Македонска берза

M

Macedon1um

Гостин
Фотоволтациите нема многу да им помогнат до март. Освен покачувањето на струјата, имаш покачување и на горивото од преку 40% во однос на лани, а комбињата не возат на воздух. Повеќе инпути растат, а не верувам дека имаат голем простор за дигање на цените.
Не знам што и кога чом зборел за месото ама сега моменталната цена е порасната значително во однос на септември.
Ако веќе одиме до крај и кај цигарите долгорочно не е сјајна ситуацијата. Денес бев на состанок, 4 од 5 пушеа икос, ја бев непушач. До лани сите овие пушеа цигари.
Вештачките ѓубрива поскапени за 100% цената на житариците ќе оди нагоре така да поскапувањето на месото е сосема извесно
 
Член од
2 мај 2020
Мислења
106
Поени од реакции
164
Драги формуџии ја користам оваа прилика да Ви се заблагодарам за учеството во анкетниот прашалник кој го спроведов пред повеќе од половина година, а во која Вие завземате место и ми помогнавте во изработката на трудот кој во тоа време го припремав.

Како што беше ветено, ги споделувам одговорите на прашањата од анкетниот прашалник што го спроведов и би ми било драго доколку истите Ви бидат од корист и развијат дискусија на форумот.

Исто така, би споделил дека сличен прашалник беше испратен до сите компании членки од МБИ10 индексот, како и компании кои не се дел од индексот и можам да кажам дека респонзивноста од страна на компаниите беше разочарувачка со добиени само три одговори.

Инвеститорски поздрав.
 

Attachments

ceasar

надеж, страв и алчност
Член од
2 април 2009
Мислења
1.133
Поени од реакции
574
Проблемот е што од една страна ќе има инфлација од друга страна имаш зголемување на невработенст и пад на економиите (рецесии). Обично ифлација се појавува како има еконосмка експанзија (зборам за контролирана инфлација, галопирачка инфлација се јавувала во банана држави кои имале режим) Мене макроекономски ова ми делува како во 80тите кога имало т.е. стагфлација, Тогаш, обратно од сега цената на нафтата (нафтените шокови) растела и тоа предизвикувало инфлаторен притисок, проследено со пад на вработеност и пад на произвордството т.е. рецесија. Во економската литература тоа се нарекува стагфлација (In economics, stagflation, or recession-inflation, is a situation in which the inflation rate is high, the economic growth rate slows, and unemployment remains steadily high. It presents a dilemma for economic policy, since actions intended to lower inflation may exacerbate unemployment.), и се смета како многу тешка позиција за излегување.
Генерално постојат два пристапа: Монетрно олабавување (штампање пари ко што велиш) или зголемување јавни расходи (најчесто преку задолжување на државите) Во нормални услови кога имаш рецисија одбираш еден умерен пристап за да ја подигнеш економијата. За воља на вистината монетарното олабавување беше присутно и пред појавата на короната, знаете дека ЕУРИБОР беше и уште е негативно, т.е. каматните стапки се историски ниски.
Наеднаш многу луѓе не работат, произдводството е намалено тое неминовно води кон рецесија. Затоа и одлучуваат дополнително да трошат државите (оние кои имаат простор да се задожуваат) преку стимулација на јавна потрошувачка.
Ќе имаме лабава монетарна политика проследена со зголемена јавна потрошувачка, не само кај нас, глобално.
А секој кој малку се разбора од економија знае дека при вакви околности ќе има инфлаторен притисок.
Зголемување на невработеноста проследена со намалување на платите, дополнително раст на цените на основните прозиводи ќе ја намалува потрошувачката а тоа води до пад на економијата (рецесија), а тоа до зголемување повторно на невработеноста, пад на плати... и така во маѓепсан круг.

Постојат V, U, L, shape, мојата сегашна процена е третото т.е. најлошото сценарио, до пред некоја недела бев повеќе оптимист, прогнозирав и раст на мсе (од околу 20%) кој не се случи иако покажа некоја нагорна тенденција од околу 10% нагоре од минималната точка (можеби и повеќе кај некои акции). Тоа е секој може да погреши, посебно во овие времиња во кои околностите се менуваат буквално од час во час... Тие што ме следат подолго знаат дека многу често сум бил во право и сум ги погодувал трендовите.

Сум згрешил за ТПЛФ, и за короната во Италија кога имаше по 3,500 новозаболени на ден покажуваше успорување и сметав дека тоа е пикот, подоцна отиде нагоре, па сега Шпанија дури ја претица и е повеќе загрозена.. кој би можел тоа точно да го предвиди...

Кој сака да листа нека листа наназад што сум пишувал за КБМ 3,200-3,500, МПТ кога беше 20-30к, Гранит 500-600, Алк 5-6к,

Ова е секако мое мислење, за тоа колку јас ги разбирам работите, впрочем овој пат и не сакам да сум во право. Би сакал да имаме Vshape и да се врати во нормала животот што побрзо.
Ова сум го пишал на 4ти април 2020 за жал сум бил во право. Интересно нашите економски "експерти" мислам на професори, поранешни министри и гувернери немаат свој став и коментираат само очигледни работи како во стилог поскапе струјата очекувам тој тренд да продолжи. Не бе профа платен си од буџетот да ја информираш јавноста, владата и инвеститорите со време... не да коментираш како завршила вчерашната утакмица
 
Член од
1 февруари 2016
Мислења
239
Поени од реакции
189
Ова сум го пишал на 4ти април 2020 за жал сум бил во право. Интересно нашите економски "експерти" мислам на професори, поранешни министри и гувернери немаат свој став и коментираат само очигледни работи како во стилог поскапе струјата очекувам тој тренд да продолжи. Не бе профа платен си од буџетот да ја информираш јавноста, владата и инвеститорите со време... не да коментираш како завршила вчерашната утакмица
Така е, све генерали после војна
 
Член од
30 март 2018
Мислења
1.454
Поени од реакции
1.883
Па нормално, тоа е таа купена „елита“ што грото приходи не го остварува од професорската плата, туку од мито за полагање испити, прескапи скрипти што уценетите студенти мора да ги купуваат, одбрани на магистерски и докторати, учество по разноразни одбори и комисии, а најмногу од „хонорари“ и „проекти“ за сѐ и сешто, најчесто финансирани од странските амбасади и невладини организации. Тука се секако и немонетарните привилегии, у смисла на гага јадење и патување по конференции, како и плескање на студентки.

Сево ова во најголема можна мерка е овозможено исклучиво преку улижување на политичките партии и странците, а не според академските и научните способности. Заради стекнување и задржување на ваквиот статус на личен конфор, 99% од северџанската „елита“ е спремна да функционира клиентелистички, а не професионално да ја информира и едуцира рајата во чијашто корист е должна патриотски да делува.

Еве нпр. Апасиев досега можел стопати да си ја продаде душата на ѓаволот и да се фати во ваквото оро, па наместо во половна Алфа и стан на кредит, досега дебело да се нафатира и да се вози во џип од 100.000 евра и да рента неколку станови во лична сопственост. Една од најомилените мисли на Бафет што толку многу го цитирате ми е: take the high road, it's less crowded. Кај нас тој пат на моралот е обраснат во трње пошо воопшто никој со години не го користи.
 

Dar_Mak

ексцентрик
Член од
22 октомври 2010
Мислења
337
Поени од реакции
323
Ова сум го пишал на 4ти април 2020 за жал сум бил во право.
Прецизно си прогнозирал за стагфлацијата и монетарната политика, но ова со Л шејпот си го утнал јако. Оправдано или не (веројатно не), индексот, а и повеќето акции од МБ бележат историски врвови невидени до сега.
 
Член од
16 јули 2021
Мислења
1.078
Поени од реакции
1.934
Kakvi rezultati ocekuvate od TNB ?
Пораст на добика/загуба на ТНБ за период 1.1 до 31.9 споредбено со претходната година:
2016: 43.59 %
2017: 32.17 %
2018: 21.52 %
2019: -27.60 %
2020: -15.04 %
2021: 35-40 % (моја апроксимација)
После две летаргични години, следствено на одличен скор со пораст на добивка од 19.3% во Q1 и 60% за H1 2021 нема да затаи ни овој извештај иако Q3 знае да биде тромав за бизнис поради сезоналитетот. Гледам поминуваат блокчиња по 28 иљади лабаво иако ќе имаме book value од цирка 17.000 денари оваа година и со фјучр EPS од 2,300- 2.400 пак доаѓаме до 12,13 % П/Е. Пази акцијавата ќе се тргува до 1 декември со право на минати сиромави дивиденди (2019, 2020) плус за пола година уше една голема за 2021. Цената не би ме зачудило да ја нагази психолошката граница од 30.000 денари до крај на ноември. Ќе видиме за некој ден...
 
Член од
10 април 2013
Мислења
1.108
Поени од реакции
705
Пораст на добика/загуба на ТНБ за период 1.1 до 31.9 споредбено со претходната година:
2016: 43.59 %
2017: 32.17 %
2018: 21.52 %
2019: -27.60 %
2020: -15.04 %
2021: 35-40 % (моја апроксимација)
После две летаргични години, следствено на одличен скор со пораст на добивка од 19.3% во Q1 и 60% за H1 2021 нема да затаи ни овој извештај иако Q3 знае да биде тромав за бизнис поради сезоналитетот. Гледам поминуваат блокчиња по 28 иљади лабаво иако ќе имаме book value од цирка 17.000 денари оваа година и со фјучр EPS од 2,300- 2.400 пак доаѓаме до 12,13 % П/Е. Пази акцијавата ќе се тргува до 1 декември со право на минати сиромави дивиденди (2019, 2020) плус за пола година уше една голема за 2021. Цената не би ме зачудило да ја нагази психолошката граница од 30.000 денари до крај на ноември. Ќе видиме за некој ден...
Mi ja zbogati i razubavi vecerta druze....
 
Член од
30 март 2018
Мислења
1.454
Поени од реакции
1.883
Еве ја мислам дека добивката и цената би можеле да се зголемат за 50-60%, шо. Не бе, и за 100% може, не е проблем
 
Член од
16 јули 2021
Мислења
1.078
Поени од реакции
1.934
Елементарни приходи од камата кај Стопанска Банка Битола во минус, приходи од провизии едвај во плус а добивка 364 % повеќе од лани :aplauz:. Нето исправка на вредност 301.688.000 МКД (дополнителна - ослободена) :)
Нето исправка на вредност = Добивка за првите 9 месеци. Резултати од работење 0.
 
Последно уредено:

Kajgana Shop

На врв Bottom