Да ада, во тек на изработка е целиот план за активностите на нашите Македонци додека се во посета, и идејата е да се направи јавна средба некаде во скопјево, само проблемот е - каде?
Плоштадот не одговара, сепак, за таква работа би требало бина, а тоа кошта пари кои нит јас ги имам нит досега „големите“ македонски бизнисмени кои едвај по два гроша ќе фрлат а после ќе се фалат дека под нивно покровителство било се...можат да го покријат тоа...
Нормално дека идеите на вас драги форумџии се добредојдени и дали би било подобро средбата да е на отворено, или затворено...
Во Гари ќе ги однесеме, сепак Мијачијата е онаа која највеќе, скоро идентично изгледа на нивниот дом...архитектура, традиција и тн
Со кралот и кралицата, ќе дојдат и луѓето што се појавуваат и зборат во документарецот.
Од мене е придружбата, подароците кои ќе ги добијат, и личното обезбедување додека се во престој во Македонија.