Шут карта за Канатларовски и за селекторите на младинските категории. Ова за Канатларовски беше очекувано и е за поздрав. Човекот треба да е подалеку од било која репрезентација. Милевски останува, што мислам дека е сосема фер и супер одлука. Има најави за враќање на Ристовски и евентуално Адеми (евентуално) и смирување на страстите. Па со Ристовски мислам дека многу подобро ќе одат некои работи поготово на таа негова позиција (иако тоа што го направи од негова страна беше ептен лешперски и низок потег, ама ај со покомплетен состав ќе имаме уште поголеми шанси за СП, поготово што групава е поволна, а и имаме бараж во ракав).