ultras1988
4600
- Член од
- 6 февруари 2014
- Мислења
- 3.031
- Поени од реакции
- 7.145
Точно.Исто и Крушево одбојката е спорт број 1 но никогаш немале јак поединец играч.Безмалку сите се Струмичани, а единствени професиoнални одбојкарски клубови во Македонија се ОК Струмица и ОК Сушево.За тоа каков спорт бил одбојката збори фактот што тој е единствен спорт во Македонија каде што македонските клубови ОК Вардар, ОК Струмица, ОК Југославија(Струмица) и ОК Југохром (Тетово) бар еден од нив бил во топ 4.И за тие шо не знаат ОК Вардар е убедливо најуспешен македонски клуб во времето на СФРЈ а тој денес не постои (туку има само младинска школа).Еве како се играло финале одбојка во Македонија меѓу двата најодбојкарски градаТетово и Струмица секогаш биле нај одбојкарски градови во Македонија. И селекторот Ристовски мислам дека е Тетоец?! Добар играч беше за Работнички кога играа Фајнл Фор пред 15 години. Со бугарот Христо Модев кој доби наш пасош и играше и за репрезентација беа страшна двојка.