Да видиме кои се фактите кои можеме да ги прочитаме во официјалната историја, и нормално да ги прокоментираме:
862 лето господово - Цариград (источно ромејско царство) е во војна со тогашна Бугарија. Цариград е во сојуз со Моравија, а Бугарија со тогашното германско кнежество.
Истата 862 година цариградскиот цар михаил 3-ти (по претходни долги подготовки) ги испраќа св. Кирил и Методи во Моравија за да го зацврстат цариградското влијание и да помогнат во борбата со непријателот.
863 лето господово Кирил и Методи, со своите следбеници, меѓу кои Климент и Наум, пристигнуваат во Моравија и ја започнуваат својата дејност.
863 лето господово (есен) цар Михаил 3-ти ја напаѓа и поразува бугарија, односно хан Борис и склучува мировен договор со истиот.
864 лето господово хан Борис ја прима христијанската вера од цариградски-грчки свештеници
865-866 лето господово грчки свештеници се испраќаат за ширење на христијанството меѓу монголските бугари.
Поентата е следнава: Кирил и Методи, заедно со Климент и Наум се испратени во мисија која е насочена директно против тогашна Бугарија, значи истите (сите четворица) НИКАКО НЕ МОЖЕЛЕ ДА БИДАТ БУГАРИ, колку и тоа да го посакува некој што „касналкоски“.
Одиме понатаму:
869-870 лето господово, во бугарија се формира бугарска црковна диоцеза на чело со митрополит Георги - ГРК.
885 лето господово се упокојува Св. Методиј, Климент и Наум пристигнуваат кај хан Борис (сега веќе цар Михаил) во престолнината Плиска.
885 лето господово, христијанството во бугарија сеуште е под контрола на цариградската патријаршија, а хан Борис (цар Михаил) ги испраќа: Климент во Охрид (кој влегува во составот на тогашна Бугарија 865 или 869 лето господово, во зависност од изворите), а Наум во Преслав.
886 лето господово Климент во Охрид и Наум во Преслав основаат ЦРКОВНИ ШКОЛИ во кои почнале да учат ученици да преведуваат црковни книги на глаголица, но и да се запознаваат со словото божјо.
886 лето господово бугарската архиепископија станува автокефална со седиште во Плиска
Значи, да изведеме некој логичен заклучок:
Одкако Цариград го порази Борис и го принуди да ја прими христијанската религија, му наметна грчки свештеници и истиот тој хан борис ја ширеше христијанската религија низ територијата која тој ја контролирише преку грчките свештеници. Кога дојдоа македонските просветители во неговиот двор, тој ги пречека со сите почести (така велат изворите, но изворите велат дека и римскиот папа и цариградскиот патриарх ги пречекувале со сите почести) и ханот Борис ги испрати надвор од престолнината. Едниот во Охрид, најзафрлениот и новоосвоен крај од тогашната негова дежава, а другиот во Преслав. Ниту едниот, ниту другиот не се испратени како свештеници, а фактот дека црковната и просветителната дејност во тој период биле контролирани од цариград и патријаршијата говорат дека тој немал моќ да ги испрати ни во просветителска мисија. Во периодот кога Климент и Наум ги создавале своите книжевни школи Борис (Михаил) немал никаква моќ, тој всушност бил цариградски вазал.
Одиме понатаму:
893 лето господово Климент е ракоположен за епископ Белички, со седиште во охрид, а Наум доаѓа во Охрид и ја превзема учителската дејност од Климент
916 лето господово се упокојува Св. Климент Охридски како епископ Белички
976 лето господово цар Самоил ја прогласува својата црква за патријаршија со седиште во Преспа и тој се прогласува за цар преку својата патриаршија, истата е признаена од Рим (папата) во 999 лето господово.
976-977 лето господово Самоил ја преместува престолнината и седиштето на патријаршијата во Охрид.
1014 лето господово цар самоил умира, Василие ја деградира Самоиловата Охридска патријаршија во архиепископија и како таква опстојува се до 1762 лето.
Јас тука никако не можам да го видам бугарскиот карактер на ниту еден од учесниците во целава ситуација. За време на борис и симеон во охрид имало епископија, Самоил (кој дефакто е македонски цар) ја воздигнува на ниво на патријаршија, а Василиј ја деградира во архиепископија.
Охридската архиепископија е целосно растеретена од бугарската историја, нема никакви допирни точки ниту со бугарскиот народ, ниту со бугарската држава и истата е автентична македонска црковна институција.
Затоа јас на тој што „касналкоски“ можам да му кажам да се релаксира околу Охридската архиепископија, а нејзиното врзување за Јустинијана Прима е логичен след на настаните. Имало населението претходно висока црковна институција и само ја возобновила во нова, која денеска е позната како Охридска архиепископија (некогаш Патријаршија)