Македонија – Германија [17.01.2012, 18:15]

Статус
Затворена за нови мислења.

Струмикс

Еден...не го знаеш!
Член од
9 декември 2005
Мислења
13.811
Поени од реакции
3.346
Не плукајте по Кире, тој е оној кој треба да ја преземе одговорноста, ја презема, и - промаши! Лошо ќе беше ако не ја преземеше.
Манасков...детето после ова промашување ќе падне психички, момент е ова што доооолго ќе го прогонува. Ама се случи, а дечкото е талент и ќе биде голем играч како татко му. Сега треба работа со него. И, не ја презеде тој одговорноста, тоа беше контра, и, не искористи зицер.
Да не плукаме по нашите, се бореа со срце, оставија се долу на теренот... и срце, и душа...
Ајде, ќе ги тепаме чесите и одиме понатаму.
 

Кико Д.

ULTRAS - way of life
Член од
26 јануари 2010
Мислења
11.435
Поени од реакции
9.676
Абе шо е Чешка. Многу среќа имаа против швабите и овие немаа свој ден. Само затоа победија чесите, а не се ништо поквалитетни од германците (а да не зборам за швеѓаните). Оптимист сум и се надевам на пласман во следна фаза.
 

Македонец

мразам патетика во натпис
Член од
12 февруари 2007
Мислења
3.928
Поени од реакции
3.813
Луѓе....знаели некој на форумов да каже зошто не играме преку крилата???????????
 
В

Вори

Гостин
И ги повлекувам сите зборови за Диви,во афект се искакав за него.Супер бранеше во второто полувреме,ме демантираше комплетно.
Но за жал нашиве не знаеа да ги искористат неговите одбрани.Преспаа буквално.Како да не очекуваа дека нашиов голман ќе одбрани некоја топка.Пет пати се деси иста ствар.Диви брани,нашиве дремат,германциве ја фаќаат топката и даваат гол од поправен.
Ова е една од причините поради кои загубивме денеска.

Другата е слабата реализација.Од десно крило немавме постигнато ниту еден гол.Лево прво Филип Лазаров беше очаен,после Алушевски влезе,ама не може стариот да игра цела утакмица на ниво,иако е прав ѕвер.
Наумче беше отсечен,добро го чуваа швабите.
Стојанче Стоилов е КРАЛ!Не треба да се секираме веќе дали Димовски е повреден или не,секоја почит за Ванчо,ама детево разара.

Трета причина и можеби главна се промашувањата на Кире Лазаров.Во најклучните моменти,кога баш тој требаше да биде најприсебен и најсмирен,избрза со шутевите и непромислените потези и тоа не чинеше два бода.
И првата утакмица грешеше и сега исто така.И ја преземам одговорноста да кажам дека поради нашиот најдобар играч,ние не успеавме да ја совладаме Германија.

Сега знам дека како хиени ќе се нафрлате,али тоа е тоа.И зборувам за досегашниве две утакмици дека беше Кире просечен,а на вторава беше трагичар.Не зборувам генерално.
Разграничете некои работи.
Кире Лазаров е моментално НАЈДОБРИОТ ракометар во Македонија,несомнено.Ама денеска ја укака утакмицата.Факт.

И ако Кире биде херој против Чешка,секако дека ќе го пофалам и ќе речам дека си ја докажа конечно неговата класа.Но сигурно нема да го величам и фалам само него.И успехот евентуален нема да биде само негов.Туку на целиот колектив,на целиот тим,на целата репрезентација.И ќе се радувам на сите.И на Манасков и на Алушевски и на Диви и на Маркоски и на сите.
Исто како што се радував на Илиевски,Антиќ,Бо,Гечевски и останатите,а не само на еден индивидуалец.

Околу промашувањето на Манасков.Ало бре,има само 19 години,игра на Европско првенство против сила како Германија.Даде два гола,еден зицер промаши.
Се случува.Пред таква публика да играш,ти се ствара притисок,па затоа и ја утна детево.
Покажа некои способности,да биде барем 70 посто како татко му,ќе имаме страшен играч во репрезентација.И не го плукајте ве молам.Исто како и Дамјан против Русија,така и Манасков.
Зошто Македонија не изгуби ради тој промашен гол,Македонија повеќе изгуби поради промашените пенали на капитенот и слабата негова реализација.

Публиката денеска беше феноменална.За разлика од минатиот пат,беа многу многу подобро.Грмеа.Алал им вера.Е така се бодри репрезентација.Се надевам дека и со Чешка ќе биде таква атмосферата.

А во четврток мора да победиме и ќе победиме.Прекипено ни е од минативе две утакмици,ќе се истуриме на чесите.И време е!
Една победа и после нема никој да не запре.

ЗА КОГО?ЗА МАКЕДОНИЈА!
 
