Македонија – Германија [17.01.2012, 18:15]

Статус
Затворена за нови мислења.

Prime

Оптимус
Член од
4 јули 2010
Мислења
6.137
Поени од реакции
8.097
пак имаме шанса со 3 бода да одиме понатаму
шведска ако ги тепа двете..ние со чешка да тепаме со три бода одиме таму
не е мн изгубено
надевајте се македонци..можиме никој не е подобар од нас
ќе дојди и нашата среќа..вкрстуваме со многу послаба група
 

Crazy in Love

Here's looking at you kid.
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.859
Поени од реакции
25.413
НЕ МОЖАМ ДА СЕ ПОМИРАМ И ТОА Е!
Стварно играат со срце, никој не смее да зуцне за тоа. НИКОЈ.
Заслужуваат да идат напред, заслужуваат!!!!!!!
Заслужува таа публика!

Стварно ми е криво да ги гледам Германците како се радуваат!!!

И доста зборите за Манасков, џоа вие да бевте, од пола терен голманот со се топка ќе го убутавте внатре.
 

Syn

https://www.youtube.com/watch?v=zBkuNpgACH0
Член од
23 декември 2007
Мислења
30.047
Поени од реакции
45.766
Не планирав пост да напишам на овој дел од форумов, али револтот си го направи своето.

Срамота е да се плука капитенот по овој пораз и по било кој друг пораз, СРАМОТА.
Човекот е предокажан борец и увек максимално се залагал за да ги одбрани боите на оваа земја и да ја оправда тежината на дресот што го носи, реткост се таквите како него, спортски херој е, тука некои пелиштари што ништо не постигнале во животот, а да не зборам за тоа што го направиле за својата земја, земале го плукаат и го вреѓаат, срамота е дури и да објаснувам каква личност се плука ко да нема утре од фаци кои се тешка нула во споредба со него, некои и накај минус тераат.

Зар го заслужува овој однос ? И тоа по еден ваков пораз каде он дефакто не беше главна причина што загубија, секој кој и површно се разбира во ракомет ова би требало да го знае.
Вие го правите саботер, прашањето е, имате ли храброст ова во фаца да му го кажете кога ќе се врати ? Таква можност ќе имате, иако тоа едноставно не го заслужува, еден од малкуте спортски херои кои ги имала оваа земја во нејзината спортска историја.

1. Македонија според мое броење прими минимум 5 голови по одбрана на Диви, вие за Лазаров се фаќате ... ебате ! Ова треба ли да се објасни колку кошта во ракометот ? Поготово во дуел против ( ракоментно ) големата Германија.

2. Промашувањето на Манасков во ракометот е 95% гол, он цел гол промаши, сам, во контра, единствена пречка голманот, ако воопшто и е пречка во ваква ситуација, но ете, целиот гол беше промашен.
Шундо се коцкаше со него, газеше по една многу тенка линија бидејќи овој е млад и доста неискусен и изгоре, и те како изгореа бидејќи со постигнување на гол тука ќе имаа минимум нерешено во џеб, а и прашање е колку германците беа способни под притисок да дадат гол, а и да дадеа, пак ние ќе имавме напад за победа.

3. Зицерите на Наумче и уште еден од спротивната страна, доле десно, кога се кршеше резултатот, и играч повеќе мислам имавме и во двете ситуации, ова Се во последни 10 минути од натпреварот.

Среќа ДОМАЌИНИ сме во Ниш инаку на неутрални терени или терени каде повеќе германци пример има во публика, лесен залак ќе сме и за швеѓаните и за германците. Шундо го читаат ко селски буквар, Лазаров не е во посакуваната форма факт но репрезентации ко Шведска и Германија ( не треба да се објаснува кои се и што се они во ракометот ) играат супер одбрана врз него, знаат од каде доаѓа најголемата опасност и тоа и те како влијае врз играта на Лазаров, aма не, и овој битен детал ќе го занемариме. Једино за пеналите и ја му замерувам али тоа е, спортски рулет, јебига.

