Sofist?
Ула
- Член од
- 11 јануари 2010
- Мислења
- 160
- Поени од реакции
- 12
Мислам дека во овај коментар има доволно кажано
не мора да се пофторувам и јасК’не сме, што вика една моја комшика.
Ако немаме, ќе кукаме што немаме, ако имаме ќе кукаме што немаме повеќе, кога ќе имаме повеќе ќе аздисаме и на крај, ништо не ни чини.
Млади умни мозоци се цедат на Запад. Зошто? Овде никој не ги вреднува, никој не им нуди услови за добра работа и живот. Значи, чекаме од надвор да ни кажат дека нештото вреди, па да го прифатиме. Не само за студенти, и за сите луѓе кои овде не нашле мотив а пробале да се снајдат. Тоа не го разбирам кај нас, лижењето газ на туѓите успешни луѓе, а нашите не ги бива по дифолт. Срамота.
Друго, некултура.
Од фрлање ѓубре по улици до нељубезност на шалтери и меѓупросторно сите ситни ама битни лоши навики што впечатокот го прават грд за нас како народ, а и земја.
Среде Охридско езеро кондом, на пример - случај лани. Да бев Финка или Норвежанка не знам што ќе помислев. Се клецаат сред езеро, ако убаво.:baeh:
Неорганизираноста, сејм. Дали е тоа синдром или хронична последица на бивша најмала република во бившо ју, не знам, ама кај нас се’ доцни, се’ се развлекува во процеси и спроведувања. Убаво рекоа на Буре Барут - кај нас се’ што е систем, на запад е инцидент и обратно.
Да, не бива за веселење, музика и песна, ама...
Прво треба да се воспитаме, да миеме раце пред јадење и да научиме кои сме.
Како Македонка, се срамам многу пати од народот свој. Се трудам да почнам со промени од себе, иако имам малограѓани и во фамилија (не знам зошто, ама мислам дека во постари години си доаѓа како врв на климаксот тоа), барем малку да го ублажам тој кодекс што јбг, врежан е во нас, но некои работи во него не чинат.