Македонски бендови(претставување)

Erich Zann

Модератор
Член од
13 мај 2012
Мислења
14.613
Поени од реакции
31.821
Teма чија цел ќе биде подобро запознавање со тукашнава музика која често пати знае да биде занемарувана поради странските изведувачи. По мое и Македонија има(ла) по некој коњ за трки што би се рекло, оние за парада не ги чепкаме, нека се шминкаат.
Одвреме навреме ќе објавувам по некој бенд и по некоја реченица за бендот се со цел да ги прошириме хоризонтите со моја, а секако и со ваша помош и познавање преку заемна комуникација, давање на повеќе информации околу одреден бенд, предлози околу одредено музичко име и слично.

Ќе опфатиме повеќе периоди како што ќе минува времето.

Па да почнеме еве со Телонаука совршена.

Тело-Наука Совршена e македонска група оформена во раните осумдесетти години на минатиот век во Струга.
Името групата го добила по истоимената збирка на поезија (Тело-Наука Совршена) од Методиј Златанов (сегашен владика на МПЦ).
Тоа се години на зачеток на некаков нов национален романтизам во Македонија и трагање по сопствените корени.
Така доаѓа до синтеза на post punk музиката и Византиската православна музика.
Тело-Наука Совршена е меѓу првите групи која ја свири таа музика, заедно со Падот на Византија и Мизар.
Првиот состав:
Сашо Кленкоски(гитара и придружен вокал),
Звонко Наумоски(вокал и клавијатури),
Роберт Калајџиески(бас гитара) и
Наум Наумоски(тапани).
Во оваа постава групата настапува на ЈУРМ (Југословенски рок момент) во Загреб и има настапи во Градишка, Бања Лука, Ниш, Скопје и други градови. Дел од нив заедно со групата Мизар.

Тогаш излегува и првиот и единствен албум на Тело-Наука Совршена – Кадис, кој е првиот албум на македонски јазик, а е во издание на независната дискографска куќа СКЦ-ДОМ од Ниш.

Создадени се нови песни со кои групата настапува на ЈУРМ 89 и е финалист и победник на истиот фестивал заедно со групите “Обојени Програм” од Нови Сад и “Месершмит” од Пула. Таа година Тело-Наука Совршена е учесник и на фестивалот во Суботица каде што е финалист и настапува заедно со групите Архангел и Клержо. На 25мај има настап и на градскиот стадион во Скопје каде што настапува скоро цела тогашна југословенска сцена. На почетокот групата требаше да сними нов албум и да има турнеја низ Хрватска и Словенија. Но војната која започна го спречи тоа. Последниот настап во овој состав ТНС го имаше на 24 април 1992 год. во МКЦ во Скопје, каде што имаше самостоен настап.




 

Erich Zann

Модератор
Член од
13 мај 2012
Мислења
14.613
Поени од реакции
31.821
Melissa е бенд кој ни доаѓа од градот Кичево.
Пред скоро време го издадоа својот втор албум ,,Stars to the universe", после изминати 2.5 години од издавањето на првиот албум.

Состав:
Никола Пејоски (вокал и гитара)
Љупчо Стефаноски(гитара)
Зоран Стефаноски(тапани)
Емилијан Пејоски(бас)

Името на бендот е добиено од латинскиот збор melissa што значи пчела, па токму пчелата е препознатлива во логото на овој бенд.

Досега имаат настапувано во Охрид (Аларм), Кичево(Калефест), Штип(Дом на млади), Прилеп(Апореа) и на некои други места.

За љубителите на гранџот, со примеси од пост музиката, по малку метал елементи, Мелиса е добар избор.

Промовираме македонска андерграунд мизика надороде :D Да се јават кичевчани на темава по итно :P

 

Erich Zann

Модератор
Член од
13 мај 2012
Мислења
14.613
Поени од реакции
31.821
ВЕРКА

Верка е музичка група од Делчево, Република Македонија. Нивниот стил претставува автентичен метал со елементи на традиционална македонска музика која вклучува народни инструменти како тапан, тарабука, гајда, кларинет и бендир. Членови на бендот се: Влатко Ѓорѓиевски - Далтон (тапани), Марс Марсовски (гитара), Маздрак (бас гитара и вокал) и Хико (тапан, тарабука).

Верка се формирани во 1999 година од Маздрак (синтисајзер, вокал), Марс Марсовски (бас гитара) и Влатко Ѓоргиевски – Далтон (тапани) кои во тоа време сеуште се активни во бендовите Modified Gods (Марс и Далтон) и New Age Messiah (Маздрак). Во овој состав, бендот прави неколку клупски свирки низ Македонија (Скопје, Штип, Кратово, Делчево, Пробиштип, Охрид). После една таква свирка, на Маздрак му го крадат синтисајзерот заедно со комплетниот програминг. Бидејќи нема доволно средства да набави нов синтизајзер, Маздак почнува да свири на бас гитара, Марс свири на гитара, а ним им се приклучува Бране Антовски – Блеки на народни инструменти (тапан, тарабука, гајда, кларинет, бендир) и со тоа се менува звукот на бендот.

Во 2001 година, Верка добива прва награда од публика и жири комисија на фестивалот Рок фест во Скопје. Како победници, снимаат неколку песни во Студио М2 наМакедонската Радио Телевизија кои подоцна ги објавуваат како демо EP. Истата година, со победата на Демо Таксират свират на тогаш престижниот фестивал Таксират 1+2 во Скопје.

Во 2003 година, бендот го издава својот прв албум со наслов „Џага“ за Литиум рекордс – Скопје кој е еден од најпродаваните албуми за таа година[1]. По издавањето на албумот, активно настапуваат по клубови и фестивали (Аларм – Љубаниште, Екс-ју Рокс – Бугојно/БиХ). Еден од позначајните настапи на бендот во тој период е како предгрупа на бразилскиот состав Soulfly во Скопје.
И покрај веќе снимениот албум, Верка не добива голема шанса за промоција, поради тоа што издавачот и промотер, Литиум рекордс, не го почитува договорот. Затоа, по 2003 година следува непланирана пауза од настапи која бендот ја користи за создавање нова музика.

Во 2009 година, Верка го промовира спотот за новата песна со наслов „Огин“ и концертно се активира. Во декември 2010 година, самостојно го издаваат вториот албум „Моторни песни“, насловен според збирката поезија на македонскиот поет Никола Вапцаров.
Во текот на 2011 година, бендот се посветува на концертна промоција на албмот и одржува неколку настапи низ Македонија (Скопје, Делчево, Куманово, Битола).
Во јуни 2012 година, Верка заминува на турнеја низ Балканот и го промовира својот материјал со концерти во Суботица, Нови Сад, Белград, Загреб, Љубљана, Крањ, Белтинци, Сараево и Подгорица.
Од август 2012 година, Бране Антовски веќе не е член на бендот, а на негово место доаѓа Христијан Николовски - Хико.

MOTOРНИ ПЕСНИ

„Моторни песни“ е името на вториот албум на Верка, издаден од бендот во декември 2010 година. Насловот на албумот и неговиот омот се позајмени од збирката поезија со исто име на македонскиот поет Никола Јонков Вапцаров. Две песни со наслов „Песни“ и „Ѓерданот“, содржат стихови од песните „Претсмртно“ и „Проштално“ на Вапцаров. Албумот е снимен во студиото на Евгениј Каревски во Скопје. Сите песни се напишани на македонски јазик.



 

Erich Zann

Модератор
Член од
13 мај 2012
Мислења
14.613
Поени од реакции
31.821
ДЕН ЗА ДЕН
Ден за Ден е македонски прогресив, фјужн џез состав формиран во 1980-та година во Скопје.

Членови:
-Владимир Јанкуловски (бас)
-Ариан Дема(гитара)
-Драгиша Солдатовиќ(пијано)
-Димитар Чокоровски(тапани)

Овој состав е под силно влијание на бендовите Mahavishnu Orchestra, Weather Report, Return Forever, фјужн состави кои на форумов се постираат одвреме навреме. Станува збор за бенд каде техниката, музичката сложеност и игра со инструментите избиваат во прв план.

За овој состав се наоѓаат поретко информации, ако некој има нека ме дополни. Кој не ги слушал нека ги проба. Јас бев фасциниран кога го имав првиот контакт со бендов. Оставам на вас да процените.

 

Erich Zann

Модератор
Член од
13 мај 2012
Мислења
14.613
Поени од реакции
31.821
ПАДОТ НА ВИЗАНТИЈА
Падот на Византија е македонска дарк вејв група која настанала во 1983-та година. Горан Трајкоски, кој ја предводи оваа група потоа продолжува во други состави како Мизар (Второто Откровение), а ја формира и Анастасија. Падот на Византија почнува со post punk и експериментален панк, но набрзо го оформува својот darkwave звук, инспириран од бендови како Joy Division и Bauhaus, со елементи на македонска етно музика и црковнословенски пеења.
Иако бендот се распаѓа во 1985 година, тие остануваат запаметени на просторите на цела Југославија.

Од октомври 1983 до септември 1984 година во групата членуваат:
  • Горан Трајкоски - бас гитара и вокал
  • Климе Ковачевски - гитара
  • Шпенд Ибрахим - тапани
Од октомври 1984 до јуни 1985 године групата настапува во состав:
  • Горан Трајкоски - вокал
  • Сами Ибрахим - бас гитара
  • Шпенд Ибрахим - тапани
  • Зоран Дабиќ - гитара
Во текот на двете години на постоење групата нема објавено сопствен материјал на официјален носач на звук, но некои од нивните песни можат да се најдат на компилациите "Македонски Документ" и "Ноќ над Југославија".
Концерти:

Падот на Византија, во текот на своето краткотрајно постоење, има одржано концерти во следните градови:
  • Скопје
  • Куманово
  • Штип
  • Ниш
  • Бања Лука
  • Сараево
  • Загреб


 

Erich Zann

Модератор
Член од
13 мај 2012
Мислења
14.613
Поени од реакции
31.821
ХАХАХА
ХаХаХА алтернатива, пост панк од Скопје. Бенд кој постои неколку години, кој зад себе има чинам 3, а можеби и 4 албуми. Последниот албум излезе пред некој ден, доста солидно склопена работа. Оставаат добар впечаток и пополнуваат едно делче кое недостига во моменталната македонска музика. Нема многу да ја дрвам, кој сака нека преслуша слободно.




 
Член од
17 октомври 2013
Мислења
887
Поени од реакции
1.877
Т.Б. Трачери

Жанр: Rock 'n' Roll

Состав:
Кирил Арсов - бас гитара, придружен вокал
Кирчо Арсовски - гитара, вокал
Ивица Димитријевиќ - тапани, придружен вокал
Андреј Анастасов - гитара
Александра Поповска - придружен вокал

Дискографија:
Клати и тркалај (2001)
Купи ме (2003)
Шлагери од Содома (2005)
Кинки во нервозна џунгла (2011)

Лесно препознатлива мешавина на панк и гаражен рок. Текстовите се пишувани од Кирчо Арсовски.

 

Kajgana Shop

На врв Bottom