M

Mario Gómez

Гостин
A се гледа дека и Шведска и Германија не имаат проучувано до максимум. Мојсовски и Миркулоски неможат да мрднат.
 

macko i

Локален шериф
Член од
8 јуни 2011
Мислења
2.821
Поени од реакции
1.574
Абе со ваква игра и себичност ќе го јадеме од Чешка
 
Член од
10 ноември 2011
Мислења
10
Поени од реакции
3
vo cetvrtok e golem den , VODICI , gospod kje bide so nas , kje gi pobedime cesite i bidete malce pozitivni , dosta so tie negativnosti ovoj onoj e kriv SITE SE KRIVI , i SITE SE HEROI za vas , sport e ova , glavata gore ideme na pobeda protiv cesite i se nadevam deka nema da imame sudiska nepravda kako denes
 
P

PewDiePie

Гостин
Глава ме заболе. :facepalm:

Уфффф тежок пораз,подобро со 5-6 разлика да не победеа отколку вака,цц се испоебавме сами.

АЈ У ПИЧКУ МАТЕРИНУ !
Многу се разочарав.

Браво за Стоилов и Манасков,можеше херој да биде,не било пишано. Тој дебилот на конта место да повлече само тој му ја дава на детето :tapp:

Лазаров,ах бе Лазаров ах бе Лазаров.
Незнам може и ние многу очекувавме од него,незнам разочара до сега. Пенали никако да шутира,никако !

За со Чешка ако не извади го ставам на аватар.

Не смееме уште сега да испаднеме бе нееее,толку еуфорија доверба,сплотеност ПА ПИЧКА МУ МАТЕР......цццц


Мора да ја тепаме Чешка,незнам како,незнам со која игра и кој тренер ама мора да ја тепаме.
 

zee German

mpkfa
Член од
12 август 2009
Мислења
6.437
Поени од реакции
6.085
Некој да ми објаснит , подобар лев бек од Филип Лазаров немаме ???

Што се случи со Раде Стојановиќ после светското 2009 ? (после инцидентот со Темелковски)
 

Riken

the power of imagination makes us infinite
Член од
9 декември 2008
Мислења
12.811
Поени од реакции
30.691
Според мене најголем виновник за поразов е Шундовски.
За прв пат Македонија да има повеќе време со играч повеќе и да не направи ништо, да не ги користи шансите и како капак на се примање на голови од 12 метри со играч повеќе.
Можеше слободно да игра фластер на Кауфман во тие ситуации, 90% од головите им се од над 9 метри.
За Кире не коментирам, многу пати сме се ваделе на него и жално е да се плука по него.
После едно нерешено, еден пораз мора да следува и една победа.
Чешка мора да падне.
 
M

Mario Gómez

Гостин
Луѓе....знаели некој на форумов да каже зошто не играме преку крилата???????????
Мислиш на Темелков ака мистер стекај у базата? За него треба да се измисли нова позиција, незнам кој тренер кога бил малечок го насочил да е крило. Ама битно за во лигата у Лексембург ѕвер е. Ѕвонко трапатонко е крив шо не го става Златко у игра. Мада сфаќам дека Темелков е добар у одбрана и дека појше од 3 играчи не се ротираат напад-одбрана. А никогаш нема да му простам за Раде Стојановиќ, бомбардерот наш. :( Ќе ги раскапаше.
 
Член од
4 април 2006
Мислења
9.179
Поени од реакции
3.073
Njemačko slavlje u makedonskom Nišu
Mišo Gulić
utorak, 17.01.2012. 20:10

