Калашите се политеисти кои веруваат во 12 богови и божици, и “Дзео“ богот креатор (“Ѕео“ или “Ѕе“ збор кој исто така на јазикот на Калашите означува и светлина, зрак). Она што е посебно интересно во врска со Калашкиот бог “Дзео“ (“Ѕе“) е поклопувањето со етимолошкото потекло на името на античкиот врховен бог “Зевс“(“Ѕевс“). Збор чиј корен повеќе лингвисти од земјава и од странство го пронаоѓеаат во Македонскиот јазик и го поврзуваат со зборот “Ѕе“(на пример, на малите деца кај нас им се вика “ѕе“ во смисол на “те гледам“, “види“) , кој и ден денес го има истото значење на “гледа“, “ѕирка“, “светлина“,(сончев) “зрак“.
Религијата на Калашите (оние кои не се преобратиле во исламот) се темели на митови и суеверија кои се поврзани со односот на човековата душа и универзумот и неизбежниот
култ кон сонцето. Овој однос според Калашката митологија треба е да се манифестира преку музиката и танцот (играта) со кои се оддава почит и се задоволуваат боговите и божиците. На нивните фестивали музиката и танцот (пеењето и играњето) се изведуваат не од забава, туку како дел од религиозниот ритуал.
Калашите се неверојатно либерални во своите манири, за разлика од народите кои им се соседи. Така кај нив сосема е нормално и вообичаено да се пие вино, да се организираат селски гозби, да се одржуваат фестивали на танци (ора), слободно да се бира брачниот партнер (жените можат слободно да го одбираат својот маж), како и да се менува истиот во текот на животот.
За разлика од нивните соседи Калашите не седат на земја туку во своите куќи користат маси и столови кои најчесто имаат на нив декорации со
Македонското сонце како симбол кој често се користи и наоѓа во нивната култура..