Ама ај, ќе се плука по Лазаров, која срамота, која беда човече ...
Разберете, едно е (негативна) критика, никогаш не сум бил против ова, напротив, секој е подложен на истите без разлика на името на дресот , но друго е вреѓање и плукање, и тоа во меч каде вината беше лоцирана на повеќе места во тимов.

Победуваме ко тим и губиме ко тим !

ебате.

п.с. Македонската интернет лешинарска неблагодарна експертиза во иднина, кога Мекејлеб утнал некој клучен кош за нас ( пу пу недај боже ) пред неговата куќа во Њу Орлеанс



п.м.с. ПАЃААТ ЧЕСИТЕ !
 
Член од
20 септември 2008
Мислења
12.773
Поени од реакции
9.896
AAAAAAAAAAAAAAAAAAAAAAAAAAAAAAAAAAAAAAAAAAAAAAAAAAAAAAAAAAAAAAAAAAAAAAAAAAAAAAAAAAAAAAAAAAAAAAAAAAAAAAAAAAAAAAAAAAAAAAAAAAAAAAAAAAAAAAAAAAAAAAAAAAAAAAAAAAAAAAAAAAAAAAAAAAAAAAAAAAAAAAAAAAAAAAAAAAAAAAAAAAAAA
 
Член од
31 јули 2008
Мислења
2.065
Поени од реакции
666
Нема потреба од нервоза, четврток ги тепаме Чесите, Германциве губат од Шведска и сите среќни задоволни :)
 

RocknRolaa

Rafa Para Siempre
Член од
21 февруари 2010
Мислења
6.869
Поени од реакции
9.740
Столе Стоилов вреди злато. Немам зборови за тоа колку е добар и стабилен играч. Секоја му чест. Се надевам ќе добие уште подебел договор или ќе игра за некоја посилна екипа.

Миркуловски го изеде ќотекот за сите. После онакви дуели не знам како ќе се опорави.

Нема да мрчам против дечките, макар што имаа слабости. Ама мајко моја, Шундовски шупелка невидена. Ене што носи човек без авторитет. Се плаши да го повлече Кире кога не му оди, не знае да изгради напад, море нема поим. Се ми се чини дека дечкине сами од себе играат, он сигурно не помага.

Или Червар или Вујовиќ треба да се земе за селектор. Па да видат дечкиве дисциплина. Јас искрено ги изгубив нервите со денешниот пораз и дуелот со Чешка ќе си го дочекам смирено. Што биде, нека биде.
 
Член од
4 февруари 2009
Мислења
7.733
Поени од реакции
7.549
Што е Лазаров крив кога нон-стоп фластер му играа?
Не е Кире Чак Норис па преку тројца голови да лупа.
 
Член од
2 август 2009
Мислења
1.739
Поени од реакции
136
Се надевам не си сериозен?

Најголемиот бот само може да рече дека судиите не зафркнаа.Уште неможам да верувам дека со ваква игра зедовме само 1 бод.
Доколку си го гледал натпреварот ќе видеше дали сум сериозен или не. Значи судењето беше катастрофално и кобно за нас. Почна со многуте исклучувања за нас, а само Жолти картони за нивниот касап Кауфман. Неколку апсурдни судиски одлуки потоа.
_______________________________________________________
Вие другите хејтери слободно плукајте по Кире Лазаров, тие што ги броеја неговите голови денес треба да ги бројат и неговите асистенции!
 
M

Mario Gómez

Гостин
Друго, видовте на крај графиконот !? На десно крило имавме 0/0. Ај да имавме 0/5 посфатливо ќе беше. Ама ова, исто беше и со Шведска !? ВООПШТО не го користиме десното крило... Дури и да е слаб Темелков пак нека проба да се пробие... Незнам што се дешава... :cautious:
Кире не му подава, сите асистенции на Кире се на Стојанче и на левото крило, не на десното(Темелков) што е поблизу до него. Сепак мислам дека треба да се прекине да се критикува Темелков, многу цврста одбрана игра. Штета што веќе се менуваат 3 играчи и нема подлога за Темелков/Златко замена одбрана/напад.
 

karan

бивш поет, плукач, вљубеник во слободата
Член од
31 мај 2006
Мислења
3.595
Поени од реакции
2.719
Нема потреба од нервоза, четврток ги тепаме Чесите, Германциве губат од Шведска и сите среќни задоволни :)
И ако загубат Германците и ако загубат Швеѓаните, доколку ние ги тепаме Чесите одиме понатаму.
Само што некако секогаш кога "судбината е во наши раце" ја :гомце:.
Ај, било што било, со среќа понатаму.
 

