Кампањите на владата за изградба на сали, тениски игралишта и сл. не се доволни тоа е факт. Да речеме дека имаме спортски објекти, но на тие истите терени нема никој. кој ќе раководи со тие, кој ќе држи тренинзи на тие објекти. Повеќето тренери ако може така да се наречат во спортот гледаат како на хонорарна работа која им донесува плус некој денар, воглавном сите се професори/наставници и сите на спортот гледаат како на хонорарна работа која носи плус заработка. Да не се лажеме спортот ни е на едно многу ниско ниво како од инфраструктурна гледна точка така и од кадровска гледна точка. Кадарот, медицината и инфраструктурата се едни од побитните фактори за да се направи резултат, а настапот на ОИ е врвот во спортската кариера на еден спортист. Континуитетот е многу важен, континуитет како со тренинзи(работа) така и со натпревари. Неможе во 1 олимписки циклус(4 години) спортистот да настапи на неколку натпревари и од него да се бара резултат. Модерниот спорт е НАУКА и бара професионален пристап кон него, а ние моментално имаме еден речиси и аматерски пристап а бараме резултати. Мене не ме чуди многу а не сум ни изненаден што сеуште немаме некој од индивидуалните спортови со остварена норма. Јавна тајна е дека спортовите Фудбал, Кошарка и Ракомет се приоритет моментално, и во тие спортови се вложува поголемиот дел од средствата, а за жал ракометарите неуспеаа да се пласираат на ОИ, па останува кошаркарите да се обидат. Доколку ни тие не изборат олимписка норма тогаш дефинитивно овие ОИ во Лондон може да ги прогласиме за најнеуспешни за македонските спортисти, без ниту еден спортист со остварена норма.