I
InF3cTeD
Гостин
честитки за пласманот :mkd:
Македонската ватерполо репрезентација на Европското првенство во ватерполо во Б-групата ќе игра против селекциите на Србија, Унгарија, Русија, Германија и Грција. Вака одлучи синоќешната жребка одржана на плоштадот „Бан Јелачиќ“ во Загреб, на неполни сто дена пред почетокот на европскиот ватерполо шампионат.
Натпреварите ќе се играат на базенот Младост крај Сава од 29 август до 11 септември, во главниот град на Хрватска. Во групата А, покрај домаќинот Хрватска ќе играат и селекциите на Црна Гора, Италија, Романија, Шпанија и Турција.
Пласман во полуфиналето на 29-тото Европско ватерполо првенство, директно обезбедува само првопласираната селекција од групите, додека преостанатите два полуфиналисти, ќе ги дадат дуелите во кои ќе се сретнат второ и третопласираните репрезентации.
Фаворити за првите две позиции во групата Б во која ќе игра и Македонија се Унгарија и Србија, репрезентации со кои мкедонските ватерполисти досега немале дуел на големите натпреварувања. Русија и Грција се добро познати противници, а беа и во групата од Светската лига во која играше Македонија. Германија и беше противник на Македонија на континенталниот шампионат во Шпанија пред две години. Настапот во Хрватска ќе биде второ учество за Македонија на европските првенства.
Во пријателски натпревар ватерполистите на Македонија синоќа на Олимпискиот базен Центар во Скопје ја победија Турција со 10:8 (2:1, 2:2, 4:1 и 2:4).
Ова беше првиот контролен натпревар за избраниците на селекторот на Македонија Стеван Нонковиќ во рамки на подготовките за Европското првенство што од 29 август до 11 септември ќе се одржи во Загреб.
По неизвесноста во првите два периода кои Македонија ги доби со 4:3, во третиот период нашите ватерполисти одиграа најдобро и тој дел им припадна со 4:1 што значеше водство од 8:4.
Во последниот дел од натпреварот Турција намали на 8:7, но немаше сили за пресврт, иако четвртата четвртина ја доби со 4:2.
Гостите од Турција веќе неколку дена се наоѓаат во Скопје, а покрај овој дуел беа одиграни и неколку натпревари од затворен тип.
Македонија и Турција ќе учествува на Европското првенство во Загреб, а во текот на следната недела во Скопје се очекува доаѓањето на репрезентациите на Србија и на Австралија.
Со учество на две репрезентации на Македонија и гостите ќе биде организиран турнир и можност за одигрување на нови контролни натпревари.
Победивме 5-4Колку заврши денеска натпреварот со Србија, гледам водевме 2-1 ..
И официјално мак.ватерполо репрезентација ќе стартува со натпреварите на ЕП во Загреб во Недела.Првиот натпревар го играме со Русија во 11.30 мин а пренос на овој како и на останите натпревари на МТВ 1.Во Сабота е првиот меч на ЕП во Загреб против Русија! Пренос на Сител......