Tiveriopol

Струмичанец
Член од
23 декември 2007
Мислења
1.198
Поени од реакции
959
Лазаров денес од 17 шута 7 голови... Немој некој да каже дека не е крив. На двата натпревари форсираше шут. Ајде на првиот натпревар добро го затворија, но денес имаше простор колку што сакаше. Шундовски го остава младиот Манасков кој одигра добро украде една топка и постигна 2/3, сепак 3 шут беше зицер, но сепак според мене требаше во финишот да игра Алушевски. Наумче го нема жив ебаве ѕвездите. Па за нив Стоилов е Меси у пич*у матер.
Значи се разбирам точно дека Лазаров и Мојсовски се најдобри во репрезентацијата, ама не се деца посебно не Лазаров да потпаѓа под атмосферата. Избрзани шутеви, пробивања од Наумче. Како да игравме без крила. Два три шута од крила и тоа е. Немаме разновидност во играта и некако сме заспани во одбраната.
Но сепак да се надеваме дека со Чешка нема да изигруват ѕвезди дека конечно ке се соземат и ке одиграат како што знаат. Да се надеваме на победа ништо друго не ни преостанува. И само да кажам дека денес најдобри кај нас според мене беа Диви, Бранко Анѓеловски(мислам дека се викаше со бр.10) Стоилов и донекаде Миркуловски. Другите сите под своите можности.
 
L

Löwe

Гостин
Очигледно Игор Трпески треба да коментира па да им тргне, па да видам после дали некој ќе се осуди да суди против нас, знаете сите каков убиствен поглед има Игорчо
 
В

Вори

Гостин
Препрочитајте го мојот пост за утакмицава,ќе видите дека не плука и не го вреѓам Лазаров,ако се однесуваа останатите постови за мене.
Го критикувам.А секоја критика е добредојдена,без разлика дали е добра или лоша.
Кога можат еден Меси да го критикуваат после лоша партија,може и Лазаров,а и секој останат спортист во светот.

Кире е најдобар,нема збор тука.Некој рече фластер на него.Да,точно е.Имаше фластер на него,но тогаш кога избрзуваше и кога промашуваше не го чуваше никој.Едноставно сакаше што побрзо да ја заврши работата,што го разбирам секако.Сакаше да ја донесе победата.
Но,еве тогаш вака.Кога ги шутна пеналите и тогаш го чуваа играчи?

Не ме сфаќајте погрешно.Мене Лазаров ми е можеби и омилен македонски спортист,ама глупаво е да викаме дека изиграл добро и да го храбриме,кога не е тоа така.
Кире може многу подобро и знае многу подобро.
 
Член од
7 јануари 2008
Мислења
5.366
Поени од реакции
804
Колку што го критикувате Манасков, толкава критика треба да му удрите на Шундо...

НЕ се остава ДЕТЕ да игра у КЛУЧНИТЕ моменти... Точно дека погоди 2/2 пред тоа, но у клучните моменти МОРАШЕ Стевче да игра, мораше...

Друго, видовте на крај графиконот !? На десно крило имавме 0/0. Ај да имавме 0/5 посфатливо ќе беше. Ама ова, исто беше и со Шведска !? ВООПШТО не го користиме десното крило... Дури и да е слаб Темелков пак нека проба да се пробие... Незнам што се дешава... :cautious:
Тоа и мене не ми е јасно. Намерно не проигруваат со Темелков, совет од тренерот е тоа или во прашање е нешто сосем трето ?
Аман, се здрви цел натпревар, срамота е ниту една топка да не добие. Друго, не треба целата критика да се насочи кон Манасков. Детето има 19години, а ако добро се сеќавам (во еуфорија бев последните 10тина минути и незнам точно) во тој момент кога го промаши голот изведовме полуконтра 3:1. Можеше да ја врати топката и некој друг да шутира..
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom