Македонија 51-та звезда на Американското знаме ВМРО - СДРМА

Bratot

Стоик и Машкртник!
Член од
27 јануари 2007
Мислења
17.089
Поени од реакции
4.499
Голем Македонски проект на млади патриоти во текот на 1947 година

По завршувањето на втората светска војна и формирањето на колективите - задругите, по селата кога неукиот и кроток македонски намачен народ, кој со векови работи по своите ниви со цел да го прехрани големото македонско семејство, се соочува со уште една голема мака, конфискација на имотот, добиток, жито, механизација.

За овај периот не само историчарите туку и високи функционери на тогашна СФРЈ не сакаат многу да зборуваат. Што уште немаше да им текне викаа старите луѓе по селата. Законот на Лазо Колишевски, забрани да се чуваат кози, зошто козата била „штетно животно“, или пак ако сакаш пензија за учество во НОБ, најди двајца сведоци и ја добиваш веднаш, или пак уште еден убав пример, ако имаш шест крави, една за тебе другите за колективот, или накодоши некој близок во УДБА, добиваш работно место.

Гледајќи ги сите овие случувања, повеќе групи младинци, посегнуваат на мислата Македонија, протекторат на САД.

Епицентарот на случувањата е Прилеп и од таму мрежата се шири кон Битола, преку село Цер, до Кичево. Но тука сакам да додадам дека за нешто слично е осуден и Методија Андонов Ченто, силен противник на ставовите на Темпо, Видое Смилески Бато, Вера Ацева, Страхил Гигов.

Од март 1946 год, до пролетта 1947 год, во Прилеп се фромира македонска револуционерна организација, со цел за крајно политичко обединување на Македонија, под покровителство на САД, од каде доаѓа и името, ВМРО-СДРМА (Самостојна Демократска Република Македонија под протекторат на Америка).

Организацијата зема силен замав, во текот на летото 1947 година ширум цела Македонија.

Но како и сите позитивни работи кои се одвиваат во тоа време, па и оваа е разоткриена од тогашната УДБА. Голем дел од членовите на организацијата се затворени и осудени. Најнапред би го спомнал Г-дин Глигор Крстевски , кој е главен организатор на оваа дело, кој е осуден на 3 години затвор во воспитно поправна установа, Благој Рампов на 1 год и 6 месеци, Благоја Мрмевски 10 години затвор, сите пресуди се донесени во „името на народот“ и со образложение дека сите се осудуваат поради соработка со терористичкото крило на ВМРО на Ванчо Михајлов, и додавката соработка со агентот Ванчо Михајлов кој сакал да ја одцепи НРМ од ФНРЈ за некаква си Самостојна Македонија под протекторат на Америка.

Идејата за Македонија како 49 - та или денес 51 - ва, држава на САД, постои многу одамна.

Тука би го споменал и покојниот Вецко Стаматоски родум од село Цер, кој по наредба на органите на УДБА бил убиен во затворот во Идризово, а предходно осуден на 8 години затвор заедно со своите истомисленици.

Вецко при судењето многу директно се изјаснил: На американското знаме сега има 48 ѕвезди ќе додадеме уште една – Македонија, со тоа ние не мораме да одиме таму, туку Америка ке дојде тука. Со тоа Вецко Стаматоски ја потврдува својата саможртвеност за Самостојна и обединета Македонија како протекторат на Америка.

За овој “проект” е напишано во многу малку, има пишувано до Г-дин Глигор Крстевски, и германскиот историчар-балканолог Стефан Троебст од Универзитетот во Лаипциг Германија, кој покрај другото до детали ги објаснува работите за Македонското прашање во бугарскиот парламент, ВМРО во периодот 1924-1944, како и предлогот на Адолф Хитлер за Обединета Македонија, и Македонија Швајцарија на Балканот на Иван Ванчо Михајлов.

Денес ова тема е сеуште актуелна, голем дел од народот во Македонија има голема поврзаност и симпатии кон САД. Многу млади луге ја гледаат својата иднина во САД, по сево ова што и се случува денес на Македонија, најдобро е да се вратиме на старата идеја од пред 55 години, да бидеме денес 51-та ѕвезда на американското знаме?


- Ивица Белев
 
Член од
21 февруари 2009
Мислења
1.315
Поени од реакции
47
Pred 15 godini imase edna emisija na radio vo kasni vecerni sati vo koja se zboruvase za masonite, pri sto bese spomnato deka uste 1911 vo Britanskiot parlament se resavalo sto ke bide so Makedonija. stanal nekoj od tie i rekol " Sega za skoro ke se sluci edna valkana vojna vo koja ke nastrada edno pleme, e sega vie odlucite dali da se spreci toa ili da ostavime da se sluci sto ke se sluci" Site znaeme sto se sluci, ali intesno e toa sto isto togas se spomnalo deka posle dolgo vreme MKD ke bide protektorat na Amerika. Ova e spomnato pred balkanskite vojni koga Amerika i nemase nekoe golemo vlijanie vo Evropa kako denes.
 

Bratot

Стоик и Машкртник!
Член од
27 јануари 2007
Мислења
17.089
Поени од реакции
4.499
Pred 15 godini imase edna emisija na radio vo kasni vecerni sati vo koja se zboruvase za masonite, pri sto bese spomnato deka uste 1911 vo Britanskiot parlament se resavalo sto ke bide so Makedonija. stanal nekoj od tie i rekol " Sega za skoro ke se sluci edna valkana vojna vo koja ke nastrada edno pleme, e sega vie odlucite dali da se spreci toa ili da ostavime da se sluci sto ke se sluci" Site znaeme sto se sluci, ali intesno e toa sto isto togas se spomnalo deka posle dolgo vreme MKD ke bide protektorat na Amerika. Ova e spomnato pred balkanskite vojni koga Amerika i nemase nekoe golemo vlijanie vo Evropa kako denes.
И после балканските војни...

САД и Македонија пред Мировната конференција во Париз – 1919 г.

- Во Мировната програма на Вудро Вилсон објавена 1918 г., промовирана е Стратегијата на САД во меѓународните односи, заснована на Американската демократска традиција за човековите права, правото на народите на самоопределување и свои национални држави, рамноправност на народите и др.

- Претседателот Вудро Вилсон во текот на 1918 и 1919 г., за време Париската мировна конференција, активно ја застапува идејата за обединета, автономна Македонија, под првичен протекторат на САД.


Активностите на САД за правилно решавање на македонкото прашање пред Париската мировна конференција во 1919 г.

- Кон средината на 1918 г., Вашингтон согледувајќи го македонското прашање како клучно за разрешување на Балканскиот проблем, упатува во Македонија, специјална мисија.

- Во Мисијата се мајорот Линдеј Бринер – воен аташе на САД при Главниот Француско-Американски воен комесаријат, и Луј Крентон – Сенатор на државата Мичуген.

Со ова САД сакаа:

- Од “лице место” да се согледа – Македонското прашање низ објективен третман и со непристрасно испитување.

- НАЈВАЖНОТО: САД САКА РЕШАВАЊЕ НА МАКЕДОНСКОТО ПРАШАЊЕ ВРЗ ОСНОВА НА СОСТОЈБИТЕ ПРЕД ПОДЕЛБАТА ОД 1913 год.

- Вашингтон става до знаење дека Букурешкиот договор и решенијата од таму, особено оние за Македонија, НЕ МОЖЕ ДА СЕ ЗЕМАТ КАКО ОСНОВА за разрешување на македонското прашање.

- Вашингтон нагласува дека тој Договорот е –“ДЕЛО НА КОРУМПИРАНИТЕ БАЛКАНСКИ БУРЖОАЗИИ”.

- Вашингтон декларира став дека Македонија треба да се конституира како одделна политичка единица , како – ПОСЕБНА АВТОНОМНА МАКЕДОНСКА ДРЖАВА.

- 03. XII. 1918 г., САД и Англија се состануват да во рамки на глобалното решавање на Балканот, изградат заеднички ставови. САД се јасни и конкретни:

- САД да добијат мандат за трите стратегиски точки на Полуостровот – Цариград, морските премини со Тракија и Македонија.

Американскиот амбасадор во Лондон Дејвид Хантер Милер, известил дека со предлогот на Вашингтон се предвидувало и:
“Македонија да се стави под мандат на САД“ и во тие рамки, како мандатор, САД да ја превземат на себе “грижата за Македонија“.
И дополнителна белешка од историјата од времето на Вилсон:
Македонски "Јенки" во Првата Светска Војна

и бидна линк
http://www.mn.mk/komentari/641

Како оснивач на првата регистрирана организација означена како ВМРО-СДРМА (за Самостојна Демократска Република Македонија под покровителство на САД), Глигор Крстески се осудува на затворска казна од три години - гласи пресудата на овој некогашен осуденик за политички идеи Глигор Кстески кој тогаш имал само 15 години и живеел во Прилеп. "Одлежав малку во куќата на Шајкар во Прилеп, потоа ме однесоа во самиците на УДБА, еден месец бев во Прилепскиот затвор, два во затворот кај црн мост во Битола, еден месец во озлогласениот затвот во Ниш, оттука во Белград, па во Славонски Брод, па во Глина во Хрватска. Ова опозиционо политичко и национално македонско движење во 1949 година се трансформира во ВМРО-ПРАВДА. Наредната година, Крстески, како идеен осмислувач на ова младинско движење, повторно заглавува в затвор, осуден од партиската комисија. По излегувањето, слободата му се претвора во вистински пекол, тој е цели 40 години следен, под третман на УДБА, тамам ќе нашол работа, како лектор или уредник, под притисок морал да дава отказ од работното место. Во 1991 година добива инвалидска пензија, како уредник во редакцијата Енциколопедија на Југославија.

http://star.vest.com.mk/default.asp?id=1197&idg=1&idb=179&rubrika=Revija

Во овој период делувале некои поединци и групи на некогашната Внатрешна македонска револуционерна организација (ВМРО), меѓутоа во март 1946 година била формирана нова организација ВМРО-СДРМА (ВМРО-Самостојна Демократска Република Македонија под протекторат на Америка), која во текот на 1949 година се трансформира и преименува во ВМРО-ПРАВДА. Оваа организација си постави за цел борба за обединета Македонија во рамките на било која федерација (југословенска, балканска итн.), но истовремено се бореше за демократизација на општеството и посебно против насилничките методи на колективизацијата на македонското село
(Глигор Крстески, Отпори и прогони 1946-1950, «Матица Македонска», Скопје 1994, 75).
 
Член од
3 март 2008
Мислења
831
Поени од реакции
31
Ovie govna za Makedonija i crnata sudbina ni gi skroija Evropskite Zapadni Drzavi,uste od pocetokot na 20 vek, za benefit na nasite dragi sosedi....a nie, kako drzava i narod.. se uste im go lizeme gazot ,za taa posrana EU....

Narodot seuste ne razmisluva so svoja glava, i ne se osvestil od romanticnite romani koi Brisel ni gi proektira..za toa sto e EU, i koj e EU...i nivnite EU "vrednosti"

Nekoi tuka plukaat po Tito, po komunizmot, neznaejki deka bas pod toj rezim, za prv pat bevme priznaeni kako posebna nacija so poseben jazik...a da ne bese Istokot(citaj moderno komunjarite) odamna ke se obrakjavme so "milame ellhnika" ili "pricali bismo Srpski", a najverojatno i "Blgarski"..i toa pod direktna kapa na Zapadna Evropa i nivnite milenicinja-nasite mili sosedi
 
Член од
22 февруари 2009
Мислења
746
Поени од реакции
35
Брат ги има сите овие ВМРО друштва во една книга „Осудени за Македонија„ само што сите биле протерани на голи оток некој стрелани а дел завршиле во Идризово и во затворите во Преспа.

Имав чест да се запознам со еден дедо осуден за оваа и на старост и покрај удба тој си остана верен на сонот за Македонија на Македонците.
 

Bratot

Стоик и Машкртник!
Член од
27 јануари 2007
Мислења
17.089
Поени од реакции
4.499
Ovie govna za Makedonija i crnata sudbina ni gi skroija Evropskite Zapadni Drzavi,uste od pocetokot na 20 vek, za benefit na nasite dragi sosedi....a nie, kako drzava i narod.. se uste im go lizeme gazot ,za taa posrana EU....

Narodot seuste ne razmisluva so svoja glava, i ne se osvestil od romanticnite romani koi Brisel ni gi proektira..za toa sto e EU, i koj e EU...i nivnite EU "vrednosti"

Nekoi tuka plukaat po Tito, po komunizmot, neznaejki deka bas pod toj rezim, za prv pat bevme priznaeni kako posebna nacija so poseben jazik...a da ne bese Istokot(citaj moderno komunjarite) odamna ke se obrakjavme so "milame ellhnika" ili "pricali bismo Srpski", a najverojatno i "Blgarski"..i toa pod direktna kapa na Zapadna Evropa i nivnite milenicinja-nasite mili sosedi
Да беше истокот ќе бевме дел од Санстефанска Бугарија.

Да беше истокот(комуњарите) на наша страна, немаше да се пазарат со нашата судбина.

Титовиот концепт за националните права во СФРЈ никој не го оспорува, но гревовите исто така неможе да му се избришат.

Нема лев или десен екстрем, вистината е секогаш некаде по средината.
 
Член од
29 јуни 2005
Мислења
1.284
Поени од реакции
14
Od mart 1946 do juni 1947 godina, vo Prilep e formirana revolucionernata organizacija VMRO-SDRMA,samoniknata varijanta na VMRO, vrz tradiciite od pred i ilindenskiot period i vrz poizrazito nacionalnata struja vo tekot na NOV.Vo pochetokot e sostavena od desetina chlenovi,glavno uchenici na petshesnaesetogodishna vozrast i povekemina familijarni i vozrasni poedinci, podrzuvachi i simpatizeri.Krajna politichka cel na ovaa Organizacija beshe sozdavanje na samostojna makedonska drzava vo nejzinite prirodni i etnichki granici, so demokratsko opshtestveno ureduvanje od zapaden tip, so medjunarodna zashtita na SAD.Inicijator, glaven organizator i vodach na ovaa organizacija beshe Gligor Krsteski.Negovi neposredni sorabotnici vo organizacionoto i idejno-politichkoto oblikuvanje na ovaa organizacija bile,Blagoja Stojkovski-Bajo i Kostadin Smichkovski.So nivnata upornost i rabota , mrezata na Organizacijata brzo se shirela medju uchenicite, vonuchilishnata mladina i gradjanite na Prilep,Prilepsko i nadvor od Prilep.Relativno kratkotrajnoto, no od aspekt na kontinuitetot na borbata za obedinuvanje i drzavotvorno konstituiranje, moshne vazno postoenje na ovaa Organizacija, beshe "krunisano" na 08.09.1947 godina so javen sudski proces protiv:Grigor Krsteski,Kostadin Smichkovski, Blagoja Stojkoski i Aleksandar Georgievski.Site lazno obvineti kako pripadnici na VMRO na Vancho Mihajlov.Na toj nachin, proglasuvajki gi za "tudji eksponenti", vlastite mozele polesno da im sudat na ovie mladi ludje i vrz niv da primenuvaat pritisok i tortura".

"Po razotkrivanjeto i apsenjeto na pogolem broj chlenovi, vo tekot na 1948-49 godina vo prilepskoto jadro na ovaa Organizacija, se sluchile nekoi promeni vo pravec na redefiniranje na odredeni nachini za postignuvanje na postavenata cel.Taka ,vo tekot na 1949 godina VMRO-SDRMA se transformira i preimenuva vo VMRO-PRAVDA.Novata organizacija si postavi za cel borba za obedineta Makedonija vo ramkite na bilo koja federacija (jugoslovenska,balkanska itn.), vo istovreme se boreshe za demokratizacija na opshtestvoto.Sedishteto na VMRO-PRAVDA beshe vo Prilep, a nejzinoto dvizechko i rakovodno jadro go sochinuvaa: Gligor Krsteski, Dane Popovski, Kostadin Smichkoski i Ljuben Kostoski-Chakra.
Vo tekot na 1949 i pochetokot na 1950 godina vekje bila vospostavena mreza od komiteti niz cela Makedonija:Bitola, Ohrid, Resen, Skopje, Sveti Nikole, Shtip, Kochani, Berovo, Strumica, Radovish i Gevgelija, taka shto se javila vistinska "opasnost" za rezimot od se posilnoto vlijanie na ovaa Organizacija.Zatoa, doshlo do silni pritisoci i masovni apsenja na chlenovite na Organizacijata vo periodot 1949-1951 godina, a osobeno tezok bil udarot 1950 koga bile uapseni 47 chlenovi na shtipskata grupa na VMRO-PRAVDA.Vo tie masovni apsenja najmnogu stradala makedonskata mladina, osobeno srednoshkolskata mladina.Spored nekoi indikacii, se smeta deka vo tie godini bile uapseni 7 330 srednoshkolci.

Dali istorijata ja pravi narodot ili poedinecot"?

Prashanje koe go postavuva d-r Violeta Achkoska vo vovedot na knigata "MOETO POLICISKO DOSIE od Gligor Krsteski"- osnovachot na S.D.R.M.A
Додаток 8029
Pa veli :"Mozebi del od odgovorot ke najdete vo policiskoto dosie na Gligor Krsteski i na tekstovite so koi ke se sretnete niz stranicite shto sledat.No,sepak,i do kakov odgovor da dojdete,edno e sigurno:lichnostite koi tuka ke gi zapoznaete,i po dobroto i po zloto,i pripadjaat na makedonskata istorija,kako shto i samiot Gligor Krsteski,vo edno burno vreme stanal del od taa istorija,del koj go otslikuva onaa najhrabroto vo makedonskiot narod.
Taka,od edna strana ke go vidite nepokorot,doblesta,silnata verba vo povisoki ideali,kako crvenata nishka od dostoinstvenata strana na makedonskata istorija,na borbata na makedonskiot narod za zilavo opstojuvanje,nasproti site delezi,grabezi i odnaroduvanja,na negovata borba da se bide svoj na svoeto.Seto toa stoi nasproti mirenjeto so sudbinata,nasproti poltronstvoto i prifakjanje na nametnatite reshenija,nasproti svesnoto odrzuvanje na zabludite,nasproti unishtuvanjeto na ludje "vo imeto na narodot".
Zatoa i vo ovaa prigoda ke si go potvrdite soznanieto deka istorijata e najgolemiot svetski sudija,no deka taa sekogo go meri lichno.Istorijata znae bezmilosno da presudi i vechno da go pameti -i podvigot i sramot."
Uvodot na knigata od d-r V.Achkoska ke go prenesam cel-nema da go skeniram,ke se pomacham no mislam ke vredi makata,

