Да не дојдеше и авионот, ќе останавме таму за навек. После Вејце, со Радуша пак ми се вратија сликите. Пак стресови. Замислете, да гледате обичен филм од саат и пол со пукање, па ќе ви се здосади или не знам што, а кај Радуша ни се фатија 45-46 часа пукање, борба. Почна повлекувањето, и за мене немаше место во другите возила бидејќи имавме петмина ранети, од кои еден критично во грлото. Јас се качив во еден камион и со него се вратив во штабот. Немаше одмор, активностите продолжија", со грч на лицето раскажува и погледнува нагоре, небаре и во тој момент над глава му прелетува истиот авион од кај Радуша.


968888_10151593330358034_429596607_n.jpg 994573_10151593330333034_881101140_n.jpg
 
Член од
14 октомври 2013
Мислења
877
Поени од реакции
3.448
revzemeno od fb grupa

ЕСН ВОЛЦИ

На 1-ви Март 1994 година за прв пат во Армијата на Република Македонија беше формирана Единица за Специјални Намени (6.Одред) под името „Волци“.

-

1 (1).jpg 1 (1).png 1 (2).jpg 1 (2).png 1 (4).png 1 (5).jpg 1 (5).png 1 (6).jpg 1 (8).jpg 1 (8).png 1 (9).jpg 1 (9).png
 

Drettica

Graxhanin of Severstan
Член од
24 ноември 2008
Мислења
12.625
Поени од реакции
14.931
Трачарон Зоран Божиновски зборува за набавки во МВР, а сиротиот нема појма од оружје и каков вид на оружје е набавено.

MOE JAVNO PRAŠANJE DO GERMANSKATA VLADA I AMBASADA VO SKOPJE:

Zošto dozvolivte MVR DPMNE da uveze od Germanija 125 HEKLERI i 40 SNAJPERI, preku firmata ,,MIKEI,,? HEKLER e oružje za dejstvo od blisku, za tihi i profesionalni likvidacii???

:icon_lol:
 
Член од
14 октомври 2013
Мислења
877
Поени од реакции
3.448
Zoran ne e tema i ne ne prati pisi mu nego ili na tehnickion ili na direktorite vo BJB I UBK prasaj gi.
 
Член од
14 октомври 2013
Мислења
877
Поени од реакции
3.448
Зоран Јованов - Циганот (1972 - † 2004), човек кој направи многу за оваа држава, и сите ќе ја паметат неговата храброст и несебичност да се одбрани своето во секое време.

Зоран Јованов е роден 1972 година во Скопје. Во текот на своето детство и во текот на своите тинејџерски години се има занимавано со повеќе боречки вештини и со падобранство. Војска има одслужено во 1991 во 63. Падобранска единица во Ниш.

Важеше за многу професијонален и искусен Војник, има дејствувано во борбите на Вуковар и на други останати места од страна на Југословенската Народна Армија.

По завршетокот на големите немири во 1994 на 1 Март како потпишува договор и е прв припадник на Баталјонот за специјални намени Волци. Посветен е кон професијата, семејството и пријателите. Има голема активност во одбраната на оваа држава и како најспремен припадник на БСН-ВОЛЦИ има големи одликувања. Зазима голема активност во 2001. Неколку години по конфликтот се префрла во Падобранската бригада 501 и таму е Падобрански Инструктор со професионални 300 скока и учествува во формирања на ренџерскиот баталјон.

Загинува во Прилеп на 23 Мај 2004 година при редовна вежба на Падобранската Единица. Зад себе ја остава неговата Фамилија која имаше голема верба во него, своето семејство синот и сопругата.

ПОЧИВАЈ ВО МИР ХЕРОЈУ!

4184_101800581203_226108_n.jpg 4184_101800691203_2659135_n.jpg 39094_451112926203_6887914_n.jpg 389747_675528349129929_995427096_n.jpg 419144_675528522463245_1149542441_n.jpg 554910_531092493599045_620463568_n.jpg 970414_675528399129924_716559386_n.jpg 1013987_268708743267298_1549463734_n.jpg 1530497_243741152457707_284360485_n.png 10369187_385429818261856_7381245931993509903_n.jpg cigan dolu desno vtor.jpg cigan.jpg cigan2.jpg Ciganot Z.J.jpg Ciganot.jpg Instruktori Vlado Pavlov Zoran Cigan.jpg
 

Kajgana Shop

На врв Bottom