Prepuna dvorana i velika podrška navijača Makedoncima ipak nisu bili dovoljni da "šokiraju" još jednog europskog rukometnog velikana, reprezentaciju Njemačke, koja je slavila s tek jednim golom viška postignutim 40-ak sekundi prije kraja.
Izuzetno neizvjesnu i borbenu utakmicu gledateljima su priuštili rukometaši Makedonije i Njemačke, o čemu najbolje svjedoči podatak kako nijedna momčad, ni u jednom dijelu susreta, nije imala vodstvo veće od tri zgoditka. Na kraju slavlje Nijemaca i tuga dupkom ispunjene dvorane koju je očekivano okupirao velik broj Makedonaca.
Nisu se Makedonci ni snašli, a već su gubili s 0:3, no potom Lazarov preuzima stvari u svoje ruke i svoju reprezentaciju dvama golovima, uz jedan Stoilova, vraća u egal.
Sjajno je u tim trenutcima izgledao Lazarov koji je već do 14. minute postigao četiri zgoditka te svoju momčad držao uz bok Nijemcima za koje je pakKaufmann u tom periodu zabio jedan manje.
Golom Mojsovskog sredinom prvog dijela Makedonija je prešla u minimalno vodstvo (8:7), da bi potom Markoski i Jonovski zaradili po dvije minute kazne, ali briljantan je u tim trenutcima bio vratar Ristovski koji je i u situaciji šest na četiri spašavao svoju momčad.
Imali su Makedonci potom nekoliko sjajnih prilika za ostvariti i uvjerljivije vodstvo, no razbranio se s druge strane i Lichtlein, a kako ni Nijemci nisu znali iskoristiti odličnu vratarsku rolu, u samu završnicu prvog dijela krenulo se s izjednačenih 9:9.
Pet minuta prije kraj prvog dijela, golovima Pfahla i Theuerkaufa, Nijemci bježe na plus dva (9:11), ali nevjerojatno požrtvovni i borbeni Makedonci odgovaraju preko Stoilova i Alušovskog. Do kraja poluvremena još Christophersenpogodio za Njemačku, a deset sekundi prije kraja Stoilov svojim četvrtim golom postavlja konačnih 12:12.
Nova tri gola Lazarova na otvaranju drugog dijela omogućila su Makedoncima blagu rezultatsku inicijativu (17:15) i priliku da to vodstvo dodatno povećaju, međutim tada ponovno ulaze u seriju brzopletih rješenja, što Nijemci koriste za potpuni povratak (17:17).
Naredne minute ponudile su igru gol za gol, a obje momčadi su morale proliti itekako mnogo znoja za svaki postignuti zgoditak, da bi u posljednjih deset minuta susreta Nijemci ušli s golom viška (19:20).
Dvije minute kazne za Roggischa (treće isključenje) omogućile su Mojsovskom da svojim novim golom ponovno stvari vrati na početak, a nakon čudesne reakcije makedonskog vratara Makedoncima prednost ponovno donosi Stoilov (21:20). Nijemci odmah izjednačuju, a potom Makedonci ne koriste čak tri udarca u jednom napadu, od čega je jedan bio i sedmerac kojeg je Lazarovu obranio njemački vratar.
Četiri minute do kraja za Njemačku pogađa Kaufmann, ali odmah uzvraćaManaskov za novu makedonsku prednost. U tim trenutcima vladalo je neopisivo ludilo u niškoj dvorani, čak i oni neutralni nisu bili ravnodušni na sva zbivanja na terenu, a pred posljednje dvije minute, nakon gola Nijemaca semafor je pokazivao 23:23.
Makedonci potom ne koriste kontru, dok s druge strane s krila zabijaGensheimer pa se prednost u posljednjoj minuti seli na njemačku stranu (24:23). Pokušao je Lazarov u posljednjim sekundama svojoj momčadi donijeti barem bod, ali njegov udarac je odsjeo na gredi, što je označilo početak velikog slavlja Nijemaca na centru igrališta.
Prvo ime kod pobjedničke momčadi je bio Kaufmann sa šest golova, dok je kod Makedonaca Lazarov zabio sedam, a Stoilov šest.
Za komentiranje članaka morate biti prijavljeni kao član Sportnet Kluba. Prijavite se!
  • Zvrx danas u 20:39
    Kapa do poda Makedoncima! Veliki borci i vrlo simpatična reprezentacija. Poslije naše u svim športovima navijam za mekedonsku reprezentaciju. Naprijed Makedonci! Sretno u nastavku turnira! Zagreb navija za vas, i zbog "našeg" Kire i zbog toga što ste nam vrlo simpatični!​


    +16
  • vidobista danas u 20:35
    nekolku casa pred natprevarot IHF gi menuva sudiite? sepak NAPRED MAKEDONIJA <3​


    +13
  • zmaj_sb danas u 20:32
    "...o čemu najbolje svjedoči podatak kako nijedna momčad, ni u jednom dijelu susreta, nije imala vodstvo veće od dva zgoditka. Na kraju slavlje Nijemaca i tuga dupkom ispunjene dvorane koju je očekivano okupirao velik broj Makedonaca. Nisu se Makedonci ni snašli, a već su gubili s 0:3..." tko je tu... [cijeli komentar na forumu]


    -13
  • blueman danas u 20:32
    šteta za Makedonce, strašan je to narod... Nevjerovatni su, pokazali su da znaju, ali .eb ga kad nemaš sreće​
 
Член од
13 септември 2011
Мислења
143
Поени од реакции
469
Супер играат, да се живи и здрави.
Криво ми е за 2 пенали, 1 зицер, топката на Ангелов (му ја даде во раце..некако многу детски), 6 топки одбранети и во нивна рака..
Супер играчи, посебно добра комбинација беше Миркуловски-Стоилов.. ги растурија.
Околу судиите - малку навистина им пуштија во прво полувреме (требаше порано да почќнат да им вадат играчи). Инаку, на крајот, ние направивме ЧИСТ фаул во напад и пак ни ја дадоа топката.. некако пробуваа да изедначат. Сѐ на сѐ, можевме повторно да победиме.. навистина тажно!

Инаку, Шведска +6 со Чешка моментално.. интересно!
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom