Македонија – Германија [17.01.2012, 18:15]

Статус
Затворена за нови мислења.
М

Мартин`

Гостин
Што е Лазаров крив кога нон-стоп фластер му играа?
Не е Кире Чак Норис па преку тројца голови да лупа.
Кој QR тогаш шутира од неизградени позиции ако му играат фластер ? нека повлече 1-2 играчи и нека подаде..
или и на седмерци му играа фластер со Шведска па и сега :tapp:

Дефинитивно не му е првенството ко што треба, добар е но на ова првенство комплетно разочара како капитен.
 
Член од
14 март 2010
Мислења
16.935
Поени од реакции
16.227
Што е Лазаров крив кога нон-стоп фластер му играа?
Не е Кире Чак Норис па преку тројца голови да лупа.
Кога гледаат дека се игра на фластер, малце смени тактика, рашири на крила нека се проиграваат тие, а Кире ем на фластер ем се прај маж шутира..
Ти да форсираш шут нон стоп и на тој исфорсиран шут да немаш никаква реализација (имал 7 погодоци, океј имал, ама колку промашил..), нема ли да се осеќаш малце виновен за поразот.
Дајте малце да ги погледнеме работите реално како што се. Па сакал бил капитен или селектор, на овој меч тој е еден од виновниците, па сакал играл со срце или џигер магарешки. Неможе секогаш оти се наши да му се прогледува низ прстите. И тие треба да претрпат критики.
Исто така и одбраната, 4-5 гола Германците постигнаа од втора шанса, од одбиена топка од статива или од голман.
Јебига тоа е, друг пат повеќе. И ние наеднаш си земавме сила дека ќе ги тепаме сите.
 
Член од
19 март 2011
Мислења
12.881
Поени од реакции
14.319
Очигледно Игор Трпески треба да коментира па да им тргне, па да видам после дали некој ќе се осуди да суди против нас, знаете сите каков убиствен поглед има Игорчо
Кога ке му удри еден вербален поглед на судијата,ке видиш за кога ке суди после :D
 

Македонец

мразам патетика во натпис
Член од
12 февруари 2007
Мислења
3.928
Поени од реакции
3.813
Судиите си беа супер....мораа да компензираат....за прво полувреме ок,може да се каже дека претераа судиите...ама второ полувреме во најбитните моменти судеа во наша корист.....и шо да земеше судијата да го шутираше пеналот на Кире,за да дадеме гол???
 

ElNinho

Мадридиста!
Член од
17 јули 2009
Мислења
20.965
Поени од реакции
57.716
Што е Лазаров крив кога нон-стоп фластер му играа?
Не е Кире Чак Норис па преку тројца голови да лупа.
Пеналите не ги шутираше преку тројца. Штом виде дека еден промаши мораше да му отсапи на друг... И главни негови киксови беа кога шутираше од апла неизградени позиции, избрзано, а виде дека не му иде. Значи навлекува двајца на него, соиграч му се ослободува, овој шутира...

Ај да беше ситуација кога сме под закана на пасивен, или кога е завршеток на нападот, али шутна ептен нерезонски повеќе пати. А имаше одлични асистенции до Столе и Наумче со кој требаше да продолжи...

Да се разбереме, Кире заслужи критика, која верувам дека и самиот ќе ја прифати. Плукање не, НИКАКО !!! Никој не заслужува плукање, најмалку капитенот!

А Напредок и братот... :facepalm: Филип, бе, да му еам стопанката... ШУТНИ, ко македонски фудбалер си. Значи ШУТНИ, пробај... 3-4 пати имаше позиција за шут, овој ја врати топката. Ќе му отидам у Ниш и ќе му се дерам ШУТ ШУТ !!!

ДИСЦИПЛИНА, ДИСЦИПЛИНА, ДИСЦИПЛИНА, - само тоа ни фали!
 
Член од
31 јули 2008
Мислења
2.065
Поени од реакции
666
И ако загубат Германците и ако загубат Швеѓаните, доколку ние ги тепаме Чесите одиме понатаму.
Само што некако секогаш кога "судбината е во наши раце" ја :гомце:.
Ај, било што било, со среќа понатаму.
Да, али во случај Германциве да победат, пренесуваме само 1 бод во втора фаза
 
