- Член од
- 10 септември 2016
- Мислења
- 8.965
- Поени од реакции
- 17.775
Ако сака да влезе Борец никој не може да го спречи оваа сезона само проблемот е што газдата дали е одлучен да влезе.Обршани ќе играат на стадиончето кај могилата во Прилеп.
Гледав неколку нивни тренинзи минатиот месец. Веројатно го смениле целиот тим со кој настапиле во трета лига, бидејќи цела екипа беше составена од млади играчи меѓу 18 и 25 години (максимум до 28). Не знам како се вика тренерот, ама типчето беше комедии, дерење цел тренинг.
Не знам зошто воопшто влегувале во втора лига, не го гледам ќарот од нешто такво.
Саса барала на позајмица млади играчи од Скопските прволигаши, не ми се верува дека би се откажале.
Инаку, Тиквеш и Борец ќе се борат за прво место, а своја шанса ќе чека и Брегалница. Митко спонзорира во Тиквеш и донесоа солидни играчи за втора лига. Сепак, во втора лига се мести на големо и решавачка улога може да има пазарењето надвор од зелениот терен. Со оглед на тоа што Борец е тим на општина која е на власт, може да се очекува да има поголема помош од другите екипи, отколку Тиквеш.
Што да се очекува на западот?
Гостивар или Скопје?
За западот Гостивар први Скопје бараж.