Ајде жити мајка кажи како ЗК Пелагонија правела криминал ????
Наброј некој случај ???
Ајде кажи која е разликата меѓу ЗК Пелагонија и Здравје ??? Па тоа е едно те исто. ЗК Пелагонија е 100% сопственик на Здравје. И ако рикне ЗК Пелагонија рикнува и Здравје . Здравје е се под хипотека. 50+% млекото што го преработува Здравје е на ЗК Пелагонија.
А тие лепешки од кравите носат повеќе пари од самото млеко, ама не би те коментирал за да не се повредиш . . .
Банките своите 30 милиони евра без проблем ќе ги наплатат... Само мора во целина да го превземат. Дел да им фали ништо не прават.
Таму има . . .
22 милиона евра во биоцентрали.
20 милиони евра во фарми и молзалишта.
Млекара здраје.
10 милиони евра комбанји и трактори.
5 милиони евра зо земја околу Фас . . . незнам последна ситуација со таа фирма која е во сопственост на ЗИКот ???
Ни Камчев, ни Мијалков, ни пелистерка не би се откажале од ЗИКот ако не им виси ЗАТВОР над глава . . .
СЈО е вистинска напаст за економијата во МКД, ама комуњарите тоа не го разбираат. Но ќе го видат тоа догодина кога БДП ќе им биде пак НУЛА,1% . . . Ако мислиш дека некој бизнисмен ќе инвестира кога гледа како лесно затвораат други поголеми ѕверки... Се ќе биде закочено со години.
Зошто кога ги нашле тие тешки милионски сметки не ги заплениле, а луѓето не ги остават да ги работат бизнисите . . .
Ова е типичен бизнис напад полош од оној што го правеше Мијалков . . . ЗК Пелагонија е влогот.
Во Хрватска, Тодорич беше цела година во бегство во Лондон, го екстрадираа назат во Загреб и за некоја недела го пуштија дома со кауција од 1 милион ЕУР. А што не го направи Катица и СЈО истото . . . Нека им земат 10-20 милиони евра кауција и нека ги пуштат да работат . . . А и сите соработници им се суди од слобода . . .
http://rs.n1info.com/a437359/Svet/Region/Todoric-uplatio-milion-evra-za-pustanje-na-slobodu.html
https://www.telegraf.rs/vesti/jugosfera/2904844-slucaj-agrokor-12-saradnika-pusteno-da-se-brane-sa-slobode-ivica-todoric-ostaje-u-pritvoru
http://balkans.aljazeera.net/vijesti/ivica-todoric-pusten-na-slobodu
p.s.
Искрено мене најмногу ми одговара да се договорат, па ЗК Пелагонија да ја превземе некој друг газда.
Но интересно ми е кога гледам дека на некои им е подраго што Камчев и Мијалков се во затвор отколку портфолиото да им расте.
Малодушноста, лицемерието, лигавењето и пушењето нас ни се во менталитет вградени и затоа сме на ова дереџе . . .[DOUBLEPOST=1543063371][/DOUBLEPOST]И интересно ми е како некој комбинат кој имаше приходи под 20 милиони евра во 2011 година можеш реално да инвестираш над 60 милиони евра (се гледаат изградени се) и да украдеш 50 милиони ЕВРА во исто време . . .
Па тоа е земјоделски комбинат не е рудник за злато.
А има ли некој од овие експерти за Фамилијата, Здравје, ЗК Пелагонија што знае каде е седиштето на ЗК Пелагонија, Фармите, Здравје, Биоцентралите. Видел ли некој од вас барем нешто од тоа што ЗИКот поседува што вака гласно судите . . . .
И на крај има ли барем некој од вас една акција од ЗИКот што сте толку загрижени ????