Член од
27 ноември 2007
Мислења
30.970
Поени од реакции
73.960
Ајде бе доста го браните, еднаш никој не дава критика.
Па ако му играат фластер зошто шутира цело време????
Утнувате да кажете за кои удари му замеруваат сите.
Никој не му замерува што како капитен превзема одговорност, кога немаме никаква идеја во нападот, кога имаме пасивен напад туку го критикуваме за тоа што стварно заслужува.
Да oбјаснам:
Имаме играч повеќе, предност, се крши натпреварот и треба да имаме сигурни напади.
Само што тргнуваме во напад Кире шутира од тотално неизградена позиција од десет метра, во ситуација кога имаме ЦЕЛ напад и во ситуација во која ако изработиме акција не само што би повеле со повеќе разлика туку и психолошки ќе го утепаме противникот.
Не му е ова прв пат на кире. Не е ова прва утакмица во која се случува тоа, безброј пати се има случено, ама уште нема некој муда да му пререче. Наумче му подвикна вчера ако не се лажам, ама не е тој човекот кој тѕреба да го прави тоа ;)
Кире е играч-тренер во репрезентацијата во моментов.
 

acetetovo

Македонец!
Член од
1 мај 2007
Мислења
4.002
Поени од реакции
2.375
Само последните 10 минути ги гледав и навистина немаме среќа, да влезеа последните топки ќе тепавме со 2 разлика. Али тоа е, Чешка ќе плати!

Напред МАКЕДОНИЈА!!!!
 
Член од
25 септември 2011
Мислења
6.448
Поени од реакции
18.283
Зашто мислам дека шутот на Кире беше гол. Еве гледам на Фб Спортско радио на статус го ставиле тоа.

Според најновите информации, водството на нашата репрезентација можеби ќе поднесе приговор до Е-Ха-Еф поради повреда на правилата на натпреваот со Германија. Дознаваме дека по последниот удар на Лазаров, топката од пречката се одбила зад гол-линијата, а погодок немаше. Сепак, се уште во тек се анализите за спорниот момент.
 
Член од
8 декември 2009
Мислења
2.706
Поени од реакции
2.181
Боде во очи тоа дека последните седум шута му ги одбранија.
„ Не знам зошто тоа го потенцирате. Да, промашував, но во жарот на борбата сакав да дадам гол. Никогаш нема да ги оставам на цедило моите колеги. Јас имам срце и храброст и никогаш нема да се повлечам, туку секогаш ќе шутирам. Таков играч сум јас, не се кријам никогаш“, рече Лазаров.
 
Член од
19 мај 2008
Мислења
1.929
Поени од реакции
500
Златна музика. Да не беше таа после поразот ќе ги оставев моите без половина ентериер.

Сега откако колку - толку се смирив ќе кажам мое мислење. Точно е дека Германците имаа помош од судиите, меѓутоа за поразот сме си криви самите. Не може со промашување на зицери, нереализирани седмерци, давање на втора шанса на противникот по нивни промашувања и без помош од крилата да се победи ниту една репрезентација.

Германија е очајна. И да ја помине групата (што сеуште зависи од нас бидејќи тие немаат шанса во дуелот со Шведска) одговорно тврдам дека понатаму нема да освојат ниту еден бод.

Значи проблемот е кај нас. Манасков МОРАШЕ да ја реализира контрата. Се сложувам дека искуството е значајно во одлучувачки моменти меѓутоа за реализација на контра еден на еден мислам дека не е пресусно.
Кире исто така на крајот потфрли. Очекував дека тој како најискусен, со многу силни мечеви зад себе, нема да направи така наивни грешки, меѓутоа очигледно и тој изгоре во желбата да ја осигура победата. Сепак нема да го критикувам бидејќи да не беше тој во нашата репрезентација ние немаше да бидеме тука.

Потоа морам да искажам максимално разачарување од нашите крила. Ние практично првенството го играме без крила. Стефчо беше солиден само првото полувреме со Шведска. На овој меч беше незабележителен. Темелков освен онаа украдена топка и голот во истиот напад против Шведска не покажа апсолутно ништо цело првенството. Не знам зошто Шундовски не проба со Мојсовски кога веќе очигледно е дека Темелков е изгубен. Барем 5 минути. Всушност денес таков беше случајот со Манасков кој се покажа солидно (ако го заборавиме она промашување кое за жал не се заборава и кое не чинеше пораз).

Исто така головите од втора шанса на противникот скапо не чинеа. Како може секоја одбиена топка да заврши во нивни раце. Тоа сигурно не беше среќа, бидејќи среќата доаѓа еднаш или два пати. Нас тоа ни се случуваше цел натпревар.

Шанса се уште има, меѓутоа мора да се подобрат некои работи, за да нема повторно вакво разочарување. Премногу лесно испуштивме две шанси за победа.

П.С. Нашиве спортисти ми го скратија животот 10 години.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom