Опааа, излегле ревидираните извештаи за 2019. година на пензиските и инвестициските фондови. Еве одма некои работи упаѓаат у очи:
И Сава и КБ Прво имаат по 33 вработени, а кај првите платниот фонд е 53 миљони денари, додека кај вторите е 37. Тоа значи дека кај првите просечната нето плата е околу 95.000 денари
![Шок! :shok2: :shok2:](/styles/default/xenforo/emot/shok.gif)
, додека кај вторите е „само“ 65.000! Човек можеби би помислил дека за поголеми плати привлекуваат подобри стручњаци што на идните пензионери им обезбедуваат поголеми приноси, меѓутоа не е така: кај поскапо платените вредноста на инвестициската единица е 207,8, додека поевтините направиле 210, 5!
Ќе видиме дали управата на првите ќе им ги смали платите или на вторите ќе им ги зголеми. А и интересно е што кај „регулаторот“ поминуваат обата износи. Инаку тие и оваа година од пензионерите си ги исцицале стандардните десетина миљони евра провизии и надоместоци, од коишто половина ќе завршат како профит за словенечките газди. Поглуп систем буквално не постои, а се надевам дека у кризава ќе допреме некое дно па под општествен и стручен притисок системот да се укине и распушти.
И јас ќе станам како римскиот сенатор што секој говор го завршувал со „Меѓудругото, Картагина треба да се уништи!“. Ете одлична идеја за потпис за профилот.
Преминуваме на моето омилено КБ Публикум. Таму шестмината вработени земале просечна плата од скоро 100.000 денари
![Шок! :shok2: :shok2:](/styles/default/xenforo/emot/shok.gif)
. Меѓутоа, клучниот раководен кадар земал половина од тие пари, а само е прашање дали тоа се еден или двајца извршни директори. Ако е еден, алал нека му е што начекал вакви овци да си стриже и да си лапа месечно по 350.000 денари плата!
Прегледај го приврзокот 246849