"Vo tekot na 1945 godina dojde do pojava na prvite organizirani tajni organizacii i grupi,kako eden vid ilegalna politichka opozicija protiv novoformiranata komunistichka vlast vo makedonija vo ramkite na jugoslovenskata federacija ,so baranje za samostojna i obedineta Makedonija.Tie najchesto go nosea imeto na starata revolucionerna organizacija VMRO i gi neguvaa ilindenskite tradicii i ideali,kako na primer:Ilinden 1903,VMRO-SDRMA(Samostojna Demokratska Republika Makedonija pod protektorat na Amerika),VMRO-PRAVDA,SIMO (Samostojna iligalna makedonska organizacija),VMRO-BURA i dr.
Poedinechni stavovi razlichni od ju-opcijata,projavile pogolem broj VMRO-vski grupi,kako vo Bogdanci,Kochani,Bitola itn.Osobeno aktivni bile bitolskite grupi VMRO koi ushte vo tekot na mart,zapochnale medjusebno povrzuvanje i koi imale silna podrshka vo gradot.Organite na progonot vodele nekolkumesechna istraga za razotkrivanje na mrezata na organiziranite grupi i za nivno likvidiranje,no nivnata dejnost ne bila unishtena,a parolata za samostojna Makedonija bila mnogu silna."
Idejata za obedineta Makedonija osobeno bila rashirena vo krugot na srednoshkolskata mladina pri shto bile zabelezeni istapite na posmelite mladinci ("na linija na VMRO") vo poveke makedonski gradovi.Izvorite zboruvaat deka grupi "neprijatelski nastroeni uchenici" togashnite vlasti evidentirale vo Veles,vo Skopskata mashka gimnazija,vo Strumica,Ohrid,Prilep,Resen itn.Poedju drugoto,bilo zabelezano deka ovie grupi se "samoniknati" i deka inicijatorite se samite uchenici

Se nadevam temata ke opstoi nema da bide spoena so nekoja druga tema so ime VMRO.
 

ogledalo

провинцијалец
Член од
12 мај 2008
Мислења
3.198
Поени од реакции
174
Брат ги има сите овие ВМРО друштва во една книга „Осудени за Македонија„ само што сите биле протерани на голи оток некој стрелани а дел завршиле во Идризово и во затворите во Преспа.

Имав чест да се запознам со еден дедо осуден за оваа и на старост и покрај удба тој си остана верен на сонот за Македонија на Македонците.
од стојан ристевски
 
Член од
29 јуни 2005
Мислења
1.284
Поени од реакции
14

Od chetvoricava osnovachi pochinat e samo Gligor Krtseski.

1. Dane Popvski sega zivee vo Chicago inaku e od Carev Dvor.
2. Kostadin Smichkovski sega zivee vo Lugano inaku e odPrilep.
3. Ljuben Krsteski -Chakra sega zivee vo Skopje inaku e od Prilep.

Nivnite spomeni, dokumenti, fotografii iskustva nikoj do sega ne gi pribelezil. Pak utre ke ni bidat nekoi drugi vinovni.....
 

theMac3donian

Мак3донецот
Член од
5 февруари 2007
Мислења
3.690
Поени од реакции
259
Како и да е, како и да било, сега е вака...


Тоа било за тогашното време, сега треба да се бараат други покровители. Македонците биле доста бројни и моќни тогаш, но сега не се...
 

Македонцки

мадрфакр
Член од
23 ноември 2007
Мислења
4.281
Поени од реакции
634
игри како и руските и тогаш и сега, и тие од СДРМА и тие од ДАГ леви и десни а сите со една цел мисија и жртва за една земја и еден народ....завршија мртви како последица на играта на големите...

1913 за русија, 2001 за сад остануваат најјасни години како показател кој со кого играше валцер а кој седеше во